ХАЏИЕВСКИ, Драган

ХАЏИЕВСКИ, Драган (Галичник, 5. Ⅶ 1928) – геофизичар, ред. проф. (1981) на ПМФ. Дипломирал на Филозофскиот факултет на Групата за физика (1957) и геофизика на ПМФ во Загреб (1961). Докторирал (1978) на ПМФ во Загреб со тема за физичките карактеристики на земјотресното жариште. Специјализирал во Загреб и во Москва. Одржувал постдипломска настава на ИЗИИС и… Continue reading ХАЏИЕВСКИ, Драган

ХАЏИЗДРАВЕВ, Никола

ХАЏИЗДРАВЕВ, Никола (Прилеп, 4. Ⅷ 1909 – Скопје, 25. Ⅺ 1970) – лекар, епидемиолог-микробиолог. Медицина завршил во Белград (1934), а потоа работел приватно до 1940 г. Бил партизански лекар и командант на Медицинско-санитетскиот баталјон на 48-та македонска ударна бригада. По војната (до 1949) бил командир на Антималаричната чета на Петтата армиска област. Во 1950 г.… Continue reading ХАЏИЗДРАВЕВ, Никола

ХАЏИЈАНЕВ, Трифун

ХАЏИЈАНЕВ, Трифун (Воден, 1893 – логорот Хајдари, 1. Ⅴ 1944) – револуционер и комунист, основач на Социјалистичката партија во Егејскиот дел на Македонија и еден од организаторите на Воденската партиска организација на КПГ. Бил репресиран од грчките власти. Во 1944 г. бил ликвидиран од Германците, заедно со уште 200 комунисти во затворот Хајдари, близу до… Continue reading ХАЏИЈАНЕВ, Трифун

ХАЏИКОНСТАНТИНОВ-ЏИНОТ, Јордан

ХАЏИКОНСТАНТИНОВ-ЏИНОТ, Јордан (Велес, ок. 1818 – Велес, 29. Ⅷ 1882) – македонски книжевен, просветен и културнонационален деец. школувањето го започнува во родниот град, а го продолжува во Самаков и во грчката гимназија во Солун. Работи како учител, применувајќи нови наставни (ланкастарски) методи и го воведува народниот јазик во наставата. Учителствува во приватно училиште во ВелесContinue reading ХАЏИКОНСТАНТИНОВ-ЏИНОТ, Јордан

ХАЏИМАНОВ, Васил

ХАЏИМАНОВ, Васил (Кавадарци, 14. И 1906 – Скопје, 16. ⅩⅠⅠ 1969) – етномузиколог. Сестрано образован (студирал на Правниот и на Филозофскиот факултет во Бел-град, магистрирал фармација во Загреб), но тој, сепак, поголемиот дел од својот живот $ го посветил на музиката. Неговиот главен придонес се состои во собирачката дејност. Собрал над 8.000 македонски и 700… Continue reading ХАЏИМАНОВ, Васил

ХАЏИМАНОВ, Зафир

ХАЏИМАНОВ, Зафир (Кавадарци, 12. ⅩⅠⅠ 1943) – автор и интерпретатор на популарна музика, актер. Дипломирал (1967) на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тогаш ја започнал својата естрадна кариера, учествувајќи и добивајќи награди на фестивалиЗафир Хаџиманов те во: Белград, Загреб, Сплит, Скопје, Сопот (Полска), Варадеро (Куба). На филмското платно се јавува како главен протагонист во… Continue reading ХАЏИМАНОВ, Зафир

ХАЏИМИТКОВ, Тодор

ХАЏИМИТКОВ, Тодор (Скопје, 1898 – Скопје, 1987) – ветеринар, прв доктор на ветеринарните науки од Македонија (Загреб, 1934). Работел во Градската ветеринарна служба на Градот Скопје (1941 –1952), директор на Ветеринарниот инспекторатот на Градот Скопје (1952–1962). При фашистичката депортација на Евреите од Македонија (1943) има засолнато и спасено едно еврејско семејство. Неговото име, како добротвор,… Continue reading ХАЏИМИТКОВ, Тодор

ХАЏИНИКОЛОВ, Аспарух

ХАЏИНИКОЛОВ, Аспарух (Скопје, 18. Ⅳ 1909 – Скопје, 11. Ⅷ 1980) – музички педагог и композитор. Музика учи во Белград. Наставник и хорски раководител ната државна заедница. Од 1945 г. е во Скопје, како шеф на Музичкото одделение во Министерството за просвета, раководител на ансамблот за народни игри и песни „Танец“ и директор на Средното… Continue reading ХАЏИНИКОЛОВ, Аспарух

ХАЏИСКИ, Александар

ХАЏИСКИ, Александар (Струмица, 1947) – писател. Во текот на 1966 г. ја напушта Македонија и три години живее во Франција, а од 1969 се населува во САД. Пишува на англиски. Го објавил премиерно во САД својот прв роман „Бескрајно патување“ (Оклахома Сити, 1981), кој набргу е преведен на српски јазик во Белград и на македонскиContinue reading ХАЏИСКИ, Александар

ХАЏОВ, Иван

ХАЏОВ, Иван (Струга, 1885 – Софија, 1956) – литературен историчар, филолог, просветен деец. Се школувал во Софија, каде што завршил гимназија и словен-ска филологија на Универзитетот „Климент Охридски“. Престојувал во Австрија, Германија и Хрватска. Учествувал во работата на Македонскиот научен институт во Софија. Објавил бројни написи од областа на литературната историја, лингвистиката и методиката. Автор… Continue reading ХАЏОВ, Иван

ХАШКИ ТРИБУНАЛ ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА

ХАШКИ ТРИБУНАЛ ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА. Основан е со Резолуцијата 827 на Советот за безбедност на ОН (25. Ⅴ 1993) како меѓународна правосудна институција која има надлежност да суди на лица за кои постои основано сомневање дека имаат извршено воени злосторства и злосторства против човештвото, но и злосторства против мирот, на територијата на СФРЈ, од почетокот… Continue reading ХАШКИ ТРИБУНАЛ ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА

ХАШОМЕР ХАЦАИР

ХАШОМЕР ХАЦАИР“ (Младиот стражар) (1921–1943) – еврејска младинска прогресивна организација во Македонија. Била активна во сите поголеми центри во Македонија со еврејско население. Во Штип кенот имал околу 30 членови, го раководител Аврахам-Алберто Барух Цион (1921– 1943). Во Битола бил основан кен со околу 400 членови (1931), со седиште во просториите на еврејското училиште „Ла… Continue reading ХАШОМЕР ХАЦАИР

ХЕЛЕНИЗАМ

ХЕЛЕНИЗАМ (герм. Хеленисмус, термин на историчарот Г. Дројзен според ст. гр. ε′λληνισμο′ ζ – поддржување на хеленскиот начин на живот, прифаќање на хеленската цивилизација, користење на кодифициран ст.гр. јазик – коине). Обележува голема историска епоха во цивилизациска смисла на античките народи на Европа, Азија и Африка. Се нарекува Александризам, според нејзиниот творец македонскиот цар Александар… Continue reading ХЕЛЕНИЗАМ

ХЕЛИЦЕРАТИ

ХЕЛИЦЕРАТИ (Цхелицерата) – членконоги организми без антени. Поседуваат јаки вилици (хелицери) во облик на клешта со кои ја дробат храната. Од овој поттип организми во Македонија се застапени претставници од класата пајаковидни хелицерати (Арацхнида), од која е утврдено присуство на 825 таксони (819 видови и 6 подвидови); од нив, 71 таксон се ендемични (65 видови… Continue reading ХЕЛИЦЕРАТИ

ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА НА ПОЛИМЕРИ

ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА НА ПОЛИМЕРИ. Производството на полимери во Република Македонијае најмасовно од 1960-тите до 1990-тите, а потоа замира и практично не постои, освен некои смоли наменети за лакови и премази. Најголеми производители на синтетички полимери биле „Охис“ – Скопје (основан е 1956 г., произведувал полиакрилонитрилно влакно, 37.000 тони годишно, поливинилхлорид, од 20 до 55.000 т… Continue reading ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА НА ПОЛИМЕРИ

ХЕМИСКА ПРЕРАБОТКА НА ДРВОТО

ХЕМИСКА ПРЕРАБОТКА НА ДРВОТО – дејност што ги проучува и решава проблемите во врска со индустриската преработка на дрвото по хемиски пат, со задача да ги усовршува постојните и да пронаоѓа нови хемиски методи за што поуспешно, потполно и рационално користење на дрвната суровина. Таа опфаќа повеќе значајни технологии за преработка на дрвото, како што… Continue reading ХЕМИСКА ПРЕРАБОТКА НА ДРВОТО

ХЕНРИХ И Фландриски

ХЕНРИХ И Фландриски (1177–1216) – латински император (1206– 1216), син на Балдуин Ⅴ и Маргарита, втор и најуспешен владетел на Латинското Царство, помал брат на императорот Балдуин Фландриски. По заробувањето на Балдуин од Бугарите, во битката Хенри И Фландриски кај Адријанопол (1205), владеел како регент, а по смртта на Балдуин бил крунисан за император. Водел… Continue reading ХЕНРИХ И Фландриски

ХЕРАКЛЕ

ХЕРАКЛЕ – божество што кај Македонците се вика Аротос / Аретос (името се поврзува со македонска глоса со нејасна етимологија), митски родоначелник на Македонците и на македонската кралска куќа. Македонските кралеви (Александар Ⅲ Македонски, Антигон Гонат, Персеј) му принесуваат жртви. Во времето на Александар Македонски го носи епитетот „Пропатор“. Во Ајга е пронајден натпис посветен… Continue reading ХЕРАКЛЕ

ХЕРАКЛЕЈА

ХЕРАКЛЕЈА ЛИНКЕСТИС (Херацлеа Лѕнцестис) – античка градска населба лоцирана на јужната периферија на денешниот град Битола. Основан од Филип Ⅱ (според Ф. Папазоглу) во средината на Ⅳ в. пр. н.е., како важен стратешки пункт за заштита на севе-Дел од археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис ените покраини или, според други научници, од Филип В– како дел од… Continue reading ХЕРАКЛЕЈА

ХЕРЖМАН, Сава

ХЕРЖМАН, Сава (Сава Хеøман) (Рихвалд, Чешка Република, 21. Ⅴ 1926) – славист и балканолог-лингвист и македонист. По завршувањето на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, докторирал по филозофија и се вработил на својот факултет ис-тражувајќи го развитокот и стабилизацијата на стандардните јазици. Учествувал на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во ОхридContinue reading ХЕРЖМАН, Сава

ХЕРКУЛЕ

ХЕРКУЛЕ – патна станица од римско време, забележана на Табула Појтингеријана (Ⅲ–Ⅳ в.), на делницата од патот помеѓу Скупи и Стоби. Се наоѓала помеѓу станиците Финес и Пресидио. Се лоцира на локалитетот Бела Вода (Велешко), каде што се среќаваат остатоци од керамика, мермер, траги од стар водовод и монети.