МАРТИНОСКИ, Никола (Крушево, 18. Ⅷ 1903 – Скопје, 7. Ⅱ 1973) – сликар, педагог, еден од основачите на МАНУ, еден од најистакнатите претставници на македонското современо сликарство, со пионерска заслуга за вклучувањето на македонската ликовна уметност во модернистичките текови. Дипломирал на школата за убавите уметности во Букурешт (1927). Од 1927 до 1928 г. ги посетувал… Continue reading МАРТИНОСКИ, Никола
Архиви: Енциклопедија
Description.
МАРТИНЦИ
МАРТИНЦИ – календарски обичај, познат и како Мартинија, Волчји празник и др., поврзан со различни датуми. Трае еден или три дена и најчесто се врзува со Божиќните поклади (27/14 ноември). Со него се поврзани повеќе дејства, со кои му се врзува устата на волкот да не ја јаде стоката. Тоа се правело на тој начин… Continue reading МАРТИНЦИ
МАРТУЛКОВ, Александар
МАРТУЛКОВ, Александар (Алексо) (псевд. Бизмарк) (Велес, 23. Ⅹ 1878 –Софија, 1965) – македонски револуционер и публицист. Се школувал во Велес и во Педагошкото училиште во Скопје, од каде што бил исклучен како бунтовник против османлиската власт. Заминал во Софија и станал член на Македонската социјалдемократска група што ги ширела социјалистичките идеи меѓу македонската емиграција и… Continue reading МАРТУЛКОВ, Александар
МАСАКРИ во с Загоричани
МАСАКРИ во с Загоричани (Костурско, 1903, 1905, 1949) – ги извршиле османлиската војска и грчките андартски и монархофашистички сили. По Илинденското востание османлиска војска и башибозук го запалиле селото, а населението го масакрирале. Би-Панорама на селото Загоричани ле убени 25 селани, 30 малолетни деца биле изгорени во фурна, а 16 девојки биле силувани и продадени.… Continue reading МАСАКРИ во с Загоричани
МАСАКРОТ во Бмбоки
МАСАКРОТ во Бмбоки (1949) – злосторнички чин во Граѓанската војна во Грција. Сили на грчката владина армија влегле во с. Б’мбоки (Костурско) и под сомневање дека жителите соработувале со ДАГ, затвориле десет селани (осум жени и двајца мажи) и свирепо ги убиле. ЛИТ.: С. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981. Ст. Кис.
МАСАКРОТ во Велес
МАСАКРОТ во Велес (15. И 1945) – извршен од ОЗНА. Без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за до-кажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка… Continue reading МАСАКРОТ во Велес
МАСАКРОТ во Долно Јаболчиште
МАСАКРОТ во Долно Јаболчиште (Велешко, 25. Ⅹ 1942) – извршен од бугарската војска и полиција врз албанското население. По неуспешната акција против НОПО „Димитар Влахов“, војската и полицијата жестоко се пресметале со населението, обвинувајќи го дека го помагало Одредот. Биле тепани и осакатени повеќе лица, а десетина селани, меѓу кои и жени и деца, биле… Continue reading МАСАКРОТ во Долно Јаболчиште
МАСАКРОТ во Куманово
МАСАКРОТ во Куманово (сред. на јануари 1945) – извршен од припадници на ОЗН врз 48 осудени лица од Кумановско. Со пресуда на Советот при Кумановското воено подрачје (14. И 1945) на тајна локација биле стрелани лица за кои имало сомневања дека работеле како соработници на окупаторот. Тоа е последното масовно стрелање во ослободена Македонија. Натамошните… Continue reading МАСАКРОТ во Куманово
МАСАКРОТ во с Зеленич
МАСАКРОТ во с Зеленич (1904) – андартски колеж во с. Зеленич, Леринско. На 13. Ⅺ 1904, околу 60 до 100-тина грчки андарти во времето на свадбената прослава на свештеникот Ѓорѓија го нападнале селото затоа што егзархиските верници се откажале од јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. Во одмаздата биле убиени 13 мажи, жени и деца. Крвавата „Зеленичка… Continue reading МАСАКРОТ во с Зеленич
МАСАКРОТ кај Пуста Кула
МАСАКРОТ кај Пуста Кула – во близина на с. Рудник, Велешко (14. Ⅸ 1942) – бугарската полиција без пресуда стрелала и масакрирала седум припадници на НОД. Тие од Скопскиот истражен затвор со камион биле донесени и стрелани. Биле убиени: Панче Бурчевски, Перо Грковски, Андреја Басаровски, Атанас Димовски и Душан Димитриевски од с. Рудник, Камка Тоцинова… Continue reading МАСАКРОТ кај Пуста Кула
МАСАКРОТ кај с Дабница, Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија
МАСАКРОТ кај с Дабница, Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија (1925) – извршен врз македонското население од месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Од селото повеќе од 300 лица биле насила одвлечени и три месеци (од април до јуни) биле подложени на крвави репресалии, пред очите на месните државни, административни и воени власти, а еден… Continue reading МАСАКРОТ кај с Дабница, Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија
МАСЕВСКИ, Димитар
МАСЕВСКИ, Димитар (Скопје, 6. Ⅴ 1937) – композитор. Со музика почнал сериозно да се занимава во средношколските години, кога ги напишал првите композиции („Врати се“, 1956). Се вработил (1957) како музичар во Забавниот оркестар на Радио Скопје. Во седумдесеттите години на ХХ в. бил продуцент во Музичката ПРОДУКЦИЈАНАМРТ, каде што продуцирал над 2000 песни, главно… Continue reading МАСЕВСКИ, Димитар
МАСИН, Ѓеорги Фотиев
МАСИН, Ѓеорги Фотиев (Охрид, 6. Ⅴ 1930) – интернист-нефролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1985). Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1954). Специјализирал интерна медицина, супспецијалност нефрологија. Хабилитирал на тема „Калулозен пиелонефрит“ (1975). При престојот во Нењ Цастле (Англија) кај проф. Керр се запознава со најновите достигнувања од областа на лекувањето на… Continue reading МАСИН, Ѓеорги Фотиев
МАСЛИНКА
МАСЛИНКА .(Олеа еуропеа Л.) – во нашето субмедитеранско подрачје (Дојран, Гевгелија, Валандово) се одгледува како дворна, зимзелена овошка, која дава и добри приноси. Пред десетина години во Дојран е организирана фирма за преработка на маслинки, која иницира подигање на производствени насади. Може да се одгледуваат само отпорни сорти на издигнати локации. Б. Р.
МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА
МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА – во оваа група спаѓаат растенијата што се одгледуваат за семето и плодот, богати со масло. Растителното масло учествува со околу 70% од светското производство на мазнини. Маслото од голем број растенија служи за човечката исхрана, директно или индиректно, и претставува висококвалитетна храна. Хранливата вредност на еден кг масло е рамна на 2,25… Continue reading МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА
МАТАК, Манчу
МАТАК, Манчу (Крушево, 1920 – с. Витолиште, Мариовско, 25. Ⅴ 1944) – шивач, комунистички деец и народен херој, Влав. Бил член на КПЈ (1939). Во Априлската војна (1941) бил заробен како војник на Кралството Југославија, но успеал да избега и се вратил во Крушево. Како член на МК на КПЈ во Крушево (крајот на 1941),… Continue reading МАТАК, Манчу
МАТАНОТ ЛАЕВЈОНИМ
МАТАНОТ ЛАЕВЈОНИМ (Ла менза де елевос провес) (ⅩⅩ в., меѓу двете светски војни) – хуманитарна еврејска организација во Македонија за помош на сирачињата и сиромашните членови на заедницата. Во Битола и во Скопје секојдневно се служел топол оброк за повеќе од 200 деца. Приходите за организацијата стигнувале од добротвори од Америка и од други иселенички… Continue reading МАТАНОТ ЛАЕВЈОНИМ
МАТАЧИЌ, Ловро
МАТАЧИЌ, Ловро (14. Ⅱ 1899 – Загреб, 7. Ⅶ 1985) – диригент. Иако без формална академска диплома (студирал музика на Виенскиот конзерваториум), со својот огромен талент и ерудиција се вбројува меѓу врвните европски и светски диригенти. Првите контакти со музиката ги доживува како член на хорот на Виенските деца. Диригентската кариера ја започнува во 1919… Continue reading МАТАЧИЌ, Ловро
МАТЕВСКА
МАТЕВСКА (РИСИМКИН), Рисима (Тетово, 25. Ⅹ 1963) – балерина и кореограф. Балет учи во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Станува член на Бале-тот при МНТ (1980-1998). Специјализира во Киев, Лондон и во Пловдив. Почнува да работи како кореограф (1990). Основач на Интерарт културниот центар во Скопје (1996). Ја востановува наградата „Менада“ за заслужни балетски уметници… Continue reading МАТЕВСКА
МАТЕВСКИ, Матеја
МАТЕВСКИ, Матеја (Истанбул, Турција, 13. Ⅲ 1929) – поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач. Годините на детството ги поминува во Гостивар, а по Ослободувањето учи гимназија во Тетово и во Скопје. Студира во Белград и во Скопје, каде што дипломира на Филолошкиот факултет (1956). Подоцна (1962/63) на Институтот за театарски студии во Париз го… Continue reading МАТЕВСКИ, Матеја
МАТЕЈ
МАТЕЈ (Х¶В– поч. на ХV в.) – охридски архиепископ. Прв поглавар на Охридската архиепископија во периодот под османлиско владеење. Првпат се спомнува во грчкиот натпис од 1408 г. во црквата „Св. Илија“ во с. Елшани, Охридско. Во негово време започнало ширењето на дијацезата на Охридската архиепископија. Бил енергичен и вешт дипломат и успеал во борбата… Continue reading МАТЕЈ
МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ
МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје (1966– 1977) – формиран заради интересот на општеството за кадри (математичари, инженери, економисти) што ќе работат во доменот на информатиката и применетата математика. Покрај редовниот состав, во него членуваа како надворешни соработници, математичарите од Математичкиот институт при ПМФ и од техничките факултети. Го раководеле, како директори:… Continue reading МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ
МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје
МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје (1966– 1977) – формиран заради интересот на општеството за кадри (математичари, инженери, економисти) што ќе работат во доменот на информатиката и применетата математика. Покрај редовниот состав, во него членуваа како надворешни соработници, математичарите од Математичкиот институт при ПМФ и од техничките факултети. Го раководеле, како директори:… Continue reading МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје
МАТЕМАТИЧКИ ШКОЛИ
МАТЕМАТИЧКИ ШКОЛИ . − в.Друштво на математичарите и физучарите на НРМ (срм).