СИМОВ, Лазар (Тетово, 1907 – Скопје, 1998) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1961 до пензионирањето во 1977 г.) по предмети од областа на дрвените и масивните конструкции. Дипломирал во Белград (1932), од 1933 г. е на служба во разни делови на Македонија. На Техничкиот факултет бил од основањето во… Continue reading СИМОВ, Лазар
Архиви: Енциклопедија
Description.
СИМОВСКИ, Андон
СИМОВСКИ, Андон (Крушево, 8. Ⅵ 1926) – унив. професор. Завршил Државен институт за физичка култура во Белград (1954). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1976) со темата „Физичкото воспитание во средните училишта во Вардарска Македонија помеѓу двете светски војни (1918–1941)“, а хабилитирал на Факултетот за физичка култура во Скопје (1980) со темата „Методика и биомеханичка… Continue reading СИМОВСКИ, Андон
СИМОВСКИ, Тодор Христов
СИМОВСКИ, Тодор Христов (с. Извор, Гуменџиско, Егејскиот дел на Македонија, 14. Ⅱ 1924 – Скопје, 4. И 1998) – историчар, стручен советник во ИНИ, картограф, публицист, борец и национално-политички деец. Завршил Филозофски факултет (Група историја) во Скопје и од 1952 г. до пензионирањето работел во ИНИ како истражувач на новата историја на Егејскиот дел на… Continue reading СИМОВСКИ, Тодор Христов
СИМОВСКИ, Томислав
СИМОВСКИ, Томислав (Битола, 18. Ⅳ 1929 – Скопје, 23. И 1987) – новинар, дипломат, општественик. По завршувањето на Високата политичка школа во Белград, извршувал повеќе должности во Управата на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи (1952–1964). Бил директор на Радио Скопје (1964–1972). Следните три години ги минал како генерален конзул на СФРЈ во Торонто (Канада), а… Continue reading СИМОВСКИ, Томислав
СИМОН
СИМОНОВСКИ, Методија Мирков
СИМОНОВСКИ, Методија Мирков (Прилеп, 14. Ⅲ 1927) – етномузиколог и поет за деца. Како виш стручен соработник на Институтот за фолклор во Скопје (1. ⅩⅠⅠ 1950 – 31. ⅩⅠⅠ 1965), мелографирал голем број македонски народни песни и објавил неколку статии за македонскиот музички фолклор – за ориентализмите во тоналната градба (1959), за рефрените (1960), за… Continue reading СИМОНОВСКИ, Методија Мирков
СИМОНОВСКИ, Методија Николов
СИМОНОВСКИ, Методија Николов (Ѓавато, Битола, 18. Ⅹ 1941) – редовен професор на Ст. ф. во Скопје, спец. по болести на устата и забите. Докторирал во 1982 г. и негова преокупација е хируршкиот третман на пародоналните дефекти. Престојувал во Москва (Русија), Бостон и Колумбус (САД). Публикувал 110 статии. Учествувал во изработката на научни проекти. Во два… Continue reading СИМОНОВСКИ, Методија Николов
СИМОНЧЕ, Владимир
СИМОНЧЕ, Владимир (Охрид, 8. Ⅴ 1934) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1979 до пензионирањето во 1999 г.) по предмети од областа на теоријата на конструкциите. Го завршил Градежниот факултет во Скопје, каде што ја одбранил и докторската дисертација (1977). Се усовршувал во САД (1968–1969) и во Велика Британија (1974–75).… Continue reading СИМОНЧЕ, Владимир
СИНАГОГА АРАГОН
СИНАГОГА АРАГОН (ⅩⅤⅠ в.) – централен храм на арагонските (шпански) Евреи во Битола. Во Тора арката постоел Тора свиток донесен од Арагон (ⅩⅤ в.). Во храмот служеле многу познати рабини, како: Адижес Давид (1575), Аврахам Фалкон (1643), шмуел Чадок (крајот на ⅩⅤⅠⅠ в.), Бенјамин Медина (1730), Аврахам бен Јехуда де Бу-тон (1760), Давид де Бутон… Continue reading СИНАГОГА АРАГОН
СИНАГОГА БЕТ АРОН
СИНАГОГА „БЕТ АРОН“ (Скопје, 1366) – еврејски храм. Се наоѓала во Еврејското маало во Скопје. Ја изградило романиотското еврејско население во Скопје, пред доаѓањето на Сефардите прогонети од Иберија. По опожарувањата (1628 и 1637) била обновувана, за што сведочел и натписот на плочата над главниот влез во храмот. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из… Continue reading СИНАГОГА БЕТ АРОН
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ АРИБА
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ АРИБА (Скопје – ?) – еврејска мала синагога во Еврејското маало. Била активна само на големите празници кога големата синагога не можела да ги прими сите верници. Во објектот биле сместени канцелариите на Општината, како и верското училиште. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац,… Continue reading СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ АРИБА
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ ЛОС МОНАСТИРЛИС
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ ЛОС МОНАСТИРЛИС (Солун, 1928) – еврејски храм. Била една од најубавите синагоги во Солун, изградена од Евреите од Битола доселени по Првата светска војна (околу 150 семејства). За изградбата на храмот главен донатор било семејството Ароести. Таа е единствената синагога во Солун што во Втората светска војна останала неоштетена, но ограбена.… Continue reading СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ ЛОС МОНАСТИРЛИС
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ МУЕВО ДЕ АБАШО
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ МУЕВО ДЕ АБАШО (Скопје, крајот на ⅩⅠⅩ в.) – еврејски храм. Се наоѓала на местото на синагогата „Бет Јаков“ во средината на Еврејското маало. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.
СИНАГОГА ПОРТУГЕЗЕ
СИНАГОГА ПОРТУГЕЗЕ (Битола, ⅩⅤⅠ в.) – централен храм на португалските Евреи во Битола. Во Првата светска војна при бомбардирањето на Битола (1917) синагогата била погодена и изгорела до темел. Не била обновена. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839-1943, Нењ Ѕорк,… Continue reading СИНАГОГА ПОРТУГЕЗЕ
СИНАДИН, Теодор
СИНАДИН, Теодор (ок. 1280 – ок. 1346) – византиски благородник и војсководец, протостратор, намесник на Прилеп и на околните гратчиња и предели на Македонија (до 1320) и на Солун (1340/41–1342). Во граѓанската војна во Византија (1321–1328) го поддржувал Андроник Ⅲ Палеолог. Како негов близок соработник, дваесет години (1321–1342) заземал високи должности во Византија. ЛИТ.: Љ.… Continue reading СИНАДИН, Теодор
СИНАДИНОВСКИ, Ѓорѓи
СИНАДИНОВСКИ, Ѓорѓи (Гостивар, 26. Ⅹ 1930) – физичар, ред. проф. (1979) на ПМФ. Дипломирал (1955) на Филозофскиот факултет на групата за физика. Докторирал (1974) на ПМФ со истражување на фазната дијаграма на легури од кадмиум и калај врз база на нивните електрични својства. Специјализирал во Загреб и шефилд. Автор е на неколку средношколски учебници и… Continue reading СИНАДИНОВСКИ, Ѓорѓи
СИНАИТСКИ, Теодосија
СИНАИТСКИ, Теодосија – (Дојран, ок. 1780 – Солун, ок. 1844) – книгоиздавач, печатар, преведувач и публицист. Учел во Цариград, престојувал како монах во Синајскиот манастир (денешен Египет), живеел и работел како свештеник во Солун и бил и таксидиот на Синајскиот манастир. Го вбројуваат меѓу првите печатари во Македонија, бидејќи со припомош на тиквешанецот Даскал Камче,… Continue reading СИНАИТСКИ, Теодосија
СИНАЈСКИ ЕУХОЛОГИУМ
СИНАЈСКИ ЕУХОЛОГИУМ – глаголички стсл. ракопис од Ⅺ в. со мак. јазични особености. Поголемиот дел од кодексот се чува во манастирот „Св. Катерина“ на Синај и заедно со новооткриените 28 л. со сигн. Син. Слав. МС 37 таму има „СИНТЕЗИС“ С 134 листови. Во РНБ – поранешната Публична библ. (ГПБ) во Санкт-Петербург се чуваат последните… Continue reading СИНАЈСКИ ЕУХОЛОГИУМ
СИНАЈСКИ МАЛ МИНЕЈ
СИНАЈСКИ МАЛ МИНЕЈ – в. Фрагменти на глаголички старословенски текстови. СИНАЈСКИ МИСАЛ 5/Н – глаголички ракопис од Ⅺ в. (Тарнанидис) или Ⅹ в. (Велчева), кој содржи 80 лошо зачувани листови. Откриен во 1975 г. во ман. „Св. Катарина“ на Синај, каде што се чува под сигн. Слав. МС 5/Н. Текстот се поврзува со великоморавскиот период… Continue reading СИНАЈСКИ МАЛ МИНЕЈ
СИНАЈСКИ ПАЛИМПСЕСТ
СИНАЈСКИ ПАЛИМПСЕСТ – македонски ракопис од крајот на ⅩⅠⅠ – поч. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Најден е на Синај, од каде што го носи името, а се чува во Руската национална библ. во С. Петербург, сигн. Греч. 70, поради тоа што делови од кодексот се испишани врз избришан грчки текст од Ⅺ в., т. е. станува… Continue reading СИНАЈСКИ ПАЛИМПСЕСТ
СИНАЈСКИ ПСАЛТИР
СИНАЈСКИ ПСАЛТИР – глаголички псалтир од Ⅺ в., вкупно 207 л. (177 л. Син + 32 л. Син). Стариот дел е пронајден во 1850 г. од арх. Порфириј Успенски во ман. „Св. Катарина“ на Синај, новиот дел во 1975 г. во истиот манастир, каде што двата дела се чуваат, сигн. Син. Слав. МС 38 и… Continue reading СИНАЈСКИ ПСАЛТИР
СИНАНИ, Азир
СИНАНИ, Азир (с. Арнакија, Скопско, 1927) – работник. Бил учесник во НОАВМ (1944) и демобилизиран како резервен поручник на ЈНА. По Ослободувањето ја завршил Средната партиска школа во Скопје и бил на разни должности во народната власт (1944–1951), а потоа народен пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ. С. Мл.
СИНАНИ, Етиш
СИНАНИ, Етиш (с. Ваксинце, Кумановско, 1914) – рударски надзорник во Рудникот за хром „Лојане“. Пред Втората светска војна му припаѓал на напредното работничко движење. По Ослободувањето, како рудар, бил народен пратеник во Соборот на производителите на Народното собрание на НРМ и член на Пленумот на Синдикатот на металците на Југославија. С. Мл. „
СИНТЕЗИС
СИНТЕЗИС“ – македонска музичка група. Формирана е во 1995 г. (првото име ДД „Синтезис“). Комбинирајќи ја македонската традиционална музика со модерните аранжмани, создава специфичен стил во кој народните инструменти (гајда, кавал, зурла, тапан, тамбура) звучат заедно со современиот синтесајзер. Групата одржала над 100 концерти низ целиот свет и учествувала на голем број светски реномирани фестивали.… Continue reading СИНТЕЗИС