ГУМЕЊЕ (Трескавец кај Прилеп) – некропола од хеленистичкиот и римскиот период. Откриени се гробови од типот на едноставни цисти, покриени со шкрилести плочи. Мермерни сполии од населбата на која $ припаѓала некрополата се вградени во манастирската црква. На еден од тие споменици се спомнуваат населбата Колобаиса и храмот посветен на Аполон и Артемида Ефеска, чија… Continue reading ГУМЕЊЕ
Архиви: Енциклопедија
Description.
ГУЊА
ГУЊА -. горна машка облека, изработена од клашна од природна темна волна, поставена, долга до колената и украсена со гајтани. Овој елемент претставувал статусен симбол, го изразувал социјалниот и економскиот статус на личноста што го носела. Била носена с” до втората половина на ⅩⅠⅩ в. Ј. Р.-П. Јасмина Гуњова ГУЊОВА, Јасмина (Штип, 26. IX 1966)… Continue reading ГУЊА
ГУРБИТА
ГУРБИТА – патна станица од римско време на делницата од Стоби до Скупи, забележана на Табула Појтингеријана (Ⅲ–ИV в.). Се наоѓала на одалеченост од Ⅷ римски милји (12 км) од Стоби. Се лоцира на локалитетот Градиште, 2 км јужно од селото Згрополци, на карпестата тераса на десниот брег на Вардар. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Антички градови… Continue reading ГУРБИТА
ГУРГУР ТУМБА
ГУРГУР ТУМБА (Битола) – неолитска населба. Се наоѓа на периферијата на градот, близу фабриката „Битолатекс“. Претставува тумба со пречник во основата од 250 м и висина 3 м. Со пробните сондажни ископувања (1952 и 1981), во организација на тогашниот Народен музеј, бил утврден културен слој дебел 3,50 м со артефакти од две фази на живеење,… Continue reading ГУРГУР ТУМБА
ГУСЕВ, Виктор Евгенјевич
ГУСЕВ, Виктор Евгенјевич (Мариупол, Украина, 2. Ⅴ 1918 – Санкт-Петербург, 2003) – руски славист и македонист, фолклорист, етнограф, историчар и теоретичар на уметноста, литературата и културата. Средно и музичко образование завршува во Гомељ (Белорусија), а високо во Институтот за историја, филозофија и литература во Москва. На-учната дејност ја започнува во Москва (1938) и како доброволец… Continue reading ГУСЕВ, Виктор Евгенјевич
ГУСКИ
ГУСКИ (Ансер) – род крупни птици од потфамилијата гуски и лебеди (Ансеринае), од кои кај нас се регистрирани четири вида: сива гуска (Ансер ансер), белочелна гуска (Ансер албифронс), мала гуска (Ансер ерѕтропус) и посевна гуска (Ансер фабилис). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004;… Continue reading ГУСКИ
ГУСКОВА, Елена Јурјевна
ГУСКОВА, Елена Јурјевна (Москва, 1949) – руска историчарка. Историја студирала на Московскиот државен универзитет. Раководител е на Центарот за проучување на современата балканска криза при Славистичкиот институт на Руската академија на науките. Работела како стручњак за Балканот во штабот на мировните сили на Обединетите нации во Загреб (1994). Член на САНУ од 2006 г. Објавила… Continue reading ГУСКОВА, Елена Јурјевна
ГУСЛАРИ ВО МАКЕДОНИЈА
ГУСЛАРИ ВО МАКЕДОНИЈА -. месни или патувачки гуслари, најчесто со телесен хендикеп или оштетен вид. По ослепувањето на македонските воини по Беласичката битка (1014), гусларството било најчесто занимање на луѓето хендикепирани со видот. Слична била состојбата и во подоцнешните векови. Како традиција, во ⅩⅠⅩ в. гусларството било особено застапено во Прилеп. Кон 70-тите години најпознат… Continue reading ГУСЛАРИ ВО МАКЕДОНИЈА
ГУСЛАРСКИ ПЕСНИ
ГУСЛАРСКИ ПЕСНИ -. песни што се придружувале со гусле или ќемене, кое се разликува од црногорските и српските гусли, како по обликот, така и по бројот на жиците, па и по особините на звукот. Овие песни, како и другите епски песни, по своите мелодиски особености, а пред с” по рецитативноста и изосилабичноста (еден тон на… Continue reading ГУСЛАРСКИ ПЕСНИ
ГУСЛЕ
ГУСЛЕ (гусла, кемене, ќаменџе) – народен жичен гудачки музички инструмент. Изработен од издлабено парче дрво во крушковидна форма. Гудалото е рачно изработено во блага полукружна форма. Најчесто има три жици. Мелодијата се изведува на првата жица. Многу ретко се зафаќа третата жица, а средната константно бордунира празна, поради што гуслето спаѓа во бордунската група музички… Continue reading ГУСЛЕ
ГУТЕВСКИ, Наум Махов
ГУТЕВСКИ, Наум Махов (Крушево, 21. Ⅳ 1928 – Скопје, 20. Ⅵ 1996) – спец. по судска медицина, експерт за хумана серогенетика, редовен проф. на Мед. ф. (1988). Дипломирал медицина во Скопје (1957) и докторирал во Белград на тема за застапеноста на хаптоглобинските типови во Македонија и примената на хаптоглобинскиот систем во форензичната медицина (1979). Се… Continue reading ГУТЕВСКИ, Наум Махов
ГУЧЕВ, Зоран Спасков
ГУЧЕВ, Зоран Спасков (Скопје, 7. IX 1955) – педијатар-ендокринолог и генетичар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал медицина и филозофија во Скопје. Бил продекан на Мед. ф. и директор на Клиниката за детски болести. Тој е главен и одговорен уредник на МСМ, носител на повеќе проекти (Темпус-Пхаре) и организатор на балкански конгреси (ЕСЕ-ПГЕ)… Continue reading ГУЧЕВ, Зоран Спасков
ГУЧЕВ, Спаско Глигоров
ГУЧЕВ, Спаско Глигоров (Гевгелија, 8. XI 1925 – Скопје, 30. Ⅵ 1989) – општ хирург, анестезилог, проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Белград, специјализирал во Скопје. Супспецијализирал анестезиологија. Основач и долгогодишен директор на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Вовел многубројни методи на иследување (јонограм) и оперативни техники во детската… Continue reading ГУЧЕВ, Спаско Глигоров
ГУЧЕВА, Богиња Владиславова
ГУЧЕВА, Богиња Владиславова (Куманово, 30. Ⅲ 1927 – Скопје, 8. Ⅷ 2005) – интернист-ревматолог, проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирала на Мед. ф. во Бел-град, а специјализирала интерна медицина во Скопје. Повеќе години работела на Одделот и Клиниката за нефрологија и учествува-Богиња Гучева ла во воведувањето лекување со хемодијализа. Професионалниот живот го продолжила на… Continue reading ГУЧЕВА, Богиња Владиславова
ГУШАЛКА
ГУШАЛКА -. правоаголно плат-но, изработено од памук или од коноп, кое се носело на градите, под гушата, а се закопчувало одзади, зад вратот. Била со димензии 30 х 15 цм и на неа бил пришиен колирот (јаката), висок од 3-4 цм. Била везена со вез разметница и дополнително се украсувала со л’ски (пулови). Ј. Р.-П.
ГУШЕВ-МАКИ, Ташо
ГУШЕВ-МАКИ, Ташо (с. Граматиково, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, 1910 – Воден, 1996) – учител, учесник во НОБ во Егејскиот дел на Македонија и во Граѓанската војна во Грција. Во 1941 г. се вклучил во Движењето на отпорот против фашизмот. Од 1947 г. бил политички комесар на штабот на ДАГ за пл. Пајак и Кајмакчалан… Continue reading ГУШЕВ-МАКИ, Ташо
ГУШКОВ, Ристо
ГУШКОВ, Ристо (Скопје, 1941) – инж. технолог и долгогодишен директор на Цементарницата „Усје” во Скопје. Дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје (1965). Работел во Цементарницата „Усје” (од 1966), а бил и нејзин генерален директор (од 1988). Бил директор на „Конзерва-експорт” во Скопје (1985-1987). Стопанственик со широки познавања на техничките и организационите аспекти на производството, со… Continue reading ГУШКОВ, Ристо
ГУШЛЕВ-ГУЧО, Христо
ГУШЛЕВ-ГУЧО, Христо (с. Косинец, Костурско, 1869 – меѓу селата Оштима и Трново, Костурско, IX 1904) – учесник во Илинденското востание, костурски војвода. Завршил основно образование. Бил член на ТМОРО од 1899 г. Во Илинденското востание предводел чета. По востанието се засолнил во Варна (Бугарија). Летото на 1904 г. се вратил во Костурско. Загинал во борба… Continue reading ГУШЛЕВ-ГУЧО, Христо
ГУШТАНОВ, Димитар Атанасов
ГУШТАНОВ, Димитар Атанасов (с. Крушево, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија, 1876 – с. Баница, Серско, 4. Ⅴ 1903) – учител и деец на ТМОРО. Ги завршил Педагошкото училиште во Сер и Духовната семинарија во Самоков, по што бил учител во с. Старчишта (Неврокопско). Подоцна завршил право во Лозана (швајцарија) и бил професор во Педагошкото училиште… Continue reading ГУШТАНОВ, Димитар Атанасов
ГУШТЕРИ
ГУШТЕРИ (Сауриа; Лацертилиа) – најбогат подред со видови од влечугите (Рептилиа). Заедно со змиите, тие се вклучени во редот на лушпестите влечуги (Сљуамата), бидејќи телото им е покриено со ситни рожнати лушпи. Типични копнени животни, главно дневни, со изразена способност за регенерација на опашката, т.н. онтотомија, со исклучок на змијогуштерите. Во Европа се познати 79… Continue reading ГУШТЕРИ
ГУШТЕРОВ, Ристо Киров
ГУШТЕРОВ, Ристо Киров (Радовиш, 9. Ⅳ 1948) – металург, бизнисмен, политичар и филантроп. По завршувањето на основното и гимназијалното образование во родното место, дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет (Отсек металургија) на Универзитетот во Скопје. Се вработил во 1973 г. во Рудниците и железараница (погон Челичарница) во Скопје, продолжува во бизнисот во Технометал-Македонија (Експорт-импорт) во Скопје (1974… Continue reading ГУШТЕРОВ, Ристо Киров
ДАБ
ДАБ . (Љуерцус Л., фам. Фагацеае) – родот опфаќа околу 300 вида, распространети во северната хемисфера. Листопадни или трајно зелени дрвја или грмушки, со широко разгранети круни, со прости листови, варијабилни по форма. Еднодомни со еднополни цветови. Плодовите се желади, обвиени со чашковидна капа (купола), зреат во првата или во втората година. Кај нас се… Continue reading ДАБ
ДАБЕСКИ, Петко
ДАБЕСКИ, Петко (с. Волковија, Тетовско, 15. Ⅹ 1939) – електроинженер, поет, антологичар и општественик. Завршил гимназија во Тетово и дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград. Работел на проектирање, изградба и експлоатација на високонапонски разводни постројки и хидроелектрични централи. Бил претседател на Општинското собрание на Тетово. Првите песни ги објавил во 1955 г. Добитник е на… Continue reading ДАБЕСКИ, Петко
ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинско
ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинско – хероон од римско време, во долината на р. Бошава, 17 км јужно од Неготино. На темето од благо возвишение бил подигнат репрезентативен хероон во вид на храм, на висок подиум со вестибил, цела и хипогеум. Откриени се 15 камени архитектонски елементи од таванско-покривната конструкција, меѓу кои и Македонски даб 4 плочи… Continue reading ДАБЈЕ-ГРАМАЃЕ, Барово, Неготинско