МИХАЈЛОВСКИ, Стојмен

МИХАЈЛОВСКИ, Стојмен (с. Трново, Кривопаланачко, 22. ⅩⅠⅠ 1941) – правник и политиколог. Основно образование и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во истиот град (1965). Докторирал на Факултетот за политички науки во Сараево, на тема „Ефикасноста на политичкото одлучување“ (1979). Работел како научен истражувач и научен советник во Институтот за социолошки и политичко-правни… Continue reading МИХАЈЛОВСКИ, Стојмен

МИХАНОВИЌ, Антун

МИХАНОВИЌ, Антун (Антун Михановиц) (Загреб, Хрватска, 10. Ⅵ 1796 – Нови Двори, Хрватска, 14. Ⅺ 1861) – предвесник на хрватската национална преродба, познат колекционер на старите словенски ракописи. Во својство на австриски конзул престојува и во Солун (ок. 1840), од каде што ги посетува манастирите во Македонија и на Св. Гора и оформува збирка што… Continue reading МИХАНОВИЌ, Антун

МИЦЕВ, Димитар Леонидов

МИЦЕВ, Димитар Леонидов (с. Стојаково, Гевгелиско, 15. Ⅲ 1905 – Скопје, 7. Ⅲ 1989) – прв спец. по хигиена во Македонија. Медицински студии завршил во Белград и работел како лекар во Гевгелија до 1946 г., кога од Владата на Македонија бил испратен на специјализација по хигиена во Белград. Како главен републички санитарен инспектор (1947 –1957)… Continue reading МИЦЕВ, Димитар Леонидов

МИЦЕВСКИ, Благоја

МИЦЕВСКИ, Благоја (Прилеп, 8. Ⅲ 1931 – Скопје, 23. Ⅶ 2002) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1958). Како проектант, работел во проектантската организација „Македонијапроект“. Неговиот опус е богат и разновиден, работи во сите гранки на архитектонското проектирање. Забележително е учеството на анонимни и на поважни архитектонски конкурси, на кои… Continue reading МИЦЕВСКИ, Благоја

МИЦЕВСКИ, Бранко

МИЦЕВСКИ, Бранко (с. Св. Тодори, Битолско, 19. Ⅹ 1958) – основно и средно образование завршил во Битола. Во учебната 1977/78 г. се запишал на ПМФ во Скопје, Група биологија, на кој Бранко Мицевски дипломирал (1981). Во 1982 г. е примен како приправник на Зоолошкиот завод при ПМФ во Скопје. Магистерскиот труд го одбранил во 1985… Continue reading МИЦЕВСКИ, Бранко

МИЦЕВСКИ, Кирил

МИЦЕВСКИ, Кирил (Скопје, 29. Ⅳ 1926 – 6. Ⅱ 2002) – академик, редовен професор по систематика и филогенија на вишите растенија на ПМФ во Скопје. Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1958 г. Во 1974 г. е избран за дописен член на МАНУ, во 1979 г. за редовен член. Во 1995 г. е избран… Continue reading МИЦЕВСКИ, Кирил

МИЦКОВИЌ, Миодраг

МИЦКОВИЌ, Миодраг (Прилеп, 10. Ⅹ 1938) – новинар. школувањето го завршил во Институтот за новинарство во Белград (1974). Бил вработен во в. „Нова Македонија“ (1962–2003), како уредник на спортската рубрика (1973–2000), а потоа бил коментатор и главен уредник во дневниот спортски весникСкок“ (2000–2003). Известувал од три Летни олимписки игри (1972, 1976 и 1980), од… Continue reading МИЦКОВИЌ, Миодраг

МИЦКОВИЌ, Натка Борисова

МИЦКОВИЌ, Натка Борисова (Радовиш, 25. Ⅱ 1943) – педагог, универзитетски професор. Завршила учителска школа (1962), студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1969), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1980), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Била новинар во в. „Млад борец“ (1962–1973) и уредник во издавачката куќа за учебници „Просветно дело“… Continue reading МИЦКОВИЌ, Натка Борисова

МИЦКОВИЌ, Слободан

МИЦКОВИЌ, Слободан (Битола, 18. Ⅵ 1935 – Скопје, 21. Ⅴ 2002) – есеист, критичар, романсиер, преведувач, унив. професор. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на сп. „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“… Continue reading МИЦКОВИЌ, Слободан

МИШАЈКОВ, Дијамандија

МИШАЈКОВ, Дијамандија (Дијамандије, Диаманд) Трпков (Трпковиќ) (Битола, 15. Ⅲ 1872 – Софија, 6. Ⅳ 1953) – член-основач на Македонскиот клуб со читалиште во Белград (1902) и уредник на неговиот орган в. „Балкан-ски гласник“, член-основач и прв привремен претседател на МНЛД во С.-Петербург (1902) и коавтор (со Ст. Ј. Дедов) на првата комплетна македонска националноослободителна програма… Continue reading МИШАЈКОВ, Дијамандија

МИШАЈКОВ, Константин

МИШАЈКОВ, Константин (с. Пателе, Лерин, 1807 – Софија, 16. Ⅸ 1880) – лекар. Медицина завршил во Пиза, Италија (1840), а специјализирал во Париз (1845). Во Битола бил лекар во турска општинска служба и на чело на преродбенската борба за отворање училишта на словенски јазик и писмо и словенска богослужба по црквите. Од 1860 до 1870… Continue reading МИШАЈКОВ, Константин

МИШЕВ, Стојан

МИШЕВ, Стојан (Штип, 22. Ⅲ 1882 – Штип, 30. ⅩⅠⅠ 1924) – припадник на ВМРО, на МФРО и на „Здружението против бугарските бандити“. Завршил Педагошко училиште во Скопје. Бил војвода во Штипско (1905 до 1908). По Првата светска војна бил близок соработник на Т. Александров, Штипски околиски војвода. Во 1922 ја напуштил ВМРО и стапил… Continue reading МИШЕВ, Стојан

МИШКОВСКИ, Андреја Ѓорѓиев

МИШКОВСКИ, Андреја Ѓорѓиев (Куманово, 17. Ⅶ 1932 – Скопје, 20. Ⅷ 1998) – хирург по пластична и реконструктивна хирургија. Мед. ф. завршил во Скопје (1958), специјализирал пластична и реконструктивна хирургија во Белград и во Солзбери, Англија (1972). Ги вовел методите на современата пластична хирургија и ја изведува првата реплантација на ампутирана подлактица (1976). Бил директор… Continue reading МИШКОВСКИ, Андреја Ѓорѓиев

МЈАКУ, Бајруш

МЈАКУ, Бајруш (21. И 1952) – актер. Дипломирал на отсекот за актерска игра на Високата педагошка школа во Приштина (1973). Од и.г. е член на Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје. Бил и директор на истата драма. Улоги: Бајруш Мјаку Митруш („Наследници“); Велко („Вејка на ветрот“); Баал; Крал Лир во истоимените дела; Астров… Continue reading МЈАКУ, Бајруш

МЛАД БОРЕЦ

МЛАД БОРЕЦ“ – прв весник на македонски јазик во периодот на НОБ. Орган на НОМСМ (Народноослободителен младински сојуз на Македонија), се појавил на 22 март 1944 г. на слободната територија на Козјак, Кумановско. Решението за неговото издавање било донесено на И конгрес на НОМС на 22 декември 1943 г. во Фуштани, Егејскиот дел на Македонија.… Continue reading МЛАД БОРЕЦ

МЛАДА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА во Софија

МЛАДА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА во Софија (1891–1892) – една од најзначајните литературно-културни и национално-политички асоцијации на Македонците во ⅩⅠⅩ в.. Формирана како „Дружба“ кон крајот на 1890 г. од млади македонски интелектуалци (главно студенти), бивши бегалци од егзархиските училишта во Македонија и од српските школи во Белград (Д. Груев, П. Попарсов, Д. Мирчев, Н. Наумов,… Continue reading МЛАДА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА во Софија

МЛАДЕНОВ, Михаил

МЛАДЕНОВ, Михаил (Тетово, ? – затворот Дијарбекир, Турција, 1906) – истакнат член на ТМОРО. Бил директор на тетовската прогимназија. Во времето на тетовските провали (1905), пренесувајќи бомби за една од четите, бил уапсен и осуден на 101 година затвор, каде што и починал. ЛИТ: Б. Светозаревиќ, Тетово и Тетовско во илинденскиот период 1895–1905, Скопје, 2003;… Continue reading МЛАДЕНОВ, Михаил

МЛАДЕНОВ, Никола

МЛАДЕНОВ, Никола (Скопје, 10. Ⅲ 1964) – новинар што се афирмира во периодот на распаѓањето на СФРЈ (1988–1991) како главен и одговорен уредник на „Млад борец“, орган на ССММ, кој ги отвори своите страници за теми и личности што биле на неформалната „црна листа“ во македонското новинарство. Раскрстувањето со автоцензурата во медиумите и отвореното соочување… Continue reading МЛАДЕНОВ, Никола

МЛАДЕНОВСКИ, Ѓорѓе

МЛАДЕНОВСКИ, Ѓорѓе (с. Враготурце, Кумановско, 11. Ⅺ 1947) – социолог, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје по културна антропологија и социологија. Основно образование и гимназија завршил во Куманово, а дипломирал на Филозофскиот факултет (Група за филозофија) во Скопје (1971). По вработувањето на Филозофскиот факултет (1972) бил ангажиран во наставата на Институтот за социологија од… Continue reading МЛАДЕНОВСКИ, Ѓорѓе

МЛАДЕНОВСКИ, Симо

МЛАДЕНОВСКИ, Симо (с. Враготурце, Кумановско, 28. Ⅷ 1947) – историчар, фолклорист и писател за деца; научен советник (1990) и редовен професор (1999) по помошни историски науки и методологија на научното истражување и раководител на Одделението за периодот меѓу двете светски војни во ИНИ. Завршил Учителска школа и Филозофски факултет (група Историја) во Скопје, каде што… Continue reading МЛАДЕНОВСКИ, Симо

МЛАДЕНЦИ

МЛАДЕНЦИ (СВЕТИ ЧЕТИРИЕСЕТ МАЧЕНИЦИ) – христијански православен празник на пролетта во чест на споменот на „Четириесетте маченици“, детаљ, Галерија на икони, Охрид (Ⅺ в.) четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале за христовата вера (22 /9 март). Се празнува како ден на младоста, љубовта и убавината. Во македонските обичаи и верувања често е присутен бројот… Continue reading МЛАДЕНЦИ

МЛАДИНИЌ, Иво

МЛАДИНИЌ, Иво (Брач, Хрватска, 1925 – Сплит, Хрватска 9. ⅩⅠⅠ 2003) – хирург, основоположник на современата Воена хирургија во новата ВБ во Скопје изградена по земјотресот. Бил началник на Хируршкото одделение и зам. управник на ВБ, каде што успеал да формира комплетно нов хируршки тим и да организира модерна и современа хирургија. Заминал од СкопјеContinue reading МЛАДИНИЌ, Иво

МЛАДО НАГОРИЧАНЕ

МЛАДО НАГОРИЧАНЕ – село североисточно од Куманово. По преданието имало 40 цркви, од кои се утврдени 12. Внимание привлекуваат: „Св. Ѓорѓи Победоносец“ од втората половина на ⅩⅤⅠ в., „Св. Петка“ од 1628 г., „Св. Никола“ (реставрирана во 1931 г., денес во урнатини) и цркви во урнатини: „Св. Спас“, „Св. Врачи“, „Св. Архангели“ и „Св. Богородица“.… Continue reading МЛАДО НАГОРИЧАНЕ