ГУЧЕВ, Спаско Глигоров

ГУЧЕВ, Спаско Глигоров (Гевгелија, 8. XI 1925 – Скопје, 30. Ⅵ 1989) – општ хирург, анестезилог, проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Белград, специјализирал во Скопје. Супспецијализирал анестезиологија. Основач и долгогодишен директор на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Вовел многубројни методи на иследување (јонограм) и оперативни техники во детската хирургија (езофагеална атрезија). Бр. Н.