НЕОС ДРОМОС

„НЕОС ДРОМОС“ („Нов пат“) (Ташкент, СССР, 1956–) – весник, орган на македонската и на грчката емиграција од Грција во Советскиот Сојуз, на грчки јазик и со една страница на македонски. Бил подготвуван од политичкото раководство на бегалците и растуран во сите центри каде што биле сместени. С. Мл.

НЕПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА

НЕПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА – болести што се предизвикани од: климатски (недостиг на светлина, екстремни температури, радијација, неповолна влажност итн.) и едафски фактори (недостиг или вишок на минерални состојки, киселост, водно-воздушен режим на почвата и др.), како и од хемизам на околината (прекумерно загадување на воздухот, на водата и на почвата). Овие болести се неинфективни,… Continue reading НЕПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ РАСТЕНИЈАТА

НЕПИСМЕНОСТ

НЕПИСМЕНОСТ – еден од најгорливите општествено-политички и педагошки проблеми на македонското општество. Низа историски, економски, политички и социјални околности придонеле неписменоста да биде постојан придружен проблем на општествениот развој. Непосредно по Ослободувањето, над 60% од населението во Македонија (над 10годишна возраст) било неписмено. Борбата против неписменоста се водела со: (1) организирање аналфабетски курсеви и (2)… Continue reading НЕПИСМЕНОСТ

НЕПОКОРЕН

НЕПОКОРЕН“ (1. Ⅴ 1947 – ав-густ 1949) – весник, орган на Главниот одбор на НОФ, на македонски јазик. Го издавал Главниот оддел за агитација и пропаганда на НОФ, а главен уредник бил Павле Раковски. Првин бил умножуван на шапирограф, а потоа во печатницата на НОФ. Меѓу другото, имал и рубрики „Наша поезија“ и „Историја на… Continue reading НЕПОКОРЕН

НЕРУДА, Пабло

НЕРУДА, Пабло (Пабло Неруда) (Парал, 12. Ⅶ 1904 – Сантјаго, 23. Ⅸ 1973) – еден од најзначајните латиноамерикански поети, Чилеанец, левоориентиран. Објавил многубројни збирки песни, а книжевната дејност ја започнал со љубовна поезија. Но брзо се ориентирал кон социјалната тематика на отворен и борбен из-Пабло Неруда раз со нагласени надреалистички елементи и станал значаен претставник… Continue reading НЕРУДА, Пабло

НЕСТОР, Валентина

НЕСТОР, Валентина (с. Пустец, Мала Преспа, Р. Албанија, 16. Ⅸ 1971) & лекторка по македонски јазик во Тирана. По завршувањето на основното и средното образование во родното место, дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1995) иеизбрана за лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во… Continue reading НЕСТОР, Валентина

НЕСТОР, Нико

НЕСТОР, Нико (Струга, 19. Ⅵ 1934) – пливачки маратонец. Завршил Виша школа за надворешна трговија во Белград (1962). Бил член на ПВК „Охридски бранови“ во Охрид. На републичките првенства во пливање освоил 14 први места и поставил неколку републички рекорди (1948–1967). Се истакнал во пливање на долги патеки на Охридското Езеро (1954–1959) и го препливал… Continue reading НЕСТОР, Нико

НЕСТОРИЦА

НЕСТОРИЦА (Џ–Ⅺ век) – македонски благородник и војсководец од времето на Самуиловото Царство. Пред Битката кај Беласица (1014) царот Самуил го испратил да го нападне Солун, но бил поразен од Византијците. По смртта на Јован Владислав со другите македонски благородници му се предал на византискиот император Василиј Ⅱ. ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И.… Continue reading НЕСТОРИЦА

НЕСТОРОВСКИ, Иван

НЕСТОРОВСКИ, Иван (с. Тресонче, Дебарско, 17. Ⅲ 1921 – Скопје, 17. Ⅱ 1976) – редовен професор на Географскиот факултет – Скопје. Дипломирал и докторирал по геологија на Рударско-геолошкиот факултет во Белград. Покрај педагошката активност на факултетот, каде што држел настава по општа геологија и петрографија, бил еден од пионерите на македонската геологија и многу активен… Continue reading НЕСТОРОВСКИ, Иван

НЕТКОВ, Кочо

НЕТКОВ, Кочо (Скопје, 19. Ⅳ 1924 – Скопје, 18. Ⅹ 2004) – режисер, сценарист и снимател. По периодот кога му беа поблиски жанровските форми на хрониката или журналот, уследи фазата на полна творечка зрелост, забележана по драматичните документарни сведоштва во филмовите „По трагите на катастрофата во Маврово“ или „Скопје, 26. Ⅶ 1963“. Во богатиот опус… Continue reading НЕТКОВ, Кочо

НЕУСПЕХ НА ДРЖАВАТА

НЕУСПЕХ НА ДРЖАВАТА – теорија што тврди дека државата (владата) не е ефикасна замена за пазарните несовршености, односно дека постојаното посочување на т.н. домени на пазарниот неуспех се претвора во алиби за државното инволвирање во економскиот живот, односно во алокацијата на ресурсите. Во современата економска литература се наведуваат бројни домени на неуспехот на државата, кои… Continue reading НЕУСПЕХ НА ДРЖАВАТА

НЕЧЕВ, Трајко Димитров

НЕЧЕВ, Трајко Димитров (Велес, 10. ⅩⅠⅠ 1926) – ветеринар. Докторирал на В. ф. во Загреб (1965). Научен советник и директор на Ветеринарниот институт. Има објавено 98 научни и стручни трудови. Бил иницијатор за издавање и прв главен и одговорен уредник на првото ветеринарно македонско стручно списание „Македонски ветеринарен преглед“. М. Д. – Ј. Б. Љубинка… Continue reading НЕЧЕВ, Трајко Димитров

НЕЧЕВА, Љубинка Иванова

НЕЧЕВА, Љубинка Иванова (Охрид, 25. Ⅳ 1930) – спец. по детска и превентивна стоматологија, редовен проф. на Ст. ф. Хабилитирала во 1972 г. Публикувала 135 статии. Била раководител на научни истражувачки проекти и раководител на Клиниката за детска и превентивна стоматологија. Е. М. Голупка Нечевска-Цветановска

НЕЧЕВСКА-ЦВЕТАНОВСКА, Голупка

НЕЧЕВСКА-ЦВЕТАНОВСКА, Голупка (Кавадарци, 8. Ⅸ 1954) – редовен професор, истражувач во областа на земјотресното инженерство. Основно образование и гимназија завршила во Битола. Дипломирала на Градежниот факултет во Скопје (1978), како најдобар студент. Магистрирала (1983) и докторирала (1991) во ИЗИИС во Скопје. Престојувала на повеќе универзитети во светот. Автор и коавтор е на преку 320 научни… Continue reading НЕЧЕВСКА-ЦВЕТАНОВСКА, Голупка

НЕЧОВСКИ, Петар

НЕЧОВСКИ, Петар (Ресен, 10. Ⅶ 1957) – интерпретатор на македонски изворни и новосоздадени песни. Основно и средно образование и музичко училиште завршил во Охрид, прв степен на Правниот факултет во Скопје и Угостителско-туристички факултет (Група гастрономија) во Охрид. Десетина години работел како организатор во угостителскотуристичките организации во Охрид, а потоа е професионален естраден уметник. Реализирал… Continue reading НЕЧОВСКИ, Петар

НИЗАМОВА

НИЗАМОВА (МУХИЌ), Анастасија (Скопје, 17. Ⅵ 1948) – певица, мецосопран, првенка на Операта на МНТ. Дипломирала солопеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. К. Трпков), а специјализирала во Италија. Дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Ненси во операта Алберт Хе-ринг. Во МНТ е од 1972 г. Таа е носителка на… Continue reading НИЗАМОВА

НИКАНОР

НИКАНОР (Стагира, 360–317 пр.н.е.) – војсководец на Александар Ⅲ Македонски, внук на Аристотел. Бил испратен кај Хелените (324 пр.н.е.) да го пренесе кралскиот проглас со кој се заповедало да им се дозволи враќање на политичките бегалци. Го командувал гарнизонот на Касандар во Минухиј (319 пр.н.е.) и неговата флота на Босфор, каде што бил поразен Клејтос… Continue reading НИКАНОР

НИКЕЈА, ДОЛЕНЦИ, БИТОЛСКО

НИКЕЈА, ДОЛЕНЦИ, БИТОЛСКО – доцноантички кастрон, јужно од Доленци, на егнатискиот пат, 18 км западно од Хераклеја Линкестидска (Таб. Пеут. Ⅳ, 1: Нициа). Фортификациската рамка на тврдината (Цастра, Паремболе), со димензии 125 х 122 м, со 10 потковичести и 4 кружни кули, била оформена во раниот Ⅳ в.н.е. Во периметарот е откопан дел од голема… Continue reading НИКЕЈА, ДОЛЕНЦИ, БИТОЛСКО

НИКЕЈСКО ЦАРСТВО

НИКЕЈСКО ЦАРСТВО (1204– 1261) – создадено во Мала Азија по паѓањето на Цариград под власта на крстоносците (1204). Го основал Теодор И Ласкарис (1204– 1222). Седиштето на Цариградската патријаршија било пренесено во Никеја. Новата држава ги задржала византиските институции и станала легитимен наследник на Византиското Царство. Најголем подем бил постигнат во времето на владеењето на… Continue reading НИКЕЈСКО ЦАРСТВО

НИКЕТИЌ, Божидар

НИКЕТИЌ, Божидар (Сремска Каменица, Србија 18. Ⅱ 1899 – Скопје, 18. Ⅲ 1963) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф., еден од првите 19 наставници на новоформираниот Мед. ф. во Скопје, шеф на Катедрата и прв директор на Невропсихијатриската клиника. Успеал од скромното Психијатриско одделение да формира современа Клиника за невропсихијатрија, воведувајќи современи методи на… Continue reading НИКЕТИЌ, Божидар

НИКИФОРОС, Грегорас

НИКИФОРОС, Грегорас (ⅩⅣ век) – византиски дипломат и историчар. Патувајќи во дипломат-ска мисија на дворот на Стефан Дечански и поминувајќи низ тешкопроодни краишта околу реката Струма, слушал како неговите сопатници Словени пеат некакви тажни песни (трагика мели) за херојските подвизи на своите народни јунаци, што е сведоштво за народната епска традиција пред познатите циклуси, создадени… Continue reading НИКИФОРОС, Грегорас

НИКО НЕСТОР , Средно општинско училиште, Струга

„НИКО НЕСТОР“, Средно општинско училиште, Струга – основано во 1950 г. како средно стручно занаетчиско училиште. Во учебната 1965/1966 г. се трансформира во средно градежно, а од 1979 г. се соединува со Гимназијата во ЦСО „Нико Нестор“ што подоцна се преименува во ДСУ. Учениците се оспособуваат за профилите: градежни техничари за нискоградба, за високоградба и… Continue reading НИКО НЕСТОР , Средно општинско училиште, Струга

НИКОВ, Бошко

НИКОВ, Бошко (Кратово, 1946) – инженер металург и стручњак за заштита на животната средина. Се школувал во Скопје, каде што и дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Магистрирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1980), а докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1995). Кратко работел на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, а потоа во МХК „Злетово“ во… Continue reading НИКОВ, Бошко

НИКОВСКИ, Ристо

НИКОВСКИ, Ристо (Ресен, 13. Ⅴ 1942) – дипломат од кариера. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1971). Работел како трет секретар на амбасадата на СФРЈ во Пекинг (1972–1976); прв секретар на амбасадата на СФРЈ во Хавана (1977– 1981); советник на амбасадите на СФРЈ во Куала Лумпур (1986–1988) и во Џакарта (1986–1988); вонреден и ополномоштен амбасадор… Continue reading НИКОВСКИ, Ристо