МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА – широколисни Организирано масовно шини во длабоки долови со висока возшуми и неутрофилно-слабоаципошумување на опожарените шуми душна влага, во сливот на Кадина Река, Бабуна, Тресонечка Река, Голак и др. б. сојуз Лузуло-Фагион моесиацае Б. Јов. 1976 – ацидофилни букови шуми. –ас. Лузуло-Фагетум мацедоницум Ем 1976 – широко распространета заедница на Осоговските, Малешевските Планини и… Continue reading МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНИЈА“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Сиетл, Вашингтон, САД, 2. Ⅴ 1930 – ?) – организација на македонски доселеници, главно од Егејскиот дел на Македонија. Една од дејностите била да работи на зближувањето на Македонците од поделена Македонија. Имала и Женска секција. Сл. Н.-К.

МАКЕДОНИЈА – географска – планинско-котлинска територија на Балканскиот Полуостров

Македонија, географска – планинско-котлинска територија на Балканскиот Полуостров. Го зафаќа средишниот дел на Полуостровот и широко излегува на Егејското Море и на Солунскиот Залив. На север е заградена со шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и со Рила, а на југ со реката Бистрица и со брегот на Егејското Море до утоката на реката… Continue reading МАКЕДОНИЈА – географска – планинско-котлинска територија на Балканскиот Полуостров

МАКЕДОНИЈА – етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот

МАКЕДОНИЈА – етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот. Името Македонија го наследила од името на истоимената античка држава на Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски. Првобитно тоа име се однесувало на мала провинција во Солунското Поле, западно од Вардар. На тој терен е формирана македонската држава со престолнина во Пела. Историчарот ХеродотContinue reading МАКЕДОНИЈА – етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот

МАКЕДОНИЈА – римска провинција

Македонија – римска провинција. Основана во 148 г. пр.н.е., откако и во Македонија римскиот легат Квинт Каекилиј Метел во битката кај Пидна го задушил Првото македонско востание под водство на Филип Ⅵ Андриск. Од 27 г. пр. н.е. под сенаторска управа, во периодот од 15 до 44 г.н.е. е под управа на царскиот легат, а… Continue reading МАКЕДОНИЈА – римска провинција

МАКЕДОНИЈА византиска тема

МАКЕДОНИЈА – византиска тема, формирана поради опасноста од Бугарите во времето на царицата Ирина, најдоцна од 802 г., кога првпат се спомнува во изворите. Ја опфаќала Северозападна Тракија со центар Адријанопол. Името го добила по населението што се преселило таму од географска Македонија по словенските напади. Оттаму потекнува и основачот на македонската царска династија Василиј… Continue reading МАКЕДОНИЈА византиска тема

МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење

Македонија во времето на османлиското владеење. Во периодот меѓу Маричката битка (1371) и битката на Ровине (1395) Македонија целосно потпаднала под османлиската власт. Во новото политичко уредување христијаните станале граѓани од втор ред и не ги уживале истите права како и муслиманите. Основа на новото уредување бил т.н. тимарско-спахиски систем што се состоел од доделување… Continue reading МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење

МАКЕДОНИЈА во османлискиот период од 60-тите години на ⅩⅠⅩ век до Балканските војни.

Македонија во османлискиот период од 60-тите години на ⅩⅠⅩ век до Балканските војни.   Со преродбенското движење, просветнокултурните и црковните борби по средината на ⅩⅠⅩ в. било апсолвирано прашањето на сопствената национална идентификација на македонскиот народ. Во 60-тите и 70-тите години започнал процесот на револуционерното организирање со појавување и дејствување на заговорнички револуционерни кружоци, понекаде… Continue reading МАКЕДОНИЈА во османлискиот период од 60-тите години на ⅩⅠⅩ век до Балканските војни.

МАКЕДОНИЈА во средниот век

Македонија во средниот век. Во средината на I в. започнало да се шири христијанството. Апостолот Павле основал христијански општини во Филипи, Тесалоника и Верија. Во Ⅵ и поч. на Ⅶ в. се населиле словенските племиња (Верзити, Другувити, Сагудати, Ринхини, Вајунити, Стримонци и др.), кои се измешале со староседелците и од нив ги прифатиле цивилизациските постигања… Continue reading МАКЕДОНИЈА во средниот век

МАКЕДОНИЈА ВТОРА

МАКЕДОНИЈА ВТОРА (МАЦЕДОНИА СЕЦУНДА) – доцноантичка провинција. Северниот дел на Провинцијата Македонија во доцниот Ⅳ в. бил изделен во помала провинција Македонија Салутарис (Мацедониа Салутарис), која подоцна ќе се преименува во Мада). Таа се протегала главно на територијата на некогашните раноантички кралства Пајонија и Пелагонија, областа Девриоп, што значи во Средно Повардарје, средниот и долниот… Continue reading МАКЕДОНИЈА ВТОРА

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС“ – дневен информативно-политички независен весник. Првиот број излегол на 17 септември 1998 г. во Скопје, издавач „МАКДЕН“. Ос-новач и директор Георги Ајановски, прв главен и одговорен уредник Милан Банов. Од 2004 г. Кети Мицковска. Весникот престанува да излегува на 8. Ⅱ 2007 г. Б. П. Ѓ.

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС“ – дневен информативно-политички независен весник. Првиот број излегол на 17 септември 1998 г. во Скопје, издавач „МАКДЕН“. Ос-новач и директор Георги Ајановски, прв главен и одговорен уредник Милан Банов. Од 2004 г. Кети Мицковска. Весникот престанува да излегува на 8. Ⅱ 2007 г. Б. П. Ѓ.

МАКЕДОНИЈА етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот

МАКЕДОНИЈА – етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот. Името Македонија го наследила од името на истоимената античка држава на Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски. Првобитно тоа име се однесувало на мала провинција во Солунското Поле, западно од Вардар. На тој терен е формирана македонската држава со престолнина во Пела. Историчарот ХеродотContinue reading МАКЕДОНИЈА етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот

МАКЕДОНИЈА од Балканските до Втората светска војна (1912–1941)

Македонија од Балканските до Втората светска војна (1912–1941). Првата Балканска војна почнала на 18 окт., а на 4. ⅩⅠⅠ 1912 г. било потпишано примирјето. Македонците се бореле во составот на војските на трите балкански држави. Одредот на Јане Сандански и вооружените чети во заднината на отоманската војска самостојно ослободиле повеќе населени места и организирале своја… Continue reading МАКЕДОНИЈА од Балканските до Втората светска војна (1912–1941)

МАКЕДОНИЈА ПРВА

МАКЕДОНИЈА ПРВА (МАЦЕДОНИА ПРИМА) – доцноантичка провинција со седиште во Тесалоника (Солун). Во рамките на административната провинциска реорганизација на Царството, Диоклецијан ја поделил раноримската провинција Македонија на два дела. Провинцијата Македонија Прва припаднала во диецезата Македонија. Нејзината територија ги опфаќала подрачјата на Долна Македонија: долниот тек на Халијакмон, долниот тек на Аксиј (од Демир КапијаContinue reading МАКЕДОНИЈА ПРВА

МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ АД

МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ“ АД, Скопје – проектантска организација основана во 1954 г. од комуналните организации „Архитект“ и Заводот за станбена изградба при НО на Собранието на градот Скопје. Сегашното име и дејноста на фирмата се утврдени во 1961 г. Од 1996 г. станува акционерско друштво. Има изработено голем број проекти за училишта, туристички и деловни објекти,… Continue reading МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ АД

Македонија, географска

Македонија, географска – планинско-котлинска територија на Балканскиот Полуостров. Го зафаќа средишниот дел на Полуостровот и широко излегува на Егејското Море и на Солунскиот Залив. На север е заградена со шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и со Рила, а на југ со реката Бистрица и со брегот на Егејското Море до утоката на реката… Continue reading Македонија, географска

МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА“ (1941). Играл во Елитната дивизија на Бугарија. Успесите на Клубот, манифестациите на навивачите против бугарската окупација и илегалната работа на членовите на Клубот довеле до неговото исклучување од Елитната дивизија и префрлување во лигата на Скопската фудбалска област (1943). Некои од играчите, меѓу кои Драган Геров, Кирил Симоновски-Џина, Саво Цветковиќ и други, отишле во… Continue reading МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА“ – прва македонска мултимедијална енциклопедија. Единствен и оригинален македонски производ што ја претставува Македонија. Содржи повеќе од 2.000 страници текст, 1.000 фотографии, околу 300 табели и графикони и повеќе од 3 часа видео- и аудио-материјали. Во нејзината подготовка учествуваа професионалци од сите опфатени области. Енциклопедијата нуди информации за македонското културно наследство, историјата, филмот, театарот,… Continue reading МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИКА“ – прва македонска мултимедијална енциклопедија. Единствен и оригинален македонски производ што ја претставува Македонија. Содржи повеќе од 2.000 страници текст, 1.000 фотографии, околу 300 табели и графикони и повеќе од 3 часа видео- и аудио-материјали. Во нејзината подготовка учествуваа професионалци од сите опфатени области. Енциклопедијата нуди информации за македонското културно наследство, историјата, филмот, театарот,… Continue reading МАКЕДОНИКА

МАКЕДОНИСТИКА

МАКЕДОНИСТИКА – славистичка научна дисциплина што го проучува и го афирмира македонскиот културно-национален ентитет – јазикот, литературата, културата, историјата, фолклорот, уметноста, религијата со црквата, етнографијата и битот на македонскиот народ. Таа како наука се пројавува во ⅩⅠⅩ и особено се афирмира од почетокот на ХХ в., а слободно и во меѓународни релации сестрано се развива… Continue reading МАКЕДОНИСТИКА

МАКЕДОНИСТИКА

МАКЕДОНИСТИКА“ – списание, орган на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Излегува повремено од 1977 (до 2007 г. се излезени девет броја). Во сп. се објавуваат пообемни македонистички трудови и граѓа од сите подрачја на македонистиката: историјата на македонскиот јазик, дијалектологијата, ономастиката и современата состојба. Л. М. Македонит (Мацедоните), минерал

МАКЕДОНИТ

МАКЕДОНИТ – минерал што името го добил по Македонија; првпат е откриен во пегматитскохидротермалните жици што се појавуваат во серијата на сиенитите кај селото Алинци, Прилепско. Македонитот по состав е ПбТиО , 3 кристализира тетрагонално и обично се појавува во кристални облици што се комбинација на призми. Има црна боја со кафеава нијанса и стаклеста… Continue reading МАКЕДОНИТ