СЕЈФУЛА-ОРАК, Кемал

СЕЈФУЛА-ОРАК, Кемал (Скопје, 2. Ⅱ 1921 – Скопје, 1978) – чибукчија, комунистички деец, првоборец политичар и дипломат; Турчин. Бил член на Урсовите синдикати, на Друштвото „Јард’н“, на СКОЈ (од 1939) и на КПЈ (од 1941) и организатор на турските и албанските средини од Скопје во НОБ. Бил борец на првиот Скопски НОПО (1941). Извесно време бил интерниран во Бугарија (1942) и илегалец, а потоа борец на обновениот втор Скопски НОПО (1942). Бил член на ПК на СКОЈ (1943) и на Главниот одбор на НОМСМ, член на Политичкото одделение на Првата македонско-косовска НОУБ, младински раководител на Втората македонска НОУБ (1944) и делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето ја завршил Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград и бил потпретседател на Президиумот на АСНОМ, член на Централниот одбор на УСАОЈ, републички и сојузен пратеник, член на ЦК на СКМ, член на Врховниот суд на Македонија, претседател на Градскиот народен одбор и на Градското собрание на Скопје, потпретседател на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, минис-тер-претседател на Советот за локално стопанство и комунални работи на Македонија, државен и републички секретар за финансии, потпретседател на Извршниот со-вет на СРМ, претседател на Стопанскиот совет на Собранието на СРМ, член на Републичкиот и на Сојузниот одбор на ССРН, амбасадор на СФРЈ во Република Замбија. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Активноста на една партиска ќелија во 1941 година, „Нова Македонија“, ⅩⅤⅠⅠ, 5248-53, Скопје, 1–6. Ⅵ 1961; Во првиот Скопски партизански одред, „13 Ноември“, Ⅲ, 3, Скопје, 1964, 10; Формирањето на муслиманската ќелија, „13 Ноември“, Ⅸ, 9, Скопје, 1970, 9; Учеството на народностите и етничките групи во Скопје во Народноослободителната војна 1941–1942 година, Скопје во НОВ 1942, Скопје, 1975, 133–154; Народностите дадоа достоен прилог во народноослободителното движење, Дискусија, на истото место, 325–328. ЛИТ.: Митре Инадески, Првата година на НОВ и Револуцијата, Скопје, 1973; истиот, Незгасливи искри. Преглед на диверзантско-саботажните акции и некои други илегални активности во Скопје и Скопско 1941-1944, Скопје, 1982; Александар Спасовски, Партизанското движење во Скопје и Скопско 1941-1945, Скопје, 1984. С. Мл.