КУЛА – самостоен објект што служи за одбрана и за живеење. Кулите ги граделе османлиските феудалци на своите имоти и чифлици или во населбите. Имаат квадратна и правоаголна форма, високи се неколку ката. Градени се од камен со дебели ѕидови во чија дебелина се вградени камени скали, освен за последниот кат кој е поврзан со… Continue reading КУЛА
Архиви: Енциклопедија
Description.
КУЛЕВАНОВА, Светлана Зарева
КУЛЕВАНОВА, Светлана Зарева (Сараево, БиХ, 10. Ⅶ 1960) – фармацевт, редовен проф. и декан на Фарм. ф. во Скопје и раководител на Институтот по фармакогнозија. Автор на книга по фармакогнозија и автор на едно поглавје во „Фармакотерапискиот прирачник”, како и на бројни научно-стручни трудови и соопштенија на симпозиуми и конгреси во и надвор од земјата.… Continue reading КУЛЕВАНОВА, Светлана Зарева
КУЛЕВСКИ, Александар
КУЛЕВСКИ, Александар (Прилеп, 16. Ⅲ 1939) – велосипедист. Повеќекратен првак на Македонија во друмско возење на велосипед (1952–1954), државен репрезентативец (1953–1958) и учесник во голем број меѓународни трки во земјата и во странство. На некои од нив постигнал високи резултати во определени етапи, како Анкара–Истанбул – трето мес-то, на Вршич пристигнал прв (1954). Тој е… Continue reading КУЛЕВСКИ, Александар
КУЛИШЕВ, Христо
КУЛИШЕВ, Христо (Дојран, 27. Ⅰ 1904 – Скопје, 24. Ⅰ 1983) – спец. гинеколог. Дипломирал медицина во Грац (1930), а потоа бил лекар во Дојран и Космет. Во 1941 г. се вработил во Гинеколошко-акушерското одделение при Градската болница во Скопје. По Ослободувањето работел во Родилниот дом во Прилеп, а од март 1951 г. во Гинеколошкото… Continue reading КУЛИШЕВ, Христо
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
„КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“ -. списание на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Скопје. Излегува периодично од 1959 г. (под уредништво на Димче Коцо), а последниот број (30–31) е објавен во 2005 г. Во него се публикувани стручни и научни трудови од областа на археологијата, историјата на уметноста, конзервацијата, архитектурата, нумизматиката и другите сродни… Continue reading КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНИ И ДОБРОТВОРНИ БРАТСТВА ВО МАКЕДОНИЈА
КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНИ И ДОБРОТВОРНИ БРАТСТВА ВО МАКЕДОНИЈА (1941–1944) – режимски здруженија за ширење на големобугарската идеја и за бугаризација на Македонците. Се ширеле по иницијатива и под директно влијание на Дирекцијата за национална пропаганда. Имињата на братствата произлегувале од имињата на македонските градови, односно од местата од каде што потекнувале членовите. Се внимавало организатори на овие… Continue reading КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНИ И ДОБРОТВОРНИ БРАТСТВА ВО МАКЕДОНИЈА
КУМАНИ
КУМАНИ (Половци) – номадски племиња од турско потекло. Во XI в. продреле од Азија во Европа, населувајќи ги јужноруските степи и териториите во Долен Дунав. Како византиски сојузници, учествувале во битката против Печенезите кај Левунион (1091). Претставувале важен фактор во Второто Бугарско Царство, особено во востанието на браќата Петар и Асен (1185). Потиснати од Монголите… Continue reading КУМАНИ
КУМАНОВО
КУМАНОВО – град во северниот дел на РМ со 78.602 ж. (2002 г.). Се наоѓа во средишниот дел на Кумановско Поле (Жеглигово), од двете страни на Кумановска Река, на надморска висина од околу 330 м. Зафаќа површина од 1886 ха. Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 11,8°Ц и просечно го-дишно количество… Continue reading КУМАНОВО
КУМАНОВСКА БАЊА
КУМАНОВСКА БАЊА – се наоѓа на 3 км југоисточно од Куманово, до с. Проевци, по кое е позната и како Проевска Бања. Бањските објекти се лоцирани од левата страна на Кумановска Река, на надморска висина од околу 300 м. Со Куманово е поврзана преку регионалниот асфалтен пат Куманово–Св. Николе. Досегашните истражувачи се на мислење дека… Continue reading КУМАНОВСКА БАЊА
КУМАНОВСКА БИТКА
КУМАНОВСКА БИТКА (Зебрњак, Кумановско, 23 – 24. Ⅹ 1912) – решавачка битка во Првата балканска војна помеѓу српската и отоманската војска. Се водела во реонот на с. Младо Нагоричане, Кумановско. Загубите на отоманската армија изнесувале 1.200 загинати, околу 3.000 ранети и 327 заробени војници. На српската страна имало 687 загинати и 3.280 ранети. По оваа… Continue reading КУМАНОВСКА БИТКА
КУМАНОВСКА КОТЛИНА
КУМАНОВСКА КОТЛИНА – се протега на крајниот северен дел на РМ. Границата на котлината е најјасно изразена на западната, северозападната и северната страна, каде што води по билата на Скопска Црна Гора (претставена со нејзиниот огранок Карадак), Руен (775 м) и на Козјак (1.326 м), а потешко може да се следи југоисточната граница спрема Овче… Continue reading КУМАНОВСКА КОТЛИНА
КУМАНОВСКИ ДОГОВОР
КУМАНОВСКИ ДОГОВОР – воено-технички договор склучен меѓу Меѓународните безбедносни сили – КФОР и владите на СР Југославија и на Р Србија, ноќта меѓу 9 и 10. Ⅵ 1999 г., во базата на КФОР – Талон (во близината на Куманово), дел од операцијата на НАТО во Косово. Со него е завршена Косовската војна. Предвидува позиционирање меѓународни… Continue reading КУМАНОВСКИ ДОГОВОР
КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (кумановските бавчи, 26. Ⅵ 1943 – с. Пелинце, Кумановско, 1. Ⅻ 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 11 членови на Кумановската организација на КПЈ и СКОЈ, во две одвоени групи. Бидејќи се разминале на зборното место кај раскрсницата на Четирскиот и Никуљскиот пат, едната група кај… Continue reading КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ
КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ (12. Ⅹ 1941-1943) – партизански единици на НОВ и ПОМ. Првин биле формирани Карадачкиот НОПО (Менкова Колиба, Кумановско, 12. Ⅹ 1941 – с. Белановце, Кумановско, 14. Ⅹ 1941) и Козјачкиот НОПО (Студена Вода, Кумановско, 12. Ⅹ 1941 – с. Малотино, Кумановско, 17. Ⅹ 1941), но само по неколку дена биле разбиени… Continue reading КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ
КУНОВО ЧУКИ
КУНОВО – ЧУКИ . (с. Оризари кај Кочани) – археолошки локалитет на чија блага јужна падина што се спушта кон реката Брегалница постоеле дури 5 тумби од кои 3 се документирани. Тие се Куново – Чуки, с. Оризари – Могила Ⅲ од железното и римското време комплексни погребни могили со сложена структура, во кои повеќепатно,… Continue reading КУНОВО ЧУКИ
КУНОВСКИ, Зафир
КУНОВСКИ, Зафир (Дебар, 04. Ⅲ – 1934 – Скопје 14. Ⅳ – 2004) – архитект, ракометар и тренер. Завршил Архитектонски факултет во Скопје (1964). Бил член на РК „Работнички” од Скопје (1953 – 1958), кој во овој период бил трипати првак на Македонија во голе-Кумановскиот партизански одред (1943) Зафир Куновски миот, петпати во малиот ракомет… Continue reading КУНОВСКИ, Зафир
КУНОВСКИ, Спасе
КУНОВСКИ, Спасе (Дебар, 24. IX 1929 – Скопје, 1. Ⅷ 1978) – сликар, најзначаен претставник на надреализмот и метафизичкото сликарство. Бил член на групата Мугри. Дипломирал на АЛУ во Загреб (1953). Обликувал загадочни урбани пејзажи со фантастични фигури во сиво-сина гама (Логор, 1960; Визија, 1961; Мина-то, 1966; Манекен, 1967). Го изработил зграфитото Братство и единство… Continue reading КУНОВСКИ, Спасе
КУНОСКИ, Васил
КУНОСКИ, Васил (Дебар, 20. XI 1916 – Скопје, 13. Ⅵ 1993) – поет за деца. Завршил Учителска школа. Работел како уредник во Редакцијата на „Детска радост” при НИП „Нова Македонија”. Еден од основоположниците на современата македонска литература за деца и младина. Најчесто користејќи Васил Куноски села детска историја која секогаш умее да интригира и да… Continue reading КУНОСКИ, Васил
КУРБАН
КУРБАН -. обредна жртва дадена по одреден повод. Во далечното минато жртвите се давале на паганските божества, а подоцна тие им биле наменети на светителите, иако христијанската црква има негативен однос кон оваа појава. Кирил Пејчиновиќ во делото „Огледало” (Будим, 1816), каде што зборува за суеверието меѓу народот, посебно го нагласува курбанот како нешто што… Continue reading КУРБАН
КУРБИНОВО
КУРБИНОВО (Ресенско) – Манастирот „Св. Ѓорѓи” и некрополата се сместени на 12 км југоисточно од Ресен. При истражувачките работи на црквата (крајот на Ⅻ в.) во 1953 г. се откриени гробови во неа и околу неа (В. Лахтов). Гробовите се со камена конструкција. Тогаш се идентификувани и наушниците што се нарекуваат тип Курбиново. Во 1967… Continue reading КУРБИНОВО
КУРИПЕШИќ, Бенедикт
КУРИПЕШИќ, Бенедикт (Бенедикт Цурипесцхитз) (Горњи Град, ⅩⅤⅠ в.) – словенечки патописец. Ги познавал латинскиот и германскиот јазик и бил страстен изучувач на историјата. Како познавач на политичките и верските односи во Османлиската Империја и како „латински преведувач”, бил вклучен во 30-членото австриско пратеништво што го упатил Фердинанд Ⅰ кај султанот Сулејман во Цариград за склучување… Continue reading КУРИПЕШИќ, Бенедикт
КУРТЕВ, Владимир
КУРТЕВ, Владимир (Плевен, 19. Х 1888 – Софија, Ⅵ 1946) – Бугарин, учесник во македонското револуционерно движење. Завршил историја и географија на Софискиот универзитет. Како ученик станал член на ВМОРО (1905), четник во четата на тиквешкиот војвода Д. Даскалов (1907), учествувал и во битката кај „Ножот”. По Првата светска војна бил професор и директор на… Continue reading КУРТЕВ, Владимир
КУРТЕШ, Салиу
КУРТЕШ, Салиу (Салиу Куртесх) (штимле, Косово, 1940) – правник, унив. професор. Основно училиште завршил во родното место, а средно образование во Приштина. Дипломирал на Правниот факултет во Приштина (1965), магистрирал на Правниот факултет во Загреб и докторирал на Правниот факултет во Приштина (1977) на тема „Создавањето, развојот и положбата на САП Косово во југословенската социјалистичка… Continue reading КУРТЕШ, Салиу
КУРЦ, Јозеф
КУРЦ, Јозеф (Јосеф Курз) (Прага, Чешка, 3. Ⅱ 1901 – Прага, Чешка, 6. Ⅻ 1972) – чешки славист, унив. проф. Студира на КУ во Прага каде што докторира во 1924 г. (дисертација за Зографското ев.), а со втор докторат (ДрСц) се здобива во 1964 г. врз основа на трудот Студие зе сѕнтаџе јазѕка старослов2нскéхо. Проф.… Continue reading КУРЦ, Јозеф