СВЕШТЕНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА

СВЕШТЕНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА (Скопје, 8–10. Ⅴ 1946) – историски собир со учество на 128 свештеници од цела Македонија. Конференцијата донела Резолуција во која се барало Црквата во Македонија да има народни архијереи и свештенство и самоуправност во решавањето на сите внатрешни црковно-народни прашања, народните архијереи да ги избира народот и свештенството, да се работи на формирање… Continue reading СВЕШТЕНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА

СВЕШТЕНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА

СВЕШТЕНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА (31. ⅩⅠⅠ 1947) – основано во зградата на Митрополијата во Скопје, со учество на свештеници од цела Македонија. По основањето станало рамноправен член на Сојузот на свештеничките здруженија на православните свештеници на Југославија. Ја добило поддршката од сите свештеници и здруженија за создавање на Македонската православна црква, искажана и на Вториот… Continue reading СВЕШТЕНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА

СВИЛАРКИ

СВИЛАРКИ (Бомбѕциллидае) – мали птици од подредот на птиципејачки (Осцинес). Кај нас се среќава само еден вид: свиларка (Бомбѕцилла гаррулус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Свиларка Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн Палаеарцтиц, Гласгоњ, 1982. Св. П. – В.… Continue reading СВИЛАРКИ

СВИЊА, ДИВА

СВИЊА, ДИВА (Сус сцрофа) – крупен цица£ од редот парнокопитни (Артиодацтѕла), со цврсто градено тело, со кратки нозе и со издолжена глава која завршува со конусо-видна рилка. Во Македонија е широко распространета во ридско планинските региони. ЛИТ.: С. Петковски – Б. Крѕстуфек, Цицачина Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл–Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек,… Continue reading СВИЊА, ДИВА

СВРАЧИЊА

СВРАЧИЊА (Ланиидае) – фамилија мали грабливи птици од подредот птиципејачки (Осцинес), од која во Македонија се регистрирани 5 видови: црвеногрбо свраче (Ланиус цоллурио), црвеноглаво свраче (Ланиус сенатор), белочелно свраче Црвеногрбо свраче (Ланиус нубицус), мало сиво свраче (Ланиус минор) и големо сиво свраче (Ланиус еџцубитор). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе… Continue reading СВРАЧИЊА

СВТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ

СВТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ“ – манастирска црква во с. Зрзе (Прилепско). Комплексот се состои од средишна еднокорабна црква со полуобличест свод, „Св. Преображение“, црквата „Св. Петар и Павле“, надворешна припрата на западната страна и градбата на црквата од јужната страна. Споменатите цркви што го сочинуваат комплексот потекнуваат од различни временски периоди. Најстарата, „Св. Преображение“, според зачуваниот натпис,… Continue reading СВТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ

СЕБУГАРСКИ СОЈУЗ ОТЕЦ ПАИСИЈ

СЕБУГАРСКИ СОЈУЗ „ОТЕЦ ПАИСИЈ“ (1941–1944) – бугарска фашистичка организација формирана во 1927 г. Во Македонија била формирана во 1941 г. Целта $ била да ја шири бугарската пропаганда во Македонија, меѓу младината во основните и во средните училишта, за „обединување на Бугарите во границите на Бугарија и надвор од неа во името на високите национални… Continue reading СЕБУГАРСКИ СОЈУЗ ОТЕЦ ПАИСИЈ

СЕВРСКИ ДОГОВОР

СЕВРСКИ ДОГОВОР (1920) – договор склучен меѓу главните сојузници и придружните сили: Велика Британија, Франција, Италија и Јапонија, од една страна, и Грција од другата страна. Со него на Бугарија $ била одземена Тракија (чл. 48 од Договорот за мир во Неј, 27. Ⅺ 1919) и $ била доделена на Грција. На Бугарија $ се… Continue reading СЕВРСКИ ДОГОВОР

СЕДИМЕНТНИ КАРПИ

СЕДИМЕНТНИ КАРПИ – уште се нарекуваат и таложни карпи. По начинот на настанувањето се издвојуваат четири групи: вулканокластични, кластични, хемиски и органогени седиментни карпи. Седиментните карпи настануваат на Земјината површина и процесот на нивното настанување опфаќа неколку стадиуми: површинско распаѓање, транспорт, седиментација и дијагенеза. Во групата на вулканокластичните седиментни карпи се вбројуваат: лавобречите, вулканските бречи,… Continue reading СЕДИМЕНТНИ КАРПИ

СЕДМА МАКЕДОНСКА

СЕДМА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Зборско на пл. Кожуф, Егејскиот дел на Макекдонија, 22. Ⅷ 1944 – мај 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од битолскиот НО баталјон „Стив Наумов“ од составот на Втората македонска НОУБ и новопристигнати борци од Битолско. По формирањето преминала во Битолско, каде што ги напаѓала… Continue reading СЕДМА МАКЕДОНСКА

СЕДУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

СЕДУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Жељувино, Кумановско, почетокот на октомври – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од Кривопаланечкиот и Кратовскиот територијален НОПО и новопристигнати борци од Кумановско, Кривопаланечко, Кратовско и Светиниколско. Таа ја штитела слободната територија во Козјачијата и ги напаѓала комуникациите Крива Паланка-Куманово и СкопјеКуманово по кои се… Continue reading СЕДУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

СЕИДИ, шабан

СЕИДИ, шабан (с. Блаце, Скопско, 16. Ⅺ 1959) – професор по физичка култура, борач. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје (1989). Бил член на Боречкиот клуб „Скопје“ во Скопје. Најдобри резултати му се: на шест младински балкански првенства слободен стил (1974–1979) – 4 златни и 1 сребрен медал; на единаесет европски првенства (1975–1987) –… Continue reading СЕИДИ, шабан

СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА

СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА – оддел на ПМФ во Скопје, создаден за систематско следење на сеизмичката активност во Македонија. Сместена е на падините на Водно, во изградба од 1957 г., кога се монтирани и првите инструменти. Денес поседува понови простории и современи аналогни и дигитални инструменти на неколку локации во Македонија што се компјутерски поврзани за брзо… Continue reading СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА

СЕЈФУЛА-ОРАК, Кемал

СЕЈФУЛА-ОРАК, Кемал (Скопје, 2. Ⅱ 1921 – Скопје, 1978) – чибукчија, комунистички деец, првоборец политичар и дипломат; Турчин. Бил член на Урсовите синдикати, на Друштвото „Јард’н“, на СКОЈ (од 1939) и на КПЈ (од 1941) и организатор на турските и албанските средини од Скопје во НОБ. Бил борец на првиот Скопски НОПО (1941). Извесно време… Continue reading СЕЈФУЛА-ОРАК, Кемал

СЕЈФУЛА-ХАСАНОВА, Кевсер

СЕЈФУЛА-ХАСАНОВА, Кевсер (Скопје, 28. Ⅺ 1921) – учесник во НОБ. По фашистичката окупација на Македонија му пристапила на НОД и станала член на СКОЈ (1941). Во учебната 1941/42 г. била на студии на Земјоделскиот факултет во Софија. Била организатор на турската женска младина за учество во НОД. Подоцна се вклучила како борец на шеснаесеттата македонска… Continue reading СЕЈФУЛА-ХАСАНОВА, Кевсер

СЕЈФУЛА, Љутви Лола

СЕЈФУЛА, Љутви Лола (Лутфу Сеѕфуллах) (Скопје, 15. И 1926 – Скопје, 26. Ⅵ 2005) – актер. Во Турската драма на Театарот на народностите во Скопје е од 1950 г. до пензионирањето (1985). Учествувал и во повеќе филмски и телевизиски проекти кај нас и во Турција. Автор е на неколку пиеси играни на сцената на матичниот… Continue reading СЕЈФУЛА, Љутви Лола

СЕКВОЈА

СЕКВОЈА (Сељуоиадендрон Буцх. и Сељуоиа Ендл., фам. Таџодиацеае) – во овие два монотипски рода спаѓаат само двата вида секвои – џиновската Сељуоиадендрон гигантеум Секвоја Бусцх и крајбрежната Сељуоиа семпервиренс Ендл. Најголеми дрва на светот (над 100 м), по потекло од пацифичкиот брег на Северна Америка. Првата има куси, триаголни шиловидни иглички, прилегнати кон леторастот, и… Continue reading СЕКВОЈА

СЕКУЛИЧКИ, Марко С

СЕКУЛИЧКИ, Марко С. (с. Секулица, Кратовско, ? – ќустендил, 1925) – припадник на ТМОРО. Бил член во ајдутска дружина што дејствувала во Кратовско, Кумановско, Велешко (1870–1876). Учествувал во Српско-бугарската војна (1885). Од 1904 г. станал пунктов началник на ТМОРО во ќустендил. Учествувал и во Балканските војни. ИЗВ. и ЛИТ.: Освободителното движение в Македони® и Одринско… Continue reading СЕКУЛИЧКИ, Марко С

СЕКУЛОСКИ, Апостол Грозданов

СЕКУЛОСКИ, Апостол Грозданов (с. Облаково, Битолско, 1876 – Прилеп, 27. Ⅷ 1936) – слеп гуслар. Ослепел неколку недели по раѓањето. Како десетгодишно момче, во согласност со неговите родители, во својот дом во Прилеп го прибрал Коле Лауц. По десетина години почнал самостојно да настапува или во тајфи. Во 1896 г. оформил своја тајфа и го… Continue reading СЕКУЛОСКИ, Апостол Грозданов

СЕЛАНИКЛИ, Тефик

СЕЛАНИКЛИ, Тефик (Солун, 1860 – Виена, 1910, погребан во Солун) – познат османлиски историчар и книжевник. Пишувал раскази, романи, статии, преведувал од француски јазик, предавал историја. Напишал неколку историски дела за османлиската историја и повеќе романи. Ј. Јан. Селевк И Никатор

СЕЛЕВК И НИКАТОР

СЕЛЕВК И НИКАТОР (Македонија, 358 – 281 пр. н.е.) – основач на македонската династија Селевкиди (312–281), која владеела во Азија по смртта на Александар Ⅲ Македонски. Бил еден од блиските соборци-хетајри на Александар Македонски, виден војсководец во походот на Исток. Во 312 г. пр.н.е. станува еден од најистакнатите владетели (наследници на Александар Македонски) на својата… Continue reading СЕЛЕВК И НИКАТОР

СЕЛЕВКИДИ

СЕЛЕВКИДИ (312–64 г. пр.н.е.) – македонска династија. Владеела во Азија по смртта на Александар Ⅲ Македонски с“ до римските освојувања. Основач бил Селевк И Никатор (Победник) (312–281), еден од блиските соборци – хетајри на Александар Македонски. Нивната држава се наоѓала во југоисточниот дел на Мала Азија и Северна Сирија, затоа кралството се нарекувало и Сириско… Continue reading СЕЛЕВКИДИ

СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА

СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА – средновисока планина што се протега помеѓу котлината Пелагонија на запад и Мариово на исток. Билото има меридијански правец на протегање, а започнува од превојот Скала на север и завршува на југ во долината на Црна Река. Највисок врв во северниот дел е Висока (1.471 м), а во јужниот дел Џаула (1.434 м).… Continue reading СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА

СЕЛИМ ГИРАЈ

СЕЛИМ ГИРАЈ (1634 – 1704) – еден од најголемите кримски ханови, познат под името Хаџи Гази Селим Гирај И. Четири пати седнувал на престолот и владеел вкупно 23 години. Пишувал поезија на турски јазик, а бил познат и како заштитник на еден од најголемите турски композитори од тоа време Итри. Го задушил Карпошевото востание во… Continue reading СЕЛИМ ГИРАЈ