КАТЛАНОВСКА БАЊА. Се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска висина од 230 м. Од градот Скопје, со кој е поврзана со модерна сообраќајница, е оддалечена 25 км. Термоминералните извори се јавуваат на раседни линии кои се од поголеми размери. Една пукнатина се протега по самиот Бањски Рид и е… Continue reading КАТЛАНОВСКА БАЊА
Архиви: Енциклопедија
Description.
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО РМ
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО РМ -. духовен дом на околу 17.400 верници, поделени во две групи: верници од римски обред (околу 4.000) и верници од византиски обред – унијати (околу 13.400). Во етнички поглед католиците од римски обред се: Албанци, Хрвати, Словенци, Полјаци и Унгарци. Тие имаат најголема концентрација во Скопје, Битола и Охрид. Католиците од… Continue reading КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО РМ
КАТРАНЏИЕВ, Костадин
КАТРАНЏИЕВ, Костадин (с. Годлево, Разлошко, 1896 – Разлог 8. Ⅰ 1944) – професионален револуционер, член на ВМРО(Об), еден од основоположниците на партизанското движење во Пиринскиот дел на Македонија. Бил член на БКП и активно учествувал во Септемвриското востание Костадин Катранџиев (1923). Потоа емигрирал во Кралството на СХС. Се вратил во родниот крај (1925) и се… Continue reading КАТРАНЏИЕВ, Костадин
КАФТАНЏИЕВ, Димитар Христов
КАФТАНЏИЕВ, Димитар Христов (Струмица, 8. XI 1926) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. Извршил први операции на отворено срце во РМ. Бил директор на Хируршката клиника (1976-1982) и Клиниката за тораковаскуларна хирургија (1963-1987) и продекан на Мед. ф. во Скопје (1970-1972). Објавил над 100 научни и стручни трудови и две книги. БИБ.: Рак на… Continue reading КАФТАНЏИЕВ, Димитар Христов
КАЦАРОВ, Трајче
КАЦАРОВ, Трајче (Штип, 14. IX 1959) – поет, раскажувач, есеист, драмски автор. Живее и работи како сестран човек на театарската уметност. Го уредува литературното списание „СУМ”, кое излегува од 1993 г. Бил еден од иницијаторите за покренување на списанието „Стожер”, орган на ДПМ. Се пројавува и во областа на детската литература. Книги со есеи за… Continue reading КАЦАРОВ, Трајче
КАЧАНОВСКИ, Владимир Василевич
КАЧАНОВСКИ, Владимир Василевич (Великиј Лес, Гродненска губ., Украина, 1. / 13. Ⅲ 1853 – Нежин, Гродненска губ., 11. / 24. Ⅳ 1901) – унив. проф. по словен-ска филологија, писменост и историја, собирач и издавач на бугарски и македонски нар. песни. Го завршил Словенското одделение на Историско-филолошкиот факултет на Варшавскиот универзитет (1876), каде што и магистрирал… Continue reading КАЧАНОВСКИ, Владимир Василевич
КАЧУНКА, ЦВИИЌЕВА
КАЧУНКА, ЦВИИЌЕВА (Цроцус цвииции Кошанин) – флористички ендемит од фамилијата Иридацеае (перуники), се развива на планината Галичица, покрај снежници во субалпскиот појас, на варовничка подЦвииќева качунка лога. Вл. М.
КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ НА ЕКОНОМСКАТА АНАЛИЗА
КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ НА ЕКОНОМСКАТА АНАЛИЗА – примена на математичкостатистички и економетриски методи и модели (од наједноставни до најсложени) при испитувањето на економските појави и процеси и феномени. Тоа е можно затоа што многу економски појави можат да се квантифицираат и да се изразат преку броеви и модели. Овој факт ја засилува аргументацијата на економската наука… Continue reading КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ НА ЕКОНОМСКАТА АНАЛИЗА
КВАРТЕР
КВАРТЕР – најмладо геолошко време што трае и денес (2±0,2 – 0 млн. години). Се дели на плеистоцен и холоцен. Плеистоценски седименти широко се распространети со езерско-барски наслаги од чакали, песоци, мил, прашинести глини, тресет и бигор во Охридската, Преспанската, Дојранската, Скопската, Пелагониската и другите котлини, каде што нивната дебелина достигнува максимум 60–80 м. Плеистоценот… Continue reading КВАРТЕР
КВАРЦ
КВАРЦ (адливец) – обично се подразбира нискотемпературна модификација на СиО соединени2 ето, која уште се нарекува и бетакварц. На територијата на РМ се појавуваат убави кристали на кварц во околината на селото Буди-Кварц нарци (Беровско), како и во одделни пегматитски жици во пелагонскиот метаморфен комплекс; заедно со другите минерали, како што се тридимит, кристобалит, калцедон,… Continue reading КВАРЦ
КВИСЛИНШКИ ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија
КВИСЛИНШКИ ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија (1941 – 1944) – асоцијации формирани непосредно по окупацијата и распарчувањето на Македонија во април 1941 г. Имале цел да ја спроведуваат и да ја шират фашистичката идеологија, национализмот и шовинизмот и да се зацврстува и утврдува постојната (бугарска и италијанска/германска) власт, со спречување на оружената борба и ликвидација на припадниците… Continue reading КВИСЛИНШКИ ОРГАНИЗАЦИИ во Македонија
КВЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ
КВЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ – мерило што опфаќа повеќе компоненти, меѓу кои едни се мерливи, на пример: животниот стандард на населението, а други немерливи, како на пример: слободата во изборот, животната средина, слободното време, среќата, сигурноста итн. Во РМ квалитетот на животот на населението најчесто се мери преку индексот на човековиот развој, а според кој земјата… Continue reading КВЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ
КЕДЕВ, Сашко
КЕДЕВ, Сашко (Александар) (Штип, 6. Ⅶ 1962) – кардиолог, унив. професор. Медицинскиот факултет го завршил во Скопје (1986), а постдипломските студии на Клиниката за кардиологија (1987–1989) со магистерската дисертација „Ефекти од рана интравенозна тромболиза при акутен миокарден инфаркт” (1990). Стручно се усовршувал во Националниот институт за срце во САД (1991–1993) на проекти од молекуларната кардиологија,… Continue reading КЕДЕВ, Сашко
КЕЖОВИЦА
КЕЖОВИЦА – ШТИПСКА БАЊА. Се наоѓа југозападно од Штип, во непосредна близина на Ново Село, на десниот брег на р. Брегалница. Резервоарот на термоминералната вода се наоѓа во јурски гранити, а теренот околу изворите е изграден од терциерни седименти. Овде се јавуваат два извора на термоминерална вода – Л’џи, кој се наоѓа северно од ридот… Continue reading КЕЖОВИЦА
КЕЛКОЦЕВА, Надежда
КЕЛКОЦЕВА, Надежда (Велес, 24. Ⅳ 1924) – фармацевт, наставник на Фарм. ф. во Скопје. Основоположник на Институтот за испитување и контрола на лекови. Претходно во Републички завод за здравствена заштита го оформува и станува директор на Одделот за испитување и контрола на лекови. Л. П.-Т.
КЕЛТИ
КЕМАЛ-АТАТУРК, Мустафа
КЕМАЛ-АТАТУРК, Мустафа (Солун, 19. Ⅴ 1881 – Цариград, 10. XI 1938) – прв претседател на Република Турција. Се школувал во Военото училиште „Руждие” во Солун, во Воената академија (Аскери идадиси) во Битола (1896/1897 –1898/1899) и во Цариград. Бил на служба во Солун, како воен инспектор на железничката линија Солун–Скопје и Солун–Битола (1907–1910). Учествувал во Младотурската… Continue reading КЕМАЛ-АТАТУРК, Мустафа
КЕМЕНЕ
КЕМЕНЕ .- жичен гудачки народен музички инструмент со крушковидна форма. Се изработува од едно парче јаворово дрво, издлабено на поширокиот дел, а потоа покриено со тенка штичка од смрека. Гудалото е рачно изработено во блага полукружна форма. Има три жици, а мелодијата се изведува на првата, многу ретко се зафаќа третата, а средната константно бордунира… Continue reading КЕМЕНЕ
КЕНЗО, Танге
КЕНЗО, Танге (Имабари, Јапонија, 1913 – Токио, 2005) – архитект, урбанист, професор на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Токио, член на МАНУ надвор од работниот состав (1981). Неговата творечка дејност опфаќа широки архитектонскоурбанистички подрачја од идејни, главни и детални урбанистички планови на градови и на населби, до разновидни архитектонски објекти. Неговите остварувања се одликуваат со… Continue reading КЕНЗО, Танге
КЕПЕСКИ, Круме
КЕПЕСКИ, Круме (Прилеп, 8. Ⅳ 1909 – Скопје, 3. XI 1988) – филолог – македонист, унив. профессор, учебникар, преведувач, фолклорист. Основното и дел од средното образование го завршил во Прилеп, а матурирал во Битола (1931). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1935). Работел како професор по српски јазик и книжевност (1937) и како професор по… Continue reading КЕПЕСКИ, Круме
КЕПОВ, Иван
КЕПОВ, Иван (с. Бобошево, ќустендилско, Бугарија, 30. Ⅲ 1870 – Софија, 8. Ⅰ 1938) – новинар, публицист, општественик. Завршил историја на Софискиот универзитет. Работел како учител, службеник, бил секретар на Врховниот македонско-одрински комитет и е еден од основачите на Радикално-демократската партија. Уредник на весниците „Изгрев” (1901) и „Учителски весник” (1907-1913) и на списанието „Младешка библиотека”… Continue reading КЕПОВ, Иван
КЕРАМИЈА
КЕРАМИЈА (Церамиае) – населба до Прилеп од разбиен тип распослана под северните падини на Маркови Кули на платото Заг-рад, која го опфаќа поширокото подрачје од локалитетот Ташачица на југ до локалитетите Калдрма и Попадин Дол на север. Населбата егзистирала низ целиот антички период, за што говорат бројните некрополи распослани на повеќе нејзини страни, како и… Continue reading КЕРАМИЈА
КЕРАМИТЧИЕВ, Апостол
КЕРАМИТЧИЕВ, Апостол (с. Габреш, Костурско, 1913 – Скопје, 1997) – класичен филолог. Гимназија завршил во Костур, а студиите по класична филологија, археологија и стара историја во Солун и во Софија. Учествувал во НОБ. Од 1957 до 1979 г. работел како кустос (епиграфичар и нумизматичар) во Археолошкиот музеј во Скопје. Го проучувал старото рударство и металургијата… Continue reading КЕРАМИТЧИЕВ, Апостол
КЕРАМИТЧИЕВ, Михајло
КЕРАМИТЧИЕВ, Михајло (с. Габреш, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1915 – Скопје, 31. Ⅴ 1981) – деец на македонското и на грчкото комунистичко движење. Член на КПГ (од 1935), репресиран во периодот на Метаксасовата диктатура (1939), учесник во Грчко-италијанската војна (1940). Од 1941 до 1944 г. активно учествувал во македонското национално и антифашистичко движење. Деец… Continue reading КЕРАМИТЧИЕВ, Михајло