ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА

ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА – релативно добро е истражена, како според квалитетот на проучувањата, така и според опфатеноста на поодделни таксономски групи. Според последните анализи за богатството Пеперутка (Парнассиус аполо) на биолошката разновидност на земјите во рамките на европскиот континент, нашата земја е рангирана во самиот врв на листата на земји, кои претставуваат значајни центри на… Continue reading ФАУНА НА МАКЕДОНИЈА

ФАША

ФАША“ – албанска фашистичка организација (1941–1944), формирана од Италијанците за поддршка на воспоставувањето на окупаторската власт во окупираниот дел на Македонија. Учествувала во откривањето и ликвидирањето на лица и групи во единиците на Македонската војска. Во 1943 г. се присоединила кон Балистичката организација за заедничко дејствување. Се расформирала во ноември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски,… Continue reading ФАША

ФЕЛДСПАТ

ФЕЛДСПАТ – општ поим за групата силикатни минерали што се нарекуваат фелдспати. По хемискиот состав тоа се силикати на калиумот, натриумот и калциумот и претставуваат изоморфни смеши. Врз основа на хемискиот состав се поделени на две групи: алкални фелдспати (санидит, ортоклас и микроклин) и плагиокласи. Фелдспатите кристализираат мониклинично и триклинично. Влегуваат во составот на магматските… Continue reading ФЕЛДСПАТ

ФЕНИ ИНДУСТРИ

ФЕНИ ИНДУСТРИ“ – КАВАДАРЦИ – металуршки комбинат за производство на фероникел, составен од топилницата во близина на Кавадарци и рудникот за никел „’Ржаново“ на 40 км оддалеченост. Проектирана е во 1970тите, градена е и работи од 1980 г., првобитно како „ФЕНИ“ – Кавадарци, со два прекина во работењето. Со приватизирањето (2001) производството е стабилизирано и… Continue reading ФЕНИ ИНДУСТРИ

ФЕРАТИ-РУСИ, Игбале Османова

ФЕРАТИ-РУСИ, Игбале Османова (Дебар, 1932 – Тетово, 26. И 1975) – спец. гинеколог. Мед. ф. завршила во Скопје. Специјалист по гинекологија и акушерство и прва жена Албанка гинеколог во РМ. Работела во Тетово и има исклучителен придонес во здравственото просветување кај жените од албанска националност и популаризација на Црвениот крст. Д. С.-Б.

ФЕРОЛЕГУРИ

ФЕРОЛЕГУРИ – легури на железото и на некој друг метал во кои железото е застапено со повеќе од 50%. Во Република Македонијасе произведуваат феросилициум, ферохром и др. во „Силмак“ (поранешен ХЕК „Југохром“) во Јегуновце; фероникел во „Фени-индустриес“ (поранешен „ФЕНИ“, т.е. „ФЕНИ-Мак“) во Кавадарци; фероманган и феросилициум во „Скопски легури“ (поранешна Топилница на Рудници и железарница… Continue reading ФЕРОЛЕГУРИ

ФЕС

ФЕС – дел од машката народна носија во периодот на турското владеење. Мажите најчесто носеле црвен фес, околу кој се обмотувала долга бела крпа, во вид на чалма. Крпата била изработена од подебело платно и се носела навртена и преврзана, над ушите, околу фесот, за да се гледа неговиот горен дел или пак се носела… Continue reading ФЕС

ФЕСАЦ аранжман

ФЕСАЦ аранжман (Финанциал анд Ентерприсе Струцтурал Адјустмент Цредит), и двата наменети за реструктурирање на реалниот и финансискиот сектор. Во април 1997 г. ММФ $ одобрува на Македонија т.н. ЕСАФ аранжман (Енханцед Струцтурал Адјустмент Фацилитѕ), а во мај 1997 г., со Светската банка е склучен т.н. САЛ аранжман (Струцтурал Адјустмент Лоан), наменет за финансирање на структурните… Continue reading ФЕСАЦ аранжман

ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИНСТРУМЕНТИ ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ

ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИНСТРУМЕНТИ „ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ . (Спасовден, месност Рудина во с. Долнени, Прилепско, 1974–) – традиционален меѓународен дводневен годишен фолклорен фестивал. Во 2007 г. се одржа ЏЏЏИИИ фестивал со учество на 34 фолклорни групи со околу 400 учесници. Неговото отворање започнува со дефиле на учесниците по улиците на Прилеп, а во наредните… Continue reading ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИНСТРУМЕНТИ ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ

ФИГУРАТИВНА УМЕТНОСТ

ФИГУРАТИВНА УМЕТНОСТ. Почетоците на современата македонска уметност се поврзани за фигуративните претстави што имаат свој континуиран развој во текот на целиот ⅩⅩ в. Се појавуваат повеќе стилски изрази, почнувајќи од импресионизмот и експресионизмот (Д. А. Пандилов, Н. Мартиноски, Л. Личеноски), а во 50-тите години интимизмот, фовизмот, надреализмот (В. Ѓорѓиевски, В. Коџоман, С. Куновски). Во 60-тите… Continue reading ФИГУРАТИВНА УМЕТНОСТ

ФИДАНОВА, Славка

ФИДАНОВА, Славка (Тетово, 1. Ⅱ 1920) – првоборец, историчар, унив. професор. Била припадничка на прогресивното младинско и студентско движење, организатор и учесник на Летната студентска колонија во Охрид (1939/40), член на КПЈ (1940), учесник на Покраинската конференција на КПЈ во Македонија (8. Ⅸ 1940) и секретар на МК на КПЈ за Тетово (1941). Поради полициски… Continue reading ФИДАНОВА, Славка

ФИДАНОСКИ, Никола

ФИДАНОСКИ, Никола (Кочо) (с. Битуше, Кичевско, 19. Ⅹ 1946) – сликар и графички дизајнер. Завршил училиште за применета уметност во Скопје (1961&1966), а потоа дипломирал (1971) и магистрирал на Академијата за ликовна уметност во Белград (1971&1973). Се посветил на графичкиот дизајн како ликовен уредник на ревијата „Просветена жена“ (1974&1980), на издавачките куќи „Мисла“ (1980& 1990)… Continue reading ФИДАНОСКИ, Никола

ФИЗИКА МАКЕДОНИКА

ФИЗИКА МАКЕДОНИКА“ („Пхѕсица Мацедоница“) – научно списание што го издава Институтот за физика, во кое се публикуваат главно неговите членови. Излегува од 1998 г. како наследник на „Годишен зборник – физика“. Објавени се 7 тома. В. Ур.

ФИЗИОЛОШКИ ГРУПИ БАКТЕРИИ

ФИЗИОЛОШКИ ГРУПИ БАКТЕРИИ – бактерии што живеат во почвата и во водата и учествуваат во кружењето на биогените елементи во природата. Физиолошките групи бактерии претставуваат група бактерии, чија заедничка особина е да покажуваат одредена физиолошка активност – без оглед на нивната системска припадност. Се работи за бактерии што поседуваат екстрацелуларни ензими за разградување на одреден… Continue reading ФИЗИОЛОШКИ ГРУПИ БАКТЕРИИ

ФИЛДИШЕВСКИ, Петар Ангелов

ФИЛДИШЕВСКИ, Петар Ангелов (Охрид, 1. Ⅱ 1924 – Скопје, 15. Ⅹ 1994) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1951) и се вработил на Нервната клиника (1951–1980). Специјалистички ис-пит положил во 1954 г., а хабилитирал во Скопје (1958) на проблемот на ликворските промени. Основоположник на неврофизиологијата во Република Македонијасо… Continue reading ФИЛДИШЕВСКИ, Петар Ангелов

ФИЛИП I

ФИЛИП I (Пхилиппос) – македонски крал (644–640 пр. н.е.) од династијата на Аргеадите, син на Аргај I. По кратко владеење, загинал во борби со Илирите. ИЗВ:. Јустини, Хисториарум Пхилиппицарум еџ Трого Помпеио, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ. К. М.-Р. Скулптура на кралот Филип Ⅱ

ФИЛИП Ⅱ Македонски

ФИЛИП Ⅱ (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династијата Аргеади, татко на Александар Ⅲ Македонски, син на кралот Аминта Ⅲ. Станува крал на 23-годишна возраст. Стекнува слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Како македонски басилевс (монарх) спроведува воени реформи, создава професионална војска, пешадија – македонска фаланга и благородничка коњица –… Continue reading ФИЛИП Ⅱ Македонски

Филип Ⅱ Македонски

ФИЛИП Ⅱ (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династијата Аргеади, татко на Александар Ⅲ Македонски, син на кралот Аминта Ⅲ. Станува крал на 23-годишна возраст. Стекнува слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Како македонски басилевс (монарх) спроведува воени реформи, создава професионална војска, пешадија – македонска фаланга и благородничка коњица –… Continue reading Филип Ⅱ Македонски

ФИЛИП V

ФИЛИП V (221 – Амфипол, 179 пр. н.е.) – македонски крал од династијата Антигониди. Син на Деметриј Ⅱ и Фтија. Ја обновува моќта на Македонија, државата добива доминантна улога на Балканот. Водел успешни војни против Дарданците на север и Ајтолската лига на југ. Со експанзијата на римската држава дошло до Првата македонско-римска војна (215–205 г.… Continue reading ФИЛИП V

ФИЛИП-ЧОКРЕВСКА, Јасмина

ФИЛИП-ЧОКРЕВСКА, Јасмина (Скопје, 2. Ⅷ 1956) – историчар на уметноста, кустос советник во Одделот за уметност на националната установа Музеј на Македонија. Како кустос била задолжена за збирката на камената декоративна пластика и копиите на фрески (од 1980). Реализирала повеќе изложби во земјата и во странство. Посветена е на истражување на постарото графичко наследство и… Continue reading ФИЛИП-ЧОКРЕВСКА, Јасмина

ФИЛИПИ

ФИЛИПИ (Пхилиппои) – град во Источниот дел на Македонија, во богатата област Датон, во под-ножјето на Пангајската Гора, основан од кралот Филип Ⅱ (356 пр. н.е.) на местото на тасоската колонија Крениди (Кренидес). Во римско време станал колонија под името Цолониа Аугуста Иулиа Пхилиппенсис. Тука е основана од страна на св. апостол Павле првата христијанска… Continue reading ФИЛИПИ

ФИЛИПИКИ

ФИЛИПИКИ – политички и епидиктички говори на најславниот антички говорник Демостен (384 пр. н.е.). Од 352 г. пр. н.е., пред Народното собрание во Атина Демостен ги држи своите најпознати говори, со кои ги повикува Хелените на обединување за одбрана од непријателот Филип Ⅱ; говорите не ја постигнуваат целта: Хелените се поразени и освоени. Тие се… Continue reading ФИЛИПИКИ

ФИЛИПОВ, Стојан

ФИЛИПОВ, Стојан (с. Старчишта, Неврокопско, 2. Ⅷ 1877 – Неврокоп, 4. Ⅹ 1944) – учител, учесник во Илинденското востание во Неврокопско, војвода на ВМРО по Првата светска војна и пунктов началник во Неврокоп. Бил член на Македонската парламентарна група во Народното собрание на Бугарија. Убиен без судење. ЛИТ.: Зоран Тодоровски, ВМРО 1924– 1934, Скопје, 1997;.… Continue reading ФИЛИПОВ, Стојан

ФИЛИПОВИЧ, Димитрија

ФИЛИПОВИЧ, Димитрија (ⅩⅤⅠⅠⅠ – ⅩⅠⅩ в.) – добротвор од Кратово. Во 1812 г. го платил бакрорезното клише за Лесновскиот манастир со претстава на св. Гаврил Лесновски, а во 1817 г. во Будимската универзитетска печатница го финасирал печатењето на книгите „Митарства“ и „Чудеса пресвјатија Богородице“ од Јоаким Крчовски. ЛИТ.: С. Радојчиђ, Старине Црквеног Музеја у Скопљу,… Continue reading ФИЛИПОВИЧ, Димитрија