КЕРАМИТЧИЕВ, Михајло

КЕРАМИТЧИЕВ, Михајло (с. Габреш, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1915 – Скопје, 31. Ⅴ 1981) – деец на македонското и на грчкото комунистичко движење. Член на КПГ (од 1935), репресиран во периодот на Метаксасовата диктатура (1939), учесник во Грчко-италијанската војна (1940). Од 1941 до 1944 г. активно учествувал во македонското национално и антифашистичко движење. Деец на СНОФ, пратеник на ПЕЕА од Костурската околија, политички секретар на Првата ударна бригада на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (1944), член на Политичката комисија на Македонците под власта на Грција, секретар на раководството на СНОФ на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и учесник во Граѓанската војна на Грција (1946–1949). Не се согласувал со политиката на КПГ кон македонското национално прашање. По поразот на Републиканската армија (ДАГ), емигрирал во СРМ. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, В, 1948, Скопје, 1981. Ст. Кис. КЕРАМИТЧИЕВСКИ, Славчо