КАРАЏИќ, Вук Стефановиќ (Тршиќ, 1787 – Виена, 1864) – српски филолог, етнолог, фолклорист, историограф, лексикограф, преведувач и творец на современиот Планината Караџица Вук Караџиќ српски литературен јазик и правопис. Најпознат собирач и публикувач на српското усно народно творештво. Прва збирка му е „Мала простонародна словено-српска песнарица” (1814). Без јасна претстава за балканските народи и јазици,… Continue reading КАРАЏИќ, Вук Стефановиќ
Архиви: Енциклопедија
Description.
КАРАЏИЦА
КАРАЏИЦА – висока планина што го зафаќа западниот дел од масивот Јакупица и има правец на протегање ји–сз. Спрема северозапад продолжува во Сува Планина. Западната планинска страна се одликува со стрмни и високи отсеци кои речиси вертикално се спуштаат во кањонската долина на Треска. Највисоки врвови се Караџица (2.473 м), Попово (2.380 м), Убава (2.350… Continue reading КАРАЏИЦА
КАРАЏОВ, Димитар
КАРАЏОВ, Димитар (Ново Се-ло, Штип, 21. Ⅶ 1897 – 1956) – дипл. град. инж., вонр. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1952 до смртта) по предмети од областа на патиштата, декан на Техничкиот факултет. На Факултетот дошол во 1949 г. (како доцент). Дипломирал во Белград (1925), по што работел на граде-ње патишта и железници… Continue reading КАРАЏОВ, Димитар
КАРБИНЦИ
КАРБИНЦИ – село во Штипско. Се наоѓа од левата страна на р. Брегалница, во западното подножје на планината Плачковица, на надморска висина од околу 300 м. Со Штип е поврзано со локален пат. Тоа е населено со Македонци, а нивниот број изнесува 673 ж. Главно занимање на населението е производство на житни култури, посебно на… Continue reading КАРБИНЦИ
КАРГОВСКА-КЛИСАРОВА, Аница Димкова
КАРГОВСКА-КЛИСАРОВА, Аница Димкова (Скопје, 30. Ⅰ 1933) – анатом, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1986). Дипло-Аница Карговска-Клисарова мирала медицина во Скопје (1961), а докторирала во Белград за супракоронарните миокардни снопови и нивното влијание на коронарните артерии (1972). Ги ис-тражувала типовите на дистрибуција на коронарните артерии и развојните малформации на срцето. шеф на Катедрата… Continue reading КАРГОВСКА-КЛИСАРОВА, Аница Димкова
КАРДИЈА
КАРДИЈА – средновековно утврдување. Го подигнал византискиот император Василиј Ⅱ по освојувањето на Воден (1015), во средината на теснината, западно од Воден, за да го затвори теснецот и да ја зајакне одбраната на градот. Според името, се смета дека се наоѓало во средината, т.е. во срцето на теснината. ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И.… Continue reading КАРДИЈА
КАРЕВ, Никола
КАРЕВ, Никола (Крушево, 1877 – с. Рајчани, 1905) – учител, социјалистички и национален деец, револуционер и војвода. Завршува четврти клас во Битолската гимназија, а на 16 години заминува на печалба во Бугарија. Заедно со Васил Главинов, под чие влијание ги прифаќа социјалистичките идеи, ја основаат Македонско-одринската социјал-демократска група (1896). Подоцна, со Веле Марков формира социјалистичка… Continue reading КАРЕВ, Никола
КАРЕВ, Петар
КАРЕВ, Петар (Крушево, 1879 – Скопје, 1951) – револуционер, социјалист, брат на Никола Карев. Учествувал на Првата социјалистичка конференција во Крушевско (1900). Станал член на Крушевскиот окружен комитет на МРО (1904). Бил во отомански затвор (1910). Во текот на 1944 г. бил осуден и животот го завршил во затворот во Идризово, Скопско. ЛИТ.: Историја на… Continue reading КАРЕВ, Петар
КАРИКАТУРАТА ВО РМ
КАРИКАТУРАТА ВО РМ. Смешен и сатиричен цртеж со или без текст, во кој се изобличува реалното преку смешно, гротескно или пародично толкување на личностите и настаните. Корените на македонската карикатура се во фолклорната традиција. Карикатурата се развила во времето на НОБ (В. Поповиќ-Цицо), а подоцна во рамките на „Остен” (В. Јоциќ, Д. Марковиќ, Ѓ. Варга,… Continue reading КАРИКАТУРАТА ВО РМ
КАРОВСКИ, Лазо Трајков
КАРОВСКИ, Лазо Трајков (Кавадарци, 17. Ⅱ 1927 – Скопје, 3. Ⅱ 2000) – еден од првите македонски поети по Ослободувањето, романсиер, детски поет, литературен историчар и фолклорист. По завршувањето на гимназијалното образование во родниот град и во Скопје, дипломирал на Катедрата за југословенски литератури и македонски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и… Continue reading КАРОВСКИ, Лазо Трајков
КАРОЛАК, Станислав
КАРОЛАК, Станислав (Станисљањ Каролак) (Жирардув, Полска, 22. Ⅱ 1931) – полски лингвист, славист, романист, теоретичар на јазикот, специјалист во областа на семантичката и формалната синтакса. Автор на една од современите семантички теории на глаголскиот вид, применета во монографии од повеќе македонски автори посветени на глаголскиот вид во македонскиот јазик. Излагањето на теоријата (од С. Каролак)… Continue reading КАРОЛАК, Станислав
КАРПИНО манастир
КАРПИНО – манастир (в. „Воведение на Богородица”) КАРПИНСКИ АПОСТОЛ – полн изборен апостол од почетокот на ⅩⅣ в., македонска редакција на црковнословенски; 133 Лист од Карпинскиот апостол (ⅩⅣ в.) истиот период и со еден ирмологиј од понов датум. Според јазичните особености целиот кодекс е пишуван во манастирскиот комплекс Карпино (Кумановско), а е подврзан подоцна. Содржи… Continue reading КАРПИНО манастир
КАРСТ ВО РМ
КАРСТ ВО РМ – комплекс специфични морфолошки облици и хидролошки појави во карбонатните области. Облиците на релјефот во карстот се претставени со затворени депресии со различни димензии кои му даваат посебен изглед и физиономија. Втора одлика на карстот е неговата хидролошка противречност: голема безводност на површината, а богатство со вода во внатрешноста на варовничките маси.… Continue reading КАРСТ ВО РМ
КАРТОВ, Владимир
КАРТОВ, Владимир (с. Смоквица, Гевгелиско, 1935 – Скопје, 23. Ⅳ 1989) – универзитетски професор, правник. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Скопје (1953). Во истиот град дипломирал на Вишата педагошка школа (1956), потоа и на Филозофскиот факултет, Група историја (1960), како и на Правниот факултет (1964). Магистрирал политички науки во Белград… Continue reading КАРТОВ, Владимир
КАРЧИЦКА, Димитра Ламброва
КАРЧИЦКА, Димитра Ламброва (с. Поздивишта, Костурско, Грција, 2. Ⅷ 1939) – математичар, ред. проф. (1984) на ПМФ. Дипломирала (1961) на ПМФ, магистрирала (1969) во Белград и докторирала (1973) на ПМФ со темата „Некои проблеми на квадратното програмирање со матрици од Леонтиев тип”. Објавила научни трудови во областа на математичкото програмирање, универзитетски учебници, скрипти за своите… Continue reading КАРЧИЦКА, Димитра Ламброва
КАСАНДАР
КАСАНДАР (Кассандрос) (ок. 358-297 пр. н.е.) – владетел (316–305 пр. н.е.) и крал на Македонија (305 ‡297 пр. н.е.), најстариот син на Антипатар, војсководецот и дипломат на Филип Ⅱ Македонски. Како оспособен воин бил испратен кај Александар Ⅲ Македонски во Вавилон (324 пр. н.е.). Кога починал татко му (319 г. пр. н.е.), владеењето со Македонија… Continue reading КАСАНДАР
КАСО, Елјеса
КАСО, Елјеса (Гостивар, 3. Ⅹ 1961) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1985), од кога е член на Турската драма на Театарот на народностите. Како стипендист на Владата на Република Турција, во Анкара (1987/88) специјализирал сценски говор на Државниот конзерваториум. Од 1944 г. е на ФДУ во Скопје, каде… Continue reading КАСО, Елјеса
КАСОРЛА, Моше
КАСОРЛА, Моше (Битола, ⅩⅩ в.) – рабин во Париз. Бил активен учесник на француското Движење на отпорот во Втората светска војна. Носител е на високи француски одликувања. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.
КАСТЕЛ СПЕКУЛА
КАСТЕЛ СПЕКУЛА – . тип доцноантички фортификации во Македонија на доминантни планински врвови, со одлична визуелна комуникација со далечните точки долж позначајните патни комуникации кон поголемите доцноантички градови. Заштитени со цврсти малтерни ѕидови, обично без кули. Служеле за примање и за пренесување сигнали за тревога за претстојна опасност. Примери во Македонија: Кале, с. Барово на… Continue reading КАСТЕЛ СПЕКУЛА
КАСТРАТИ, Адем
КАСТРАТИ, Адем (с. Горно Карачево, Долна Морава, 15. Ⅰ 1933 – Скопје, 24. IX 2000) – сликар и ликовен педагог, најистакнат и еден од најстарите сликари од албанско потекло во РМ. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Бил член на Друштвото на ликовните уметници на Косово, а од 1968 г. член во ДЛУМ. Слика со… Continue reading КАСТРАТИ, Адем
КАСТРАТОВИЌ, Индира
КАСТРАТОВИЌ, Индира (Бања Лука, 2. Ⅹ 1970) – хемиски техничар, ракометарка. Завршила хемиско-технолошка школа во Приедор (1988). Била член на четири ракометни клуба (1986–1994) пред да дојде во РК „Кометал Ѓорче Петров” во Скопје (1994–2006). Таа е најдобар стрелец во екипата и во репрезентацијата на Македонија. Настапила на три светски и на две европски првенства.… Continue reading КАСТРАТОВИЌ, Индира
КАТАЛИНИЌ, Марин
КАТАЛИНИЌ, Марин (Трогир, Хрватска, 20. Ⅷ 1887 – Скопје, 2. Ⅻ 1959) – физичар, ред. проф. (1945) во Загреб. Студирал математика и физика во Загреб и дипломирал (1913) во Виена. Работел како гимназиски професор, а потоа на Универзитетот во Загреб. Докторирал (1928) во Белград со тема за стојни бранови на циркуларно и елиптички поларизирана светлина.… Continue reading КАТАЛИНИЌ, Марин
КАТАРЏИЕВ, Иван
КАТАРЏИЕВ, Иван (с. Плоски, Светиврачко/Санданско, Пиринскиот дел на Македонија, 6. Ⅰ 1926) – историчар и политичар, специјалист за минатото на македонскиот народ во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в., член на МАНУ. Завршил гимназија во Свети Врач. По Ослободувањето на Македонија, со група младинци бил испратен на студии во Скопје (1946), каде што дипломирал на Филозофскиот факултет… Continue reading КАТАРЏИЕВ, Иван
КАТЛАНОВО СКОПЈЕ
КАТЛАНОВО СКОПЈЕ . наоѓалиште на јаглен, на околу 25 км југоисточно од Скопје, во непосредна близина на с. Катланово. Од геолошки аспект, врз палеорелјефот на наоѓалиштето, трансгресивно и дискордантно лежи палеогениот седиментен комплекс. Плиоценскиот комплекс, кој лежи трансгресивно врз палеогенот, својот развој го индицира преку две суперпозициони фации: долна, глиновито-лапоровитопродуктивна, и горна чакалестопесоклива фација. Според… Continue reading КАТЛАНОВО СКОПЈЕ