СОКОЛ

СОКОЛ“ (Куманово, 1909–1911) – гимнастичко друштво. Управата ја сочинувале главно учители: Јован Довезенски – претседател, Ѓорѓе Божиновиќ, началник, Милое Закиќ и Анѓелко Ристиќ, како и аптекарот Илија Вукотиќ, и други. Членови на Друштвото биле главно ученици, имале униформи, вежбале на отворено слободни, строеви и вежби со подвижни справи, а се занимавале и со некои спортски активности. По разни поводи приредувале јавни настапи во градот, во околните места и во Скопје, со гимнастички и спортски елементи и културноуметничка содржина. Членови на Друштвото настапиле на соколските слетови во манастирите Грачаница (1910) и Девич кај Србица на Косово (1911) и на Сесловенскиот соколски слет во Бел-град (1910). Д. С.