ТРАТ . (Фомес фоментариус (Л.: Фр. Кицкс) – опасна паразитска габа, што најчесто расте на букови стебла. Во минатото се користела за потпалување Трат оган. М. К.
Архиви: Енциклопедија
Description.
ТРАХЕАТИ
ТРАХЕАТИ (Трацхеата)– членконоги организми. Морфолошкофизиолошки се приспособиле за живот на копно. Дишат со разгранет систем од воздушни цевчиња – трахеи, според кои го добиле името. Поседуваат еден пар антени, а главата им е јасно одделена од трупот. Во Македонија, во споредба Градскиот трговски центар, Скопје со другите организми, се застапени со огромен број таксони 6.405… Continue reading ТРАХЕАТИ
ТРБИЌ, Воислав
ТРБИЌ, Воислав (Војче) (Прилеп,?– Рилево, Прилепско, 1946) – четнички војвода во Македонија, припадник на движењето на Дража Михајловиќ, син на српскиот четнички војвода Василие Трбиќ. Во Македонија дошол во 1942 г. со цел во Велешката, Поречката и Прилепската околија и во Скопје да формира четнички штабови и да ја воспостави четничката организација на Дража Михајловиќ.… Continue reading ТРБИЌ, Воислав
ТРГОВИЈА
ТРГОВИЈА – еден од најзначајните услужни сектори, чиј развој е најдиректно условен од општиот развој на економијата и од развојот на апсорпционата моќ на пазарите (бројот на населението и големината на доходот), како и на транспортот и комуникациите. Трговијата во Македонија беше на добар глас во средниот век, па с“ до ⅩⅤⅠⅠ век. Меѓу двете… Continue reading ТРГОВИЈА
ТРГОВСКА ШКОЛА
ТРГОВСКА ШКОЛА – прво стручно училиште во Македонија, отворено во Велес (1857) од факултетски образованиот српски учител Јован Нешковиќ (завршил филозофски и правни науки во Пешта). Училиштето имало два класа; во првиот се изучувале општообразовни предмети (граматика, историја, природознание, стокознание, аритметика, германски јазик и др.), а во вториот – предмети од областа на трговијата (трговски… Continue reading ТРГОВСКА ШКОЛА
ТРЕБЕНИШТА
ТРЕБЕНИШТА – ОХРИД – пространа некропола со погребувања вршени во периодот од Ⅶ до Ⅳ в. пр.н.е. Се протега на три микролокации (Сува Чешма, Три Чељусти и Вртуљка) на 10-тина км северно од Охрид, во атарот на денешното с. Горенци. Првпат е откриена во 1918 г., истражувана во неколку наврати во 30-тите и во 50-тите… Continue reading ТРЕБЕНИШТА
ТРЕБЕНИШТА Ⅵ Ⅴ ВЕК ПРЕД Н
ТРЕБЕНИШТА Ⅵ – Ⅴ ВЕК ПРЕД Н. Е. Уредил: Паско Кузман гатството на гробните прилози. Сите датираат од последните 3 децении на Ⅵ в. пр.н.е. Меѓу богатите гробни прилози како најзначајни се издвојуваат оние што потекнуваат од најголемите занаетчиско-уметнички центри (бронзени садови, бронзени шлемови, железно дефанзивно и офанзивно оружје, златен и сребрен накит, црнофигурална античка… Continue reading ТРЕБЕНИШТА Ⅵ Ⅴ ВЕК ПРЕД Н
ТРЕВЕН
ТРЕВЕН – народно именување на четвртиот месец во годината – април. С. Мл.
ТРЕНЕВСКИ, Злате
ТРЕНЕВСКИ, Злате (с. Кленоец, Кичевско, 10. Ⅹ 1916 – Скопје, ? 2006) – првоборец. Бил член на КПЈ (1941), борец во Партизанската група „Козјак“, еден од организторите на НОД во Кичевско, курир на ГШ на НОВ и ПОМ, секретар на Околискиот комитет на КПМ во Кичево, избран делегат за Второто заседание на АВНОЈ и делегат… Continue reading ТРЕНЕВСКИ, Злате
ТРЕНЧЕВСКИ, Костадин Глигоров
ТРЕНЧЕВСКИ, Костадин Глигоров (Кавадарци, 27. Ⅱ 1960) – математичар, ред. проф. (2001) на Костадин Тренчевски ПМФ. Дипломирал (1982) на Математичкиот факултет, магистрирал (1986) и докторирал на ПМФ (1990) со темата „Тензорско интегрирање на многуобразија и обопштување на Стоксовата теорема“. Како автор и коавтор има објавено повеќе од 100 научни трудови (во областите: диференцијална геометрија, диференцијални… Continue reading ТРЕНЧЕВСКИ, Костадин Глигоров
ТРЕСЕНИЦА
„ТРЕСЕНИЦА“ – македонско женско народно оро од Мариовско, во метар 2/4. Играорките се движат без меѓусебно држење, со типично држење на рацете во триаголна позиција од 900 со хоризонтално крената подлактица во висината на рамото и дланките отворени кон главата. Темпото е умерено, со балансирање на колковите, а се застапени и мимичкодрамски елементи (тресење на… Continue reading ТРЕСЕНИЦА
ТРЕСИОПАШКИ или ОВЧАРКИ
ТРЕСИОПАШКИ или ОВЧАРКИ (Мотацилла) – род мали птици од фамилијата тресиопашки (Мотациллидае), од кои кај нас се среќаваат 3 вида: мала тресиопашка (Мотацилла алба), жолта тресиопашка (Мотацилла флава) и планинска тресиопашка (Мотацилла цинереа). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф… Continue reading ТРЕСИОПАШКИ или ОВЧАРКИ
ТРЕСКА
ТРЕСКА – десна притока на р. Вардар. Извира во Копачка, од карстниот извор Извор во истоименото село, на височина од 760 м, а се влива во Скопската Котлина, кај Сарај, на височина од 261 м. Долга е 127 км, има вкупен пад од 499 м и просечен пад од 3,9‰. Сливот зафаќа површина од 2.068… Continue reading ТРЕСКА
ТРЕСКАВЕЦ
ТРЕСКАВЕЦ (Прилеп) – манастирски комплекс со средновековна црква „Св. Успение Богородичино“ од ⅩⅣ в. Во црквата се вградени мермерни споменици од римскиот период и парапетни плочи од олтарна преграда од ранохристијански објект. Ранохристијанскиот објект е подигнат во првата половина на Ⅵ век. Со него можат да се поврзат остатоците од темели на апсида од постара… Continue reading ТРЕСКАВЕЦ
ТРЕСКАВЕЧКИ ЕУХОЛОГИУМ
ТРЕСКАВЕЧКИ ЕУХОЛОГИУМ – македонски ракопис од втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ век. Се чува во Јагелонската библ. во Краков (Полска), сигн. БЈ 932 Пишуван е на пергамент и хартија (10 л.), а вкупно има 123 л. Најголемиот дел од кодексот е грчко-словенски палимпсест. Ракописот е поврзан со книжевната дејност во манастирот Трескавец, како и другите ракописи… Continue reading ТРЕСКАВЕЧКИ ЕУХОЛОГИУМ
ТРЕТ АРХИЕПИСКОПСКИ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР
ТРЕТ АРХИЕПИСКОПСКИ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР (Охрид, 17–18. Ⅶ 1967) – одржан во црквата „Св. Богородица Перивлепта“(„Св. Климент“). Соборот едногласно усвоил посебна Резолуција (17. Ⅶ) со која од името на сето свештенство и на православниот македонски народ Синодот да ја прогласи Македонската православна црква за автокефална. Утредента (18. Ⅶ 1967) била донесена Одлука за прогласување на автокефалноста… Continue reading ТРЕТ АРХИЕПИСКОПСКИ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР
ТРЕТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА
ТРЕТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА – автономна административна, политичка и економска об-ласт, формирана по паѓањето на Манастирот Трескавец (ⅩⅣ в.) Македонија под римска власт (168 г. пр. н.е.), со решение на римскиот сенат, кое им го соопштил на Македонците римскиот конзул Емилиј Павел, на собранието во Амфиполис (167 г. пр. н.е.). Ги зафаќала териториите помеѓу реките Вардар… Continue reading ТРЕТА МАКЕДОНСКА МЕРИДА
ТРЕТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА
ТРЕТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА (с. Жегљане, Кумановско, 26. Ⅱ – с. Лисиче, Велешко, 7. Ⅸ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ, формирана од Битолско-преспанскиот народноослободителен баталјон „Стефан Наумов – Стив“ и кумановските народноослободителни баталјони „Јордан Николов – Орце“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“. Во својот борбен пат го разбила Вардарскиот четнички корпус… Continue reading ТРЕТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА
ТРЕТА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА
ТРЕТА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА (171–168) – ја водел кралот Персеј (179–168), кој создал силна коалиција против Рим. Склучил сојуз со Илирите и со Тракијците, се договорил со Скордисците и со Бастарните да ја нападнат Италија од север, ги привлекол на своја страна Родос и демократските сили во Грција. Ги повикал да се вратат во земјата и… Continue reading ТРЕТА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА
ТРЕТИ КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
ТРЕТИ КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (летото – септември 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Формиран како реонски партизански одред, наскоро влегол во составот на Четириесет и осмата (македонска) дивизија на НОВЈ. ИЗВ.: Кичево и Кичевско во НОВ 1941– 1945. Документи, Кичево, 1985. ЛИТ.: Хронологија на настани од Народноослободителната војна 1941–1945 година во Кичево… Continue reading ТРЕТИ КИЧЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
ТРЕТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ
ТРЕТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ .(Скопје, 14 – 16 Ⅳ 1945) – познато и како Второ вонредно заседание. Биле разгледани извештаите за работата на Президиумот на АСНОМ и на неговите поверенства во перодот меѓу заседанијата. Особено позитивно биле оценети првите избори организирани во март 1945 г., како пр-ви „слободни“ избори. Биле усвоени конститутивните акти: Законот со… Continue reading ТРЕТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ
ТРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НО БРИГАДА
ТРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НО БРИГАДА (с. Митрашинци, Беровско, 17. Ⅸ – 6. ⅩⅠⅠ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 800 новопристигнати борци од Малешевијата, во состав на Педесеттата (македонска) дивизија на (1982), синот на Милорад. Поради тие околности името на групата е сменето од „Браќа Гавровски“ во „Трио Гавровски“. Учествувале… Continue reading ТРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НО БРИГАДА
ТРИО ГАВРОВСКИ
ТРИО ГАВРОВСКИ – пеачка група од с. Сиричино, Тетовско. Првите снимки на изворни народни песни од Тетовскиот крај за Радио Скопје ги направиле пред три децении. Во почетокот триото го сочинувале браќата Милорад (1942), Васо (1944) и Славко (1952). По напуштањето на составот од страна на Славко, во 1999 г. неговото место го зазел Мирослав… Continue reading ТРИО ГАВРОВСКИ
ТРИПТИХ
ТРИПТИХ – најмал иконостас од три сврзани икони што се чува во домот на македонско православно семејство (особено во Галичко, Гостиварско, Тетовско, Дебарско, Кичевско и Битолско), пред кој се пали кандило и свеќа на големите празници и на значајни денови и настани за семејството, а свештеникот пред нив ги извршува свештенодејствијата. Рат. Гр.