УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА МАТЕМАТИЧКО-ТЕХНИЧКИ НАУКИ

УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА МАТЕМАТИЧКО-ТЕХНИЧКИ НАУКИ (УЦМТН) – организациона единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ формирана во текот на реформата на Универзитетот во 1976 г. Во него членувале: Архитектонскиот факултет, Вишата техничка школа во Битола, Градежниот факултет, Електротехничкиот Лабораторијата на ИЗИИС факултет, ИЗИИС, Математичкиот факултет, Машинскиот факултет, Технолошкиот факултет, Факултетот за металургија и рударство, Факултетот за физика и Хемискиот факултет. УЦМТН и другите универзитетски центри требало да претставуваат основа за оформување модерен универзитет, со концентрирање, според матичноста, на сите универзитетски кадри од дадена област во ист факултет. Иако имало позитивни резултати, реформата не била доследно спроведена, а универзитетските центри престанале да постојат во 1985 г. ЛИТ.: Самоуправна преобразба на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Скопје, 1978. Б. ш.