УЛЧАР, Јоже Јожев (Речица, Бледско, Словенија, 4. Ⅳ 1915 – Скопје, 16. И 1967) – математичар, ред. проф. на ПМФ (1964). Дипломирал (1938) математика на Филозофскиот факултет во Љубљана. При основањето на Филозофскиот факултет во 1946 г. меѓу првите бил избран за универзитетски предавач. Држел настава на Факултетот по сите курсеви од областа на геометријата… Continue reading УЛЧАР, Јоже Јожев
Архиви: Енциклопедија
Description.
УМЕТНИЧКА ФОТОГРАФИЈА
УМЕТНИЧКА ФОТОГРАФИЈА – трајна слика со естетски квалитети, добиена со дејствувањето на светлината врз површина што е осетлива на светлината (плоча и филм), премачкани со емулзија од желатин и сребрени соли и ЦЦД или ЦМОС. Латентната слика на плочата или филмот се пројавува со развивање, а пак онаа на ЦЦД или ЦМОС во компјутер. Во… Continue reading УМЕТНИЧКА ФОТОГРАФИЈА
УМЕТНИЧКИ ЗАНАЕТИ
УМЕТНИЧКИ ЗАНАЕТИ – посебно усовршени занаети со уметнички вкус. Во текот на ⅩⅠⅩ в. во Македонија биле доведени до ниво на уметност. Остварувале естетски референтни реализации, најмногу во доменот на црковното градителство. Развојот на одделни дисциплини, преку кои се регистрира постоењето на уметничките занаети, придонесува за создавање локални центри преку кои се идентификуваат единичните разлики… Continue reading УМЕТНИЧКИ ЗАНАЕТИ
УНГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
УНГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Се воспоставуваат во средниот век (ќерка на унгарскиот владетел Зејзе се мажи за синот на Самуил – престолонаследникот Гаврил Радомир), продолжуваат по Маричката битка (1371), кога синовите на кралот Волкашин, браќата на Кралот Марко, го завршуваат животот во Унгарија како благородници. Нови врски се воспоставуваат и по Карпошовото востание (1689), кога… Continue reading УНГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП. Основан е со Законот за основање на државниот Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип (март 2007). Во неговиот состав има 5 факултети, една висока стручна школа и Институт за јужни земјоделски култури – Струмица. Првата учебна година ја започна со 5.500 студенти (октомври 2007). С. Мл.
УНИВЕРЗИТЕТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
УНИВЕРЗИТЕТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА – ТЕТОВО (октомври 2001-) – приватна унитарна институција со пет факултети (Правен факултет, Факултет за бизнис администрација, Факултет за јавна администрација, Факултет за комуникациски науки и технологии и Факултет за педагошка и методолошка обука) и две виши школи (Виша школа за англиски јазик и Виша школа за информатичка технологија). Својот зародиш… Continue reading УНИВЕРЗИТЕТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
УНИВЕРЗИТЕТ СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ (24. Ⅳ 1949 -) – прв универзитет во слободна Македонија. Формиран е според донесениот Закон за универзитетот во Скопје на Народното собрание на НРМ (6. И 1946), по што е одржано Универзитетско собрание со претставниците на трите постојни факултети: Филозофскиот (основан во 1946), Медицинскиот (1947) и Земјоделско-шумарскиот факултет… Continue reading УНИВЕРЗИТЕТ СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
УНИВЕРЗИТЕТ СВ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ (Битола, 25. Ⅳ 1979) – втор македонски универзитет, по Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, основан како Битолски универзитет. При основањето опфаќал осум високошколски и научни институции од подрачјето на југозападниот дел на СРМ: Правниот и Техничкиот факултет, Вишата земјоделска школа и Педагошката академија во Битола, Економскиот факултет и Институтот… Continue reading УНИВЕРЗИТЕТ СВ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
УНИВЕРЗИТЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА
УНИВЕРЗИТЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА – високообразовни и научни установи со особено значење за македонското општество, науката, културата и уметностите. Нивниот развој започнува по ослободувањето на Македонија и воспоставувањето на државноста. Во Македонија работат 6 универзитети, четири државни и два приватни. Државни универзитети се: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (1946); Универзитет „Св. Климент Охридски“ –… Continue reading УНИВЕРЗИТЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА МАТЕМАТИЧКО-ТЕХНИЧКИ НАУКИ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА МАТЕМАТИЧКО-ТЕХНИЧКИ НАУКИ (УЦМТН) – организациона единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ формирана во текот на реформата на Универзитетот во 1976 г. Во него членувале: Архитектонскиот факултет, Вишата техничка школа во Битола, Градежниот факултет, Електротехничкиот Лабораторијата на ИЗИИС факултет, ИЗИИС, Математичкиот факултет, Машинскиот факултет, Технолошкиот факултет, Факултетот за металургија и рударство, Факултетот… Continue reading УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА МАТЕМАТИЧКО-ТЕХНИЧКИ НАУКИ
УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА
УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА. Се јавува на Филозофскиот факултет во Скопје со формирањето на Југословенски шаховски клуб, Здружение на студенти – планинари и Југословенски аероклуб (1935). Подоцна било формирано и Академско спортско здружение со неколку секции (1938). По Ослободувањето квалитетните спорт-ски активности се одвиваат во Академското спортско друштво „Студент“ во Скопје (од 1945), со повеќе… Continue reading УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА
УНКОВСКИ, Слободан
УНКОВСКИ, Слободан (Скопје, 17. Ⅷ 1948) – режисер. Завршил Театарска академија во Белград, Отсек за режија (1971). Во Драмскиот театар во Скопје работел како драматург и режисер од 1971 г. Од 1990 г. станал редовен професор на ФДУ во Скопје, каде што води класа за театарска режија. Предавал на Отсекот за драма на постдипломските студии… Continue reading УНКОВСКИ, Слободан
УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ
УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ – дел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Службата постои од 1947 г. и има задача да ги следи процесите во атмосферата, во водните текови и општо квалитетот на животната средина, да прави прогнози и да обезбедува информации за населението. За таа цел во Република Македонијапостојат неколку десетици станици за… Continue reading УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ
УРАН, Никифор
УРАН, Никифор (Џ–Ⅺ в.) – византиски војсководец, победник над Самуил (996). По бегството од заробеништво во Багдад, од Василиј Ⅱ бил назначен за доместик на Западот, потоа и за дукс во Солун (996). Ја вратил Лариса и го поразил Самуил кај р. Сперхеј (летото 996), по што триумфално се вратил во Цариград. ЛИТ.: С. Антолјак,… Continue reading УРАН, Никифор
УРБАН, св
УРБАН, св. (И в.) – еден од 70-те апостоли, Македонец, се спомнува во Библијата (Рим. 16, 9) како соработник на апостолите Андреј и Павле. Бил архиереј во Македонија, поставен од апостол Андреј, според свети Димитриј Ростов-ски. Тој пострадал маченички; се празнува на 13 ноември. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Послание на светиот апостол Павле до Римјаните, Скопје,… Continue reading УРБАН, св
УРБАНА СРЕДИНА
УРБАНА СРЕДИНА – претставува дел од животната средина, која човекот потполно ја изменил со објектите што ги изградил и ги гради (згради, патишта, улици, производни погони, културни центри, здравствени и образовни институции и др.), со кои наполно се изменети хидротермичките услови на животната средина. Затоа урбаната средина, според начинот на својата егзистенција, преставува хетеротрофен систем,… Continue reading УРБАНА СРЕДИНА
УРДАРЕВСКИ-СТАНКО, Александар
УРДАРЕВСКИ-СТАНКО, Александар (с. Чучер, Скопско, 1920 – Градец, Косово, 1. Ⅱ 1943) – учесник во НОБ. Завршил средно земјоделско училиште во Неготин и студирал на Земјоделскиот факултет во Белград. Бил член на СКОЈ (1938) и на КПЈ (1939). По Априлската војна се вратил во Македонија, се поврзал со организацијата на КПЈ во Скопје и работел… Continue reading УРДАРЕВСКИ-СТАНКО, Александар
УРДИН, Киро
УРДИН, Киро (Струмица, 12. Ⅴ 1945) – сликар, член на МАНУ надвор од работниот состав. Живее во Франција. Дипломирал на Академијата за филм во Париз (1977). Мошне активен како сликар и филмски работник во пове-Киро Урдин: „Кинески ѕид“ (1998) ќе земји во светот. Се определува за поетско толкување на појавите. Изразот е експресионистички со спонтани… Continue reading УРДИН, Киро
УРДИН, Кочо
УРДИН, Кочо (Струмица, 4. Ⅶ 1930 – Скопје, 27. Ⅵ 2008) – општественик и културен деец, раскажувач, романсиер, драмски писател и публицист. Првин студирал книжевност во Белград и во Скопје, а потоа дипломирал на Високата школа за политички науки во Белград. Бил директор на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица и основач на Работничкиот универзитет,… Continue reading УРДИН, Кочо
УРДОВ, Ѓорги
УРДОВ, Ѓорги (Џоџо) (Воден, Егејскиот дел на Македонија, 1914 – Пиерија, 21. Ⅵ 1947) – припадник на македонското и на грчкото комунистичко движење. Бил член на КПГ, учесник во Антифашистичкиот отпор (1941), организационен секретар на КПГ за Воденско (1942) и член на Обласниот комитет на КПГ за Македонија и Тракија (1943). Бил на раководни должности… Continue reading УРДОВ, Ѓорги
УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ
УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ – трајно водење и планирање на стопанисувањето со шумите; во поширока смисла, приспособување (организирање) на шумското производство за потребите на општеството. Со текот на времето се менувале потребите на општеството, а со тоа се менувале и методите за уредување на шумите, соодветно на намените за кои се користеле (лов, производство на огревно… Continue reading УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ
УРЛИХ, Антон
УРЛИХ, Антон (Загреб, 24. Ⅸ 1902 – Загреб, 27. Ⅲ 1998) – архитект, вонреден професор на Техничкиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот оддел при Уметничката академија во Виена (1927). Од 1949 до 1953 г. живее и работи во Скопје. Го предава предметот Проектирање станбени и општествени згради. Се занимава со архитектонско проектирање и учествувал… Continue reading УРЛИХ, Антон
УРОВ
УРОВ (Вициа ервилиа Њилд.; Ервум ервилиа Л.) – едногодишна мешункеста култура од фам. Фабацеае. Во минатото оваа култура била една од најраспространетите фуражни култури во РМ, а во некои реони и единствена. Зрното се употребувало како концентрат за добитокот. Се користат зрното и целото растение. Има кратка вегетација (90–100 дена). Се користи и како додаток… Continue reading УРОВ
УРОШЕВИЌ, Атанасие
УРОШЕВИЌ, Атанасие (Гнилане, 14. Ⅹ 1898 – Белград, 16. Х 1992) – унив. професор, географ. Средно образование завршил во Скопје, каде што и дипломирал на Филозофскиот факултет, на Географско-етнолошката група. Докторирал во Белград (1929), а потоа бил избран за доцент на Групата географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Втората светска војна ја минал како воен… Continue reading УРОШЕВИЌ, Атанасие