МИТРЕВСКИ, Паскал

МИТРЕВСКИ, Паскал (с. Чука, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1912 – Скопје, 11. Ⅺ 1978) – истакнат деец на македонското национално и комунистичко движење. Основно образование завршил во Рупишта, гимназија во Костур и Правен факултет во Солун. Учесник во грчкото движење на отпорот (ЕЛАС). Бил секретар на Окружниот комитет на СНОФ во Костурско (1943), секретар на Паскал Митревски Политичката комисија на Македонците под Грција (1944), секретар и претседател на НОФ во Егејскиот дел на Македонија и министер на Привремената демократска влада во Грција (1948). По Граѓанската војна во Грција (1949), од КПГ бил уапсен во Албанија и бил префрлен во СССР. Таму бил осуден на 25-годишен затвор и испратен во логорот во Воркута. Во 1955 г. се врати во СРМ. ЛИТ.: Т. Мамуровски, Паскал Митревски и неговото време (1912–1978), Скопје, 1992. Ст. Кис. Сокол Митревски