НЕРУДА, Пабло

НЕРУДА, Пабло (Пабло Неруда) (Парал, 12. Ⅶ 1904 – Сантјаго, 23. Ⅸ 1973) – еден од најзначајните латиноамерикански поети, Чилеанец, левоориентиран. Објавил многубројни збирки песни, а книжевната дејност ја започнал со љубовна поезија. Но брзо се ориентирал кон социјалната тематика на отворен и борбен из-Пабло Неруда раз со нагласени надреалистички елементи и станал значаен претставник на ангажираната поезија. Поемата Шпанија во срцето (1937) им е посветена на напредните сили на републиканска Шпанија. Најважно му е делото Сеопшта песна (1950). Во него авторот со најголем занес пее за минатото и за сегашноста на Јужна Америка и со огорченост над судбината на народот. Во 1970 ја добил Нобеловата награда за литература, а во 1972 Златниот венец на СВП. БИБ.: Песни на залезот, 1923; Дваесет песни за љубовта и една за очајот, 1924; Сто љубовни сонети, 1960. ЛИТ.: Матеја Матевски, Поезијата на Пабло Неруда, „Поезија“, ЗИД-НМ, 1972. П. Гил. Валентина Нестор