БОЕВ, Ѓорѓи

БОЕВ, Ѓорѓи (Охрид, 18. Ⅵ – 1935) – унив. професор. Дипломирал на Високата школа за физичка култура во Белград (1961). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1981), на тема: „Компаративна анализа на некои антропометриски и моторички димензии кај учениците од средношколска возраст (16–17 години) што се занимаваат и кај учениците што не се занимаваат со… Continue reading БОЕВ, Ѓорѓи

БОЖЕСТВАТА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

БОЖЕСТВАТА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ – се одликуваат со свои специфични теоними и атрибути. Врховното божество забележано во книжевните списи и во епиграфските натписи го носи теонимот Хетаиреиос (поврзано со македонската институција хетајри) или Хѕперберетас (месецот Хѕперберетаиос и празникот Хиперберетаиа). Женското божество Алкидемнос е еквивалент на хеленската божица Атена. Слично божество е Гѕгаиа; Зеирене е „македонската… Continue reading БОЖЕСТВАТА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

БОЖИДАР

БОЖИДАР – поп, еден од дарителите и можен предводник и организатор, заедно со неговиот син Петко, на изработката на постариот слој фрескоживопис во црквата „Св. Петка” во с. Побужје (Скопско). Црквата била живописана во 80-тите г. на ⅩⅤ в. Насликаните 9 претстави на светители се проследени со натписи на словенски јазик. Подоцна (1500 г.) црквата… Continue reading БОЖИДАР

БОЖИДАРСКИ, П

БОЖИДАРСКИ, П. – член на Македонската колонија во Петроград (Русија) и на Редакциониот совет на „Македонский голосъ (Македонски глас)“, потписник на два официјални акта (13. Ⅷ 1914) и автор на патриотски стихови на руски јазик за Македонија и Македонците („Македонский голосъ / Македонски глас“), 27. Ⅵ и 22. Ⅻ 1913 и 2. Ⅲ и 20.… Continue reading БОЖИДАРСКИ, П

БОЖИКЕВ, Никола

БОЖИКЕВ, Никола – Никтитор на манастирската црква „Си Свети” во с. Лешани (Охридско). Црквата била изградена и живописана во 1452 г., во времето на архиепископот Никола. ЛИТ.: Г. Суботић, Охридска сликарска школа од ⅩⅤ в., Охрид, 1980. З. Р.-Н.

БОЖИКНИ НАРОДНИ ПЕСНИ

БОЖИКНИ НАРОДНИ ПЕСНИ – песни што се пеат на христијанскиот празник Божик. Тоа се три празнични дена исполнети со многу свечености, гозби и пее-ње. Песните и обичаите претставуваат продолжение на претходните обичаи и песни поврзани со Бадник. Уште повеќе што во коледарските песни се споменува и малиот Бог Божик (Денеска е Бадник, / утре е… Continue reading БОЖИКНИ НАРОДНИ ПЕСНИ

БОЖИКОВ, Георги

БОЖИКОВ, Георги (Петрич, Бугарија, 15. Ⅳ 1931 – Скопје, 21.XI 1986) – оперски певец-бас, првенец на Операта на МНТ. Дипломирал соло-пеење на Софиската музичка академија (1962, Х. Брмбаров). Бил член на Софиската државна опера (1962–1963), дебитирајќи со улогата на Дон Базилио во операта Севилскиот бербер, а во Операта на МНТ од 1964 г. сè до… Continue reading БОЖИКОВ, Георги

БОЖИНОВ, Горан

БОЖИНОВ, Горан (Скопје, 15. Ⅱ 1969) – балетски играч. Образованието го стекнува во Средното балетско училиште при МБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје, во класата на Е. Кушовска. Примен е за член на балетскиот ансамбл при МНТ (1988). Заминува на специјалистички престој во Санкт Петербург кај Б. Брегваѕе (1989). Првенец со сигурна и чиста балетска техника,… Continue reading БОЖИНОВ, Горан

БОЖИНОВ, Панајот

БОЖИНОВ, Панајот (с. Апоскеп, Костурско, ? – Костур, 1913) – учител и поет. Ја завршил прогимназијата во Костур и егзархиската духовна семинарија во Цари-град. Учествувал во Илинденското востание и во борбите кај Вишени, на Летничкиот врв, кај Клисура и др. Некои од тие настани ги опеал и во своите песни („Смртта на Лазар Поптрајков“, „Летничкиот… Continue reading БОЖИНОВ, Панајот

БОЖИНОВСКА, Искра

БОЖИНОВСКА, Искра (Скопје, 18. Ⅵ 1947) – оперска певица–сопран. Во 1970 г. дипломирала со-ло–пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. К. Трпков). Солист во Операта и Балетот на МНТ (1970–1992), во меѓувреме и директор (1989–1990), но заминува во Австрија, а потоа во Австралија и се занимава со педагошка дејност и хорско пеење. На… Continue reading БОЖИНОВСКА, Искра

БОЖИНОВСКИ-ПРЦАН, Боро Величков

БОЖИНОВСКИ-ПРЦАН, Боро Величков (Куманово, 1917 – манастир „Благовештение” на Скопска Црна Гора, Скопско, 12. IX 1942) – опинчарски работник и првоборец. Бил член на СКОЈ (1936) и на КПЈ (1937) и особено активен во Кожарската синдикална подружница. По фашистичката окупација станал борец на Козјачкиот НОПО (12. Ⅹ 1941). По судирот на одредот со бугарските сили… Continue reading БОЖИНОВСКИ-ПРЦАН, Боро Величков

БОЖИНОВСКИ, Вангел

БОЖИНОВСКИ, Вангел (Скопје, 10. Ⅻ 1950) – архитект, дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1975). Се занимава со архитектонско проектирање, архитектонска теорија и критика. Позначајни реализации: Галерија „Остен“ во Скопје; архитектонско урбанистичко решение на споменикот на Антон Панов во Струмица (1989); угостителски објект во Ниш (1988), реконструкција и надградба на зградата на „Црвениот крст“ во… Continue reading БОЖИНОВСКИ, Вангел

БОЖИНОВСКИ, Здравко

БОЖИНОВСКИ, Здравко (с. Барешани, Битолско, 1. Ⅹ 1940) – лектор, преведувач, фолклорист и историчар. Дипломирал на Филозофскиот факултет – група Книжевност и македонски јазик (1963). Тој е долгогодишен активен член на Македонското научно друштво во Битола (1963), сега Друштво за наука и уметност. Од 1968 г. работи како лектор во Собранието на Општината Битола. Бил… Continue reading БОЖИНОВСКИ, Здравко

БОЖИНОВСКИ, Киро

БОЖИНОВСКИ, Киро (Прилеп, 2. XI 1933 – Скопје, 30. Ⅹ 2006) – флејтист. Со музичко образование се здобива во Средното музичко училиште во Скопје и кај Ј. Срејовиќ, во Белград. Долгогодишен прв флејтист на Операта и Балетот на МНТ и прв флејтист на Македонската филхармонија. Како солист настапува на домашниот концертен подиум, во центрите на… Continue reading БОЖИНОВСКИ, Киро

БОЖИНОВСКИ, Панде

БОЖИНОВСКИ, Панде (с. Кривени, Ресенско, ? – Нивици, Преспанско, 1976) – печалбар, комунист, македонски револуционер. Бил на печалба во Аргентина (Буенос Аирес), работел во градежништвото и бил активен учесник во штрајковите, демонстрациите и митинзите организирани од Аргентинската комунистичка партија. Бил и повереник на в. „Интернасионал“. Со неколку печалбари формирал македонско друштво и издавал македонски весникContinue reading БОЖИНОВСКИ, Панде

БОЖИНОВСКИ, Петар

БОЖИНОВСКИ, Петар (Пецо) Ташков (псевд. Кочо) (Битола, 15. Ⅰ 1920 – Битола, 1971) – првоборец и народен херој. Како работник станал член на СКОЈ и на КПЈ (1941). По фашистичката окупација бил член на Воениот комитет на МК на КПЈ во Битола, борец на Битолскиот НОПО „Пелистер” ( 22. Ⅳ 1942), Битолско-преспанскиот НОПО (6. Ⅶ… Continue reading БОЖИНОВСКИ, Петар

БОЗДОВ, Стерјо И

БОЗДОВ, Стерјо И. (Крушево, 7. И 1902 – Крушево, 13. Ⅳ 1987) – лекар, револуционер, редовен проф., шеф на Катедрата по хигиена и прв декан на новоформираниот Мед. ф. во Скопје (1947– 1950). Студирал медицина во Виена и во Белград, каде што и дипломирал (1933). Во периодот меѓу двете светски војни поради прогресивните политички и… Continue reading БОЗДОВ, Стерјо И

БОЗДОГАН

БОЗДОГАН (БОЗДУГАН; БУЗДОВАН; ТОПУЗ) – железна боцлива топка со рачка како бојно ладно удирачко и фрлачко оружје на јунаците за блиска борба. Обично се состоело од глава со 3-18 пера и рачка со должина од 0,5 до 0,8 м. На нашите прос-тори бил употребуван во стариот и во средниот, а поретко по ⅩⅤⅠ век. Се… Continue reading БОЗДОГАН

БОЗЕЛ, ДЕБАРСКИ

БОЗЕЛ, ДЕБАРСКИ . (Самбуцус деборенсис Коš.) – ендемит од фамилијата Цаприфолиацеае, чиишто таксономскиот статус с” уште не е сосема јасно дефиниран. Познат е само за непосредната околина на Дебар, а во поново време се наведува и за Бугарија. Загрозен вид. Вл. М. БОЗУК – кордофон жичен народен инструмент од фамилијата двогласни тамбури, кој располага со… Continue reading БОЗЕЛ, ДЕБАРСКИ

БОЈАНОВСКИ-ДИЗЕ, Диме

БОЈАНОВСКИ-ДИЗЕ, Диме (Димче) (Прилеп, 12. Ⅷ 1909 – Скопје, 2002) – комунистички деец, борец, правник, историчар, универзитетски професор, публицист и преведувач. Како член на КПЈ (1932), самоиницијативно го издавал илегалниот весник „Ударник” (декември 1932 – мај 1933) како „орган на КПЈ“, поради што бил осуден на шест години во КПУ „Сремска Митровица” и во КПУ… Continue reading БОЈАНОВСКИ-ДИЗЕ, Диме

БОЈАЏИ, Атина

БОЈАЏИ, Атина (Охрид, 11. Ⅲ 1944) – пливачка маратонка. Завршила Виша тренерска школа во Нови Сад (1968) и Виша педагошка школа во Белград (1972). Била член на ПВД „Охридски бранови” во Охрид. Првенка на Атина Бојаџи Македонија во 13 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди. На врвните светски натпреварувања во маратонско… Continue reading БОЈАЏИ, Атина

БОЈАЏИ, Дики

БОЈАЏИ, Дики (Охрид, 24. Ⅱ – 1939) – пливачки маратонец. Завршил Виша школа за надворешна трговија во Белград (1970) и Виша педагошка школа во Скопје (1975). Бил член на ПВД „Охридски бранови”. Првак на Македонија во 17 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди. Во маратонското пливање освоил први места на реката… Continue reading БОЈАЏИ, Дики

БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов

БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов (Кратово, 14. Ⅻ 1876 – Скопје, 1950) – црковен певец и учител по црковно пеење. Се школувал во Скопје и во Хилендарскиот манастир, каде што завршил двегодишен курс по источно пеење. Бил учител во Струмица, Штип и во Тетово. Работел во Бачковскиот манастир и во Стара Загора, Бугарија. Од 1941 г. живеел… Continue reading БОЈАЏИЕВ, Васил Иванов