ЦРВЕНКОВСКИ, Стево

ЦРВЕНКОВСКИ, Стево (Скопје, 18. Ⅲ 1947 – Скопје, 2. Ⅱ 2004) – филмски и телевизиски режисер, политичар. Дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Бел-град. Бил вработен во „Вардар филм“, каде што извесен период бил директор на оваа продуцентска куќа. Реализирал поголем број документарни програми за ТВ Скопје, неколку документарни… Continue reading ЦРВЕНКОВСКИ, Стево

ЦРВЕНОВ, Илија

ЦРВЕНОВ, Илија (Велес, 26. Ⅶ 1937 – Скопје, 15. ⅩⅠⅠ 1997) – оперски певец, баритон. Завршил Виша педагошка школа во Скопје. Пеење учел кај проф. К. Трпков. Во Операта на МНТ бил ангажиран од 1967 до 1993 г. Остварил околу 40 поголеми и помали улоги, од кои позначајни се: Алфио (Кавалерија рустикана), Валентин (Фауст), Амонасро… Continue reading ЦРВЕНОВ, Илија

ЦРВЕНОВ, Марин

ЦРВЕНОВ, Марин (Велес, 3. Ⅱ 1945) – балетски играч и педагог. Својата балетска наобразба ја добива во Балетското училиште во Скопје, во класата на Р. Пакашки. Престојува на специјализација во Москва (1975–1977). Првенец на Балетот при МНТ (1962–1990). Играч со сигурен и хармоничен танц во креирањето на улогите и како партнер. Покрај со танчарство, се… Continue reading ЦРВЕНОВ, Марин

ЦРВИ, МАЛУЧЕТИНЕСТИ

ЦРВИ, МАЛУЧЕТИНЕСТИ (Олигоцхаета) – црви што на телото имат мал број четинки, според кои го добиле името (олигос гр. = малку; хети = четинки). Живеат во копнени води и во влажни почви. Имаат силно издолжено цилиндрично тело со различни димензии. Во Македонија се познати 139 таксони малучетинести црви, од кои 39 се ендемични. Во Охридско… Continue reading ЦРВИ, МАЛУЧЕТИНЕСТИ

ЦРВИ, МНОГУЧЕТИНЕСТИ

ЦРВИ, МНОГУЧЕТИНЕСТИ (Полѕцхаета) – црви со голем број четинки (хети), по што и го добиле името. Се карактеризираат со присуство на параподии – зачетоци на членковидни екстремитети на трупните сегменти. Познати се окоМногучетинест црв лу 5.300 видови, претежно морски претставници, групирани во три реда: слободни полихети, прицврстени полихети и мизостоми. Во Македонија познат вид е… Continue reading ЦРВИ, МНОГУЧЕТИНЕСТИ

ЦРВИ, ПРСТЕНЕСТИ

ЦРВИ, ПРСТЕНЕСТИ (Аннелида) – мекотели со прстенеста градба на телото. Постигнале висок степен на развиток и големо совршенство во телесната организација. Најчесто имаат издолжен црвовиден облик на телото, снабдено со различни израстоци што служат делумно за движење, а де-Прстенест црв лумно како сетилни органи. Некои се хранат со ситни животинки, а некои со органски материи… Continue reading ЦРВИ, ПРСТЕНЕСТИ

ЦРВИ, СПЛЕСКАНИ

ЦРВИ, СПЛЕСКАНИ (Платхелминтхес) – црви со лентовиден или листовиден облик на телото, со димензии од неколку до 10 мм. Познати се преку 15.000 видови. Некои живеат слободни, а други како паразити. Во Ма-Сплескан црв кедонија овој тип без’рбетни животни се претставени со 85 видови, од кои 35 се ендемични. Поделени се во три класи: трепчести… Continue reading ЦРВИ, СПЛЕСКАНИ

ЦРВИ, ЦЕВЧЕСТИ

ЦРВИ, ЦЕВЧЕСТИ (Нематхелминтхес) – црви со разновиден облик и големина на телото. Целото тело им е покриено со дебела покривка (кутикула), под која, наместо епител, се наоѓа слој од зрнеста протоплазма (хиподерма). Во Македонија Цевчест црв (нематода) има 613 видови цевчести црви. Тие се подредени во две класи: ротатории (Ротаториа) и нематоди (Нематода). Ротаториите се… Continue reading ЦРВИ, ЦЕВЧЕСТИ

ЦРЕША

ЦРЕША (ЦРЕШНА) . (Прунус авиум Л.) – плод и родно стебло. Во РМ е застапена со 140.000–150.000 родни стебла и со принос од 3.000–4.000 т. Последниве три години (2004– 2006) се забележува зголемување на бројот на родните Цреши стебла (150.000– 160.000), како и на приносот (4.000–5.000 т). Се појави интерес за подигање производни насади со… Continue reading ЦРЕША

ЦРЕША, ДИВА

ЦРЕША, ДИВА .(Церсус авиум Моенцх., Прунус авиум Л., фам. Росацеае) – евроазиски вид. Големо дрво со широка, пирамидална круна, листовите се издолжено елип-Диви цреши тични, цветовите бели, врз долги дршки, а плодовите црни, ситни цреши, со горчлив вкус. Во РМ има општа распространетост како единечна примеса во дабови и во букови шуми. Ал. Анд. Црешовото… Continue reading ЦРЕША, ДИВА

ЦРЕШОВО ТОПЧЕ

ЦРЕШОВО ТОПЧЕ (1903) – дрвени топови (од комитетите на ТМОРО наречени пропагандни), изработувани непосредно пред и во текот на Илинденското востание. Димензии: должина од 80 до 150 цм, тежина 20–70 кг, калибарот, во зависност од муницијата, главно колку ѓуле од селски кантар или рачна бомба од битолската бомболеарница. Биле зацврстени со железни обрачи и поставувани… Continue reading ЦРЕШОВО ТОПЧЕ

ЦРКВЕНИ ЛИВАДИ

ЦРКВЕНИ ЛИВАДИ (с. Враништа) – наколна населба од енеолитскиот период, лоцирана на утоката на р. шум во Црни Дрим. Од материјалната култура – се откриени колци од платформите на кои се наоѓале куќите, груба сива керамика (тави за риба, долги кремени ножеви и стрелки, харпуни, шила и игли од рог на елен) карактеристична за рибарските… Continue reading ЦРКВЕНИ ЛИВАДИ

ЦРКВИШТЕ ДЕМИР КАПИЈА

ЦРКВИШТЕ ДЕМИР КАПИЈА – една од најзначајните средновековни некрополи во поширокиот регион. Таа припаѓа на популацијата од градот Просек, сместен над Демиркаписката Клисура. Врз урнатините на ранохристијанската базилика била подигната средновековна црква со пространа некропола од повеќе стотини гробови. Гробовите се или слободно вкопани, обележани со по некој камен, ретко и дрвени штици или од… Continue reading ЦРКВИШТЕ ДЕМИР КАПИЈА

ЦРКВИШТЕ, ОРИЗАРИ

ЦРКВИШТЕ, ОРИЗАРИ – депо со скапоцености од ⅩⅣ в. откриено на 4 км североисточно од Кочани, најдено во 1956 г., под подот во северозападниот агол на еднобродната црквичка, сместено во јужниот дел од средновековната некропола (Крушарски Рид, Оризари – Кочани). Депото се состои од пехар и три чифта наушници од злато (позлата) богато украсени со… Continue reading ЦРКВИШТЕ, ОРИЗАРИ

ЦРКВУЛЧЕ, С

ЦРКВУЛЧЕ, С. ТРПЕЈЦА – пештерна црква во близина на „Св. Богородица Заумска“ во правецот кон манастирот „Св. Наум“. хитектурата, посредно дефинирајќи и постулати од националниот стил во македонската архитектура на ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в. Континуирано се развива и во периодот меѓу двете светски војни, со изградба на разни спомен-цркви, споменкапели и костурници. К. Гр. Учесниците… Continue reading ЦРКВУЛЧЕ, С

ЦРКОВНИ ОПШТИНИ НА МПЦ ВО РХ

ЦРКОВНИ ОПШТИНИ НА МПЦ ВО РХ (1993) – верско организирање на Македонците во РХ. Како прва црковна општина на МПЦ била Македонската православна црковна општина „Св. Злата Мегленска“ (Загреб, 1993), а потоа биле основани МПЦО „Св. Јоаким Осоговски“ (Пула, 1996) и МПЦО „Св. Наум Охридски“ (Сплит, 1996). МПЦ назначила постојан свештеник во РХ во црквата… Continue reading ЦРКОВНИ ОПШТИНИ НА МПЦ ВО РХ

ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО

ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО – обемен и еден од позначајните делови од целокупната архитектонска продукција во Македонија. Се однесува главно на христијанските православни храмови. Како продложувач на традицијата на поствизантсикото црковно градителство во Македонија, во периодот на ⅩⅠⅩ в. доживува интензивен развој и трансформации. На тој начин учествува во создавањето на преродбенскиот стил во ар-ЦРКОВНО-НАРОДНИ СОБОРИ на… Continue reading ЦРКОВНО ГРАДИТЕЛСТВО

ЦРКОВНО-УЧИЛИШНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЦРКОВНО-УЧИЛИШНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА – посебни црковно-просветни и општествени институции, уште од времето на создавањето на првите христијански црковнорелигиозни општини. Во Охридската архиепископија била зачувана нивната извесна црковноопштествена самоуправа во регулирањето на религиозно-просветните, брачно-семејните, имотно-наследните и др. дела. Со укинувањето на Охридската архиепископија (1767) нејзините епархии и црковни општини потпаднале под јурисдикцијата на Цариградската патријаршија.… Continue reading ЦРКОВНО-УЧИЛИШНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЦРНА АРАПИНА

ЦРНА АРАПИНА – негативен лик во епските народни песни, синоним за црнци во македонското народно творештво, особено во епската народна поезија; сложен лик со митски и историски елементи. С. Мл.

ЦРНА РАКА

ЦРНА РАКА“ – албански заштитен комитет (1943–1944), фашистичка организација формирана од Германците. Дејствувала за ширење омраза спрема Македонците, нивно убивање (посебно на видните личности) и протерување од окупираниот Западен дел на Македонија. Претседател на организацијата бил Имет Лимани. Извршувала и разузнавачка дејност за собирање информативни податоци за движењето и силата на македонските партизански единици. Расформирана… Continue reading ЦРНА РАКА

ЦРНА РЕКА

ЦРНА РЕКА – десна притока на р. Вардар. Извира во Демир Хисар кај с. Железнец, на височина Црна Река вкупниот пад изнесува 631 м. Изворот го сочинуваат 5 поголеми карстни извори, меѓу кои позначајни се Црна Дупка и Под Куќа, а изворишниот дел се наоѓа во североисточниот дел на Церско Поле, под планините Баба СачContinue reading ЦРНА РЕКА

ЦРНИ ДРИМ

ЦРНИ ДРИМ – река што истекува од Охридското Езеро кај Струга, тече низ северозападниот дел на Охридско-струшката Котлина и кај селото Ташмаруниште влегува во Дримколската Клисура. Од излезот на клисурата влегува во Дебарската Котлина, а западно од селото Спас, на кота од 476 м, ја напушта територијата на РМ и влегува во Албанија. На делницата… Continue reading ЦРНИ ДРИМ

ЦРНО СЕМЕ

ЦРНО СЕМЕ“ – игран филм, ед-но од најзначајните остварувања во македонската кинематографија. Снимен во 1971 г., според истоимениот роман на Т. Георгиевски, во режија на Кирил Ценевски. Дејството е лоцирано во времето на Граѓанската војна во Грција (1946). Потресните сведоштва за невидените тортури врз групата грчки униформирани војници од македонско етничко потекло добиваат во строгата… Continue reading ЦРНО СЕМЕ