СИНАНИ, Етиш

СИНАНИ, Етиш (с. Ваксинце, Кумановско, 1914) – рударски надзорник во Рудникот за хром „Лојане“. Пред Втората светска војна му припаѓал на напредното работничко движење. По Ослободувањето, како рудар, бил народен пратеник во Соборот на производителите на Народното собрание на НРМ и член на Пленумот на Синдикатот на металците на Југославија. С. Мл. „