ОДНОСИТЕ МЕЃУ МПЦ И СПЦ. Првата епископија на јужните Словени ја основал св. Климент Охридски, која, по прогласувањето на Самуил за цар, добила највисоко црковно ниво – Патријаршија, а по пропаѓањето на Самуиловото Царство (1018), Василиј Втори ја свел на понизок ранг (Охридска архиепископија) и така опстанувала сè до 1767 г., кога незаконски е укината… Continue reading ОДНОСИТЕ МЕЃУ МПЦ И СПЦ
Архиви: Енциклопедија
Description.
ОЗЕР ДАЛИМ
ОЗЕР ДАЛИМ (Битола, 1894) – еврејско добротворно здружение. Го основал Овадија Јосеф Перера за помош на сиромашните членови на заедницата. Функционирало врз принципот на заемност: сите членови (и сиромашните и богатите) плаќале членарина по еден металик (1/4 грош). Здружението ангажирало лекари што ги посетувале сиромашните Евреи. Семејството Арути ја изградило синагогата „Озер Далим“ од која… Continue reading ОЗЕР ДАЛИМ
ОКТОБРИС
„ОКТОБРИС“ (Куманово, јули – ноември 1942) – месечен илегален весник, орган на Кумановската организација на КПЈ, на македонски јазик. Содржински е посветен на целите на НОАВМ. Соработници биле Бојан Зафировски-Болан, Благој Стефковски-Гојчо, Јордан Цеков-Дане и др. Бил ум-ножуван на шапирограф на техниката на МК на КПЈ во куќата на Јордан Цеков-Дане во Куманово во 100-120… Continue reading ОКТОБРИС
ОКУПАЦИОНИ ЗОНИ во Егејскиот дел на Македонија
ОКУПАЦИОНИ ЗОНИ во Егејскиот дел на Македонија (1941– 1944) – создадени по капитулацијата на Грција (23. Ⅳ 1941), кога територијата на грчката држава била поделена на три зони: италијанска (Епир, делови од Егејска Македонија, Тесалија, Стара Грција, Пелопонез, Кикладите), германска (Централна Егејска Македонија со Солун, Атика, делови од Окупационите зони во Егејскиот дел на Македонија… Continue reading ОКУПАЦИОНИ ЗОНИ во Егејскиот дел на Македонија
ОКУЏАВА
ОКУЏАВА (Окуджава), Булат (Москва, 9. Ⅴ 1924 – Кламарт, 12. Ⅵ 1997) – истакнат руски поет и кант-автор. Голем дел од своите песни сам ги компонирал и постигнал голем успех во поранешниот Советски Сојуз. Поетскиот стил му е камерен и лирски. Неговата збирка Биди здрав, ученику (1961), ја третира темата за учеството на младите луѓе… Continue reading ОКУЏАВА
ОЛИВЕР, Јован
ОЛИВЕР, Јован (ⅩⅣ в.) – деспот, најугледен благородник во Душановата држава. Дародавец на кочанската црква „Св. Димитриј“ (1336/1337). Бил господар на Овчеполието, на Ѓуриште имал дворец. Учествувал во преговорите на Душан со Андроник Ⅲ во Радовиште (1336) и со Јован Кантакузин во Приштина (1342), како и во походите на Душан и на Кантакузин за освојување… Continue reading ОЛИВЕР, Јован
ОЛИМПИЈАДА
ОЛИМПИЈАДА (Олѕмпиас) (околу 375–316 пр.н.е.) – третата сопруга на македонскиот крал Филип Ⅱ (од летото 357 пр.н.е.) и мајка на Александар Ⅲ Македонски (23. Ⅶ 356 пр.н.е.). Била ќерка на епирскиот крал Неоптолем. Филип Ⅱ се вљубил во неа при еден престој на Самотрака во времето на празникот на Кабирите. Во бракот стапила при склучувањето… Continue reading ОЛИМПИЈАДА
ОМО ИЛИНДЕН
ОМО „ИЛИНДЕН“–ПИРИН – Партија за економски развој и интеграција на населението (Гоце Делчев, Пиринскиот дел на Македонија, 28. Ⅱ 1998). Формирана со обединувањето на сите фракции и групи на разединетата ОМО „Илинден“, со двајца претседатели (Иван Илиев-Сингартиски и Јордан Костадинов Иванов). По донесувањето решение на Собранието на Националниот извршен совет (август 1998) организацијата да биде… Continue reading ОМО ИЛИНДЕН
ОМО ИЛИНДЕН
ОМО „ИЛИНДЕН“(Сандански, 14. Ⅳ 1990) – македонска национална политичка организација во Пиринскиот дел на Македонија во Република Бугарија. Формирана како единствена Обединетата македонска организација ОМО „Илинден“. Во организацијата влегле ВМРО (Независна) „Илинден“, Комитетот за заштита на правата на Македонците од Пиринскиот дел на Македонија, Културно-просветното друштво „Јане Сандански“ од село Микрево и Комитетот на репресираните… Continue reading ОМО ИЛИНДЕН
ОМО ИЛИНДЕН –
ОМО „ИЛИНДЕН“–ПИРИН – Партија за економски развој и интеграција на населението (Гоце Делчев, Пиринскиот дел на Македонија, 28. Ⅱ 1998). Формирана со обединувањето на сите фракции и групи на разединетата ОМО „Илинден“, со двајца претседатели (Иван Илиев-Сингартиски и Јордан Костадинов Иванов). По донесувањето решение на Собранието на Националниот извршен совет (август 1998) организацијата да биде… Continue reading ОМО ИЛИНДЕН –
ОМОРИКА
ОМОРИКА (Пицеа оморица Панч., фам. Пинацеае) – балкански ендемит со многу мал ареал во средниот тек на р. Дрина. Ја открил Јо-сип Панчиќ (1855). Високо дрво со стреловиден хабитус, игличките се заоблено сплескани, со две бели линии од долната страна. шишарките се мали, во младоста виолетови, а кога ќе созреат потемнуваат, со заоблени, плодни лушпи… Continue reading ОМОРИКА
ОНА – УЧК
ОНА (Ослободителна народна армија), УЧК/УÇК (Усхтриа Çлиримтаре Комбëтаре) – воена (оружена) формација составена од околу 7.000 лица, обучувани во кампови за обука во Албанија и на Косово, од американски и од британски САС и падобрански полковски офицери. Тесно поврзана со Ослободителната армија на Косово – УЧК. ОНА е формирана во есента на 1999 г. од… Continue reading ОНА – УЧК
ОНЕСИКРИТ
ОНЕСИКРИТ (Онесикритос) (Астипалаја или Ајгина, ок. 365 пр.н.е.)– офицер, учесник во походот на Александар Ⅲ Македонски и летописец. Бил ученик на киничарот Диоген. Како еден од заповедниците на флотата на Александар Ⅲ, командувал со кралскиот брод при пловидбата по Хидасп и Инд. Тука му биле достапни дневничките записи и преписката на владетелот. И самиот очевидец… Continue reading ОНЕСИКРИТ
ОНИШЧЕНКО, Олексиј Семјонович
ОНИШЧЕНКО, Олексиј Семјонович (с. Рудка, Полтавска обл., Украина, 17. Ⅲ 1933) – украински академик, координатор на соработката помеѓу НАНУ и МАНУ. По завршувањето на Историскофилозофскиот факултет (со специјалност по филозофија и историја) (1956) се вработува во НАНУ (1959) и до 1978 г. е директор на Институтот за филозофија на НАНУ, а потоа директор на Меѓурепубличката… Continue reading ОНИШЧЕНКО, Олексиј Семјонович
ОНЧЕВСКА-ПЕТКОВСКА, Светлана
ОНЧЕВСКА-ПЕТКОВСКА, Светлана (Скопје, 16. Ⅱ 1949) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1998) Светлана Ончевска-Петковска по предметите од областа на техничката механика, јакоста на материјалите и градежните материјали. Била претседател на Друштвото за механика на Македонија (1996). Заедно со колеги од Катедрата учествувала во пишување учебници и учебни помагала. Љ.… Continue reading ОНЧЕВСКА-ПЕТКОВСКА, Светлана
ОНЧЕВСКИ, Анѓел Драгославов
ОНЧЕВСКИ, Анѓел Драгославов (Скопје, 15. Ⅱ 1947) – интернист-нефролог, проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1972), каде што и докторирал (1998). Се усовршувал во Лозана, Париз и Лион во областа на васкуларните пристапи за ХД, перитонеалната дијализа и реналната трансплантација. Раководител е на Одделот за васкуларни пристапи на Клиниката… Continue reading ОНЧЕВСКИ, Анѓел Драгославов
ООКА, Макото
ООКА, Макото (Мишима, 16. Ⅱ 1931) – најзначаен современ јапонски поет; неговите стихови се објавени во превод на повеќе јазици во светот; има напишано и стотина театарски дела, радио и телевизиски драми и филмски сценарија, како и повеќе книги со литературна критика и есеи. Добитник е на Златниот венец на СВП во 1996. БИБ.: Споменот… Continue reading ООКА, Макото
ОПАД ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ
ОПАД ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ – се формира со опаѓање на ислужените, оштетените и едногодишните делови и органи (листови, цветови, плодови, ситни гранчиња, кај зимзелените игличести листови, трофични корења) од автотрофната компонента на екосистемот и претставува универзална карактеристика на повеќегодишните растенија. Во големи размери се одвива во шумските екосистеми и се означува како опад. Тој претставува… Continue reading ОПАД ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ
ОПАЛИТ
„ОПАЛИТ“ – рудник за опалски бречи. Терминот опалит потекнува од опалските бречи во наоѓалиштето Спанчево. Во 60-тите години од минатиот век е формирана компанија за експлоатација на опалските бречи кај селото Спанчево и нивно делумно микронизирање во с. Чешиново, и на компанијата $ е дадено заедничкото име „Опалит“, кое и до денес е синоним за… Continue reading ОПАЛИТ
ОПАШ
ОПАШ – невестински украс за на глава. Покрај лесата, естетски го надополнува невестинското украсување на главата. Изработен е од корзина, и тоа од сноп усукани врби и коноп, кој потоа се предел и се сплетувал во ситни плетенки. Вака приготвен, се прицврстувал со врвци за главата. Плетенките, долги до нозете, се пуштале слободно да висат… Continue reading ОПАШ
ОПЕРАТИВЕН ШТАБ
ОПЕРАТИВЕН ШТАБ (20 Ⅺ 1943 – јули 1944) – штаб за раководење и координација на македонските, јужноморавските и косовските народноослободителни единици на НОВЈ на кумановското, врањското и црнотравското подрачје: Третата македонска НОУБ, Косовската НО бригада, Петтата, шестата и Седмата јужноморавска НО бригада, Командата на Врањското и на Пиротското воено подрачје, Црнотравскиот, Пиротскиот и Куманов-Оперативните зони… Continue reading ОПЕРАТИВЕН ШТАБ
ОПЕРАЦИЈА НА ОН ЗА ЧУВАЊЕ НА МИРОТ ВО РМ
ОПЕРАЦИЈА НА ОН ЗА ЧУВАЊЕ НА МИРОТ ВО РМ. По ГШ на НОВ и ПОМ извршил рета офанзива 1944 год. во Македонија. барање на претседателот на РМорганизација, при што биле Операциите во Источна Македонија и во Киро Глигоров, во времето на поформирани четири оперативни 25 април до 20 јуни 1944 година, Скопје, зони, со задача… Continue reading ОПЕРАЦИЈА НА ОН ЗА ЧУВАЊЕ НА МИРОТ ВО РМ
ОПИЛА
ОПИЛА (до с. Ранковце) – тумул од железно време и некропола од доцноантичкото време и од средниот век, на десниот брег на Крива Река. При истражувањата на некрополата (извршени во 1984– 1996) се откриени 585 гробови од типот циста, слободно вкопувани, покриени со камени плочи и од тегули – тип „покрив на две води“. Прилозите… Continue reading ОПИЛА
ОПИНЦИ
ОПИНЦИ (оп’нци) – обувки од свинска, говедска или биволска кожа, со опути (кожени врвци). Поедноставниот тип, наменети за секојдневна употреба, селаните сами ги изработувале. Опинците наменети за децата се изработувале од свинска кожа. Ј. Р.-П.