КОВАЧЕВ, Ванчо Панев

КОВАЧЕВ, Ванчо Панев (Радовиш, 26. Ⅴ 1927 – Скопје, 24. Ⅻ 2007) – физиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Студиите по медицина ги започнал во Ленинград (Русија), а ги завршил во Скопје. На Институтот за физиологија на Мед. ф. во Скопје е од 1954. Бил директор на Институтот и продекан. Носител и соработник… Continue reading КОВАЧЕВ, Ванчо Панев

КОВАЧЕВ, Владимир

КОВАЧЕВ, Владимир (Штип, 1875 – Софија, 1910) – поет и револуционер, автор на заедничка песнарка со Христо Силјанов („Тагата на робот”), близок соборец на Гоце Делчев, брат-близнак на Владислав (Славчо) Ковачев, истакнат активист на ВМРО и автор на публицистички труд од капитално значење. Живеел и творел како емигрант во Бугарија. Во текот на релативно краткиот… Continue reading КОВАЧЕВ, Владимир

КОВАЧЕВ, Владислав

КОВАЧЕВ, Владислав (Славчо) (Штип, 5. Ⅰ 1875 – Софија, 13. IX 1924) – учесник во Илинденското востание, водач и идеолог на МЕФО, журналист, судија во Бугарија. Завршил Воено училиште во Софија. Бил секретар на Врховниот комитет (1899–1901) и редактор на неговиот орган в. „Реформи”. Во 1902 се определил против врховизмот, со чета заминал во МакедонијаContinue reading КОВАЧЕВ, Владислав

КОВАЧЕВ, Јосиф

КОВАЧЕВ, Јосиф (Штип, 14. Ⅰ 1839 – Софија, 31. Ⅹ 1898) – педагог и просветител, модернизатор на школството и образованието во Македонија во втората половина на ⅩⅠⅩ в. Се школувал на Духовната семинарија во Белград (1860–1863) и на Духовната академија во Киев (1864– 1868). По враќањето во Штип (1869) го основал првото Педагошко-богословско училиште во… Continue reading КОВАЧЕВ, Јосиф

КОВАЧЕВСКИ, Никола

КОВАЧЕВСКИ, Никола (Скопје, 9. Ⅻ 1923 – Скопје, 3. Ⅶ 2001) – еден од доајените на македонското спортско новинарство. Почнал како соработник на „Спортски глас” (1949) и на „Спорт”. Одговорен уредник на „Спортски глас” (1952), од 1953 г. до пензионирањето (1983) во „Нова Македонија” (во еден период уредник на Спортската рубрика). Еден од основачите и… Continue reading КОВАЧЕВСКИ, Никола

КОВНИЦИ НА ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА

КОВНИЦИ НА ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА (монетарници, дарбхани, тарапани) – познати се уште во античкиот период и подоцна во средниот век. Тесно биле поврзани со експлоатацијата на рудните богатства и со обработката на благородните метали (злато, сребро и бакар). Со доаѓањето на Турците османлии на Балканот и во Македонија повторно се активирале во: Серез, Кавала, Солун,… Continue reading КОВНИЦИ НА ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА

КОДРА, Масар

КОДРА, Масар (Масар Кодра) (Дебар, 1932 – Скопје, 2004) – историчар, научен соработник, унив. професор. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (Група историја, 1955). Докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб на тема „Албанска националност у Македонији у народноослободилачкој борби” (1974). Беше асистент и научен соработник во Институтот за национална историја во Скопје (1. Ⅰ 1967… Continue reading КОДРА, Масар

КОДРА, Џафер

КОДРА, Џафер (2. Ⅳ 1923 – Скопје, 2. Ⅴ 1995) – комунистички деец. Бил учесник во НОАВМ (од 1941), член на КПМ (од првата половина на 1943), секретар на ОК на КПМ во Дебар (од септември 1943) и заменик политички комесар на Седмата македонска шиптарска НО бригада (од септември 1944). По Ослободувањето извршувал разни политички… Continue reading КОДРА, Џафер

КОЖАНИ

КОЖАНИ – град во Егејскиот дел на Македонија, Грција, со 35.700 ж. (2002 г.). Се наоѓа во југоисточното подножје на планината Снежник, на надморска висина од околу 700 м. Во него се вкрстуваат две меѓународни сообраќајници: Е–90, која на исток го поврзува со Солун, а на запад со Егуменица на брегот на Јонското Море и… Continue reading КОЖАНИ

КОЖУФ

КОЖУФ – висок планински масив што се наоѓа во крајните јужни делови од РМ, на македонскогрчката граница, помеѓу Тиквешката Котлина на северозапад и Гевгелиско-валандовската Котлина на исток. Се протега во правец јз–си. Планинското било е заоблено и нерасчленето. Негови највисоки врвови се Зелен Брег (2.165 м), Дудица (2.138 м), Смрека (2.112 м), Порта (2.097 м)… Continue reading КОЖУФ

КОЗАРЕВ-БАЛКАН, Иван

КОЗАРЕВ-БАЛКАН, Иван (с. Добриниште, Разлошко, 5. Ⅳ 1901 – Добриниште, Разлошко 1. Ⅳ 1944) – првиот партизан во Македонија и на Балканот. Учествувал во Септемвриското востание (1923), бил еден од најактивните членови на ВМРО(Об). Прогонуван од четниците на Иван Михајлов, нелегално живеел во Софија, Сливен, Пловдив и др. Бил уапсен (1935) и осуден на 5… Continue reading КОЗАРЕВ-БАЛКАН, Иван

КОЗАРОСКИ

КОЗАРОСКИ (Козар), Мице Лазаров (псевд. Јандре) (Варош, Прилепско, 24. IX 1910 – с. Нежилово, Велешко, 19. Ⅻ 1942) – припадник на работничкото и коМице Козароски мунистичкото движење. Во 1934 г. бил член на КПЈ и член на прилепскиот Местен комитет. Раководел скоевска група и се истакнал со револуционерната активност, поради што бил прогонуван и затворан.… Continue reading КОЗАРОСКИ

КОЗИНЕЦ, МАЕРОВ

КОЗИНЕЦ, МАЕРОВ (Астрагалус маѕери Мицевски) – флористички субендемит, опишан од академик Кирил Мицевски од Галичица, а името на видот е посветено на познатиот словенечки ботаничар, академик Ернест Мајер, голем пријател на Македонија. Вл. М.

КОЗЈАК

КОЗЈАК – средновисока планина што се наоѓа во јужниот дел на РМ, помеѓу планините Ниџе и Кожуф во Мариово. Планинското било е голо, заоблено и со меридијански правец на протегање, а највисок врв е Балтова Чука (1.807 м). Северно од него се издига врвот Перон (1.700 м), додека на самата граница со Грција е Голем… Continue reading КОЗЈАК

КОЗЈАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

КОЗЈАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (месноста Студена Вода, Кумановско, 12. Ⅹ 1941 – Малотино, 17. Ⅹ 1941) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 25 борци. Командант на Одредот бил Љубомир ЗдравковскиГачо, а политички комасар Киро Нацев-Фетак. Одредот пристигнал на планинскиот врв Китка, на пл. Козјак (13. Ⅹ), а по неколку дена бил… Continue reading КОЗЈАЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

КОЈНОС

КОЈНОС (Коинос) – еден од најистакнатите војсководци на Александар Ⅲ Македонски во неговиот поход на Исток. Земајќи збор пред говорот на својот крал крај реката Хифас, побарал од него да го прекине походот и да ја врати војската во Македонија. Наскоро потоа, кога македонската војска веќе го започнала враќањето, Којнос ненадејно се разболел и починал,… Continue reading КОЈНОС

КОКАЛАНОВ, Сашо

КОКАЛАНОВ, Сашо (Скопје, 1977) – современ македонски писател и новинар. Работи во дневниот весникДневник” во Скопје. Пишува прозна белетристика. Автор е на книгите: „Самецот”, 2003; „Ноќ на железничката станица во Розендал”, 2003; „Изабе-ла, Исмаела и јас”, 2005, како и на драмскиот текст „Кафез за будали”. Според судот на критиката, романите на Кокаланов откриваат писател… Continue reading КОКАЛАНОВ, Сашо

КОКАЛЕСКИ, Ѓурчин

КОКАЛЕСКИ, Ѓурчин (Лазарополе, 1775 – Лазарополе, 1863) – еден од првите македонски преродбеници, истакнат големопоседник, трговец, кнез, ктитор и автор на првиот автобиографски текст со световна содржина во македонската литературна историја на народен јазик и со словенското писмо под наслов „Наказание”. Изучил повеќе занаети, а кога почнува да се занимава со сточарство станува ќаја. Формира… Continue reading КОКАЛЕСКИ, Ѓурчин

КОКИНО

КОКИНО – комплексен праисториски археолошки локалитет (2000 г. пр.н.е.) на територијата на Општината Старо Нагоричане, Кумановско. Опфаќа поголем дел од неовулканскиот рид Татиќев Камен, во чие подножје се наоѓа с. Кокино. Археолошките истражувања, започнати во 2001 година, открија многубројни археолошки артефакти што му припаѓаат на т.н. бронзено време. Наодите од раното (ⅩⅠⅩ–ⅩⅤⅠⅠ в. пр.н.е.) и… Continue reading КОКИНО

КОКОШКИ, БЛАТНИ

КОКОШКИ, БЛАТНИ (Раллидае) – фамилија на мали, до средно големи жеравовидни птици (Груиформес), со краток масивен клун, со долги прсти и со кратка опашка. Во Македонија живеат 7 видови, од вкупно 9 познати во Блатна кокошка (Груиформес) Европа. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге,… Continue reading КОКОШКИ, БЛАТНИ

КОКОШКИ, СТЕПСКИ

КОКОШКИ, СТЕПСКИ (Птероцлетидае) – фамилија средно големи птици, кои населуваат степскопустински подрачја. Кај нас нередовно се јавува еден вид степска кокошка или копитка (Сѕрхаптес парадоџус). Сад, доцна бронза Бокал, железно време Грне, средна бронза Калап, доцна бронза (ⅩⅣ-XI в. пр.н.е.) (Ⅶ в. пр.н.е.) (ⅩⅤⅠⅠ-ⅩⅣ в. пр.н.е.) (ⅩⅣ-XI в. пр.н.е.) ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес,… Continue reading КОКОШКИ, СТЕПСКИ

КОЛАДОНИЈА, МАКЕДОНСКА

КОЛАДОНИЈА, МАКЕДОНСКА . (Хептаптера мацедоница Борнм.) – македонски флористички ендемит од фамилијата Апиацеае (Умбеллиферае) (штитоцветни растенија), познат во околината на Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Се наоѓа на светската црвена листа Македонска коладонија на загрозени растенија (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхреатенед Плантс). Вл. М.

КОЛАРОВСКИ, Атанас

КОЛАРОВСКИ, Атанас (Драчево, Скопско, 1926) – играорец и кореограф. Со формирањето на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и соло-играорец. Од 1970 г. се преселил во САД каде што ја продолжил својата активност како инструктор. Тој е автор на повеќе кореографии, а некои од нив („Драчевка”, „Калајџиско”,… Continue reading КОЛАРОВСКИ, Атанас