ИТАЛИЈАНСКА ЛЕГЕНДА -. Основа на ова дело претставува писмото на Анастасиј Библиотекарот до еп. Гаудерик Велетриски за откривањето на моштите на св. Климент Римски во Херсон од Константин – св. Кирил Философ на пат за Хазарската мисија, а 868 г. донесени од Браќата во Рим. Напишана е веројатно меѓу 870-882 г., кога Гаудерик можел да… Continue reading ИТАЛИЈАНСКА ЛЕГЕНДА
Архиви: Енциклопедија
Description.
ИТАР ПЕЈО
ИТАР ПЕЈО (Итар Петре, Пејо Итроманецот) – јунак од народните приказни, шегобиец и итроман, претставник на македонската шегобијна мудрост. Според народните верувања, потекнувал од мариовското село Градешница. Нема историски потврди за неговото постоење и веројатно се појавил како противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија Насрадин Оџа во духовниот отпор на македонскиот народ против османлиското угнетување.… Continue reading ИТАР ПЕЈО
ИЦЕВ, Александар
ИЦЕВ, Александар (Кавадарци, 11. Ⅵ 1921) – металостругар, првоборец и политичар. Ги завршил Градежното училиште во Кавадарци и Военото занаетчиско училиште при Воено-техничкиот завод во Крагуевац. Како истакнат член на работничкото движење, станал член на КПЈ (1940). Бил учесник во НОАВМ (1941) во илегална партиско-политичка работа како член на МК на СКОЈ и секретар на… Continue reading ИЦЕВ, Александар
ИЦЕВА-САЛЏИЕВА, Нада
ИЦЕВА-САЛЏИЕВА, Нада (село Павлешинце, Светиниколско, 18. Ⅻ 1934 – Скопје, 15. IX 2005) – падобранец и падобрански инструктор. Била член на Аероклубот во Скопје (од 1954). Скокала со падобран 1150 пати во разни дисциплини. Го освојувала првенството на Југославија во Вршац (1956), Белград (1958), Тиват (1959), Битола (1960 и 1964). Поставила неколку апсолутни републички и… Continue reading ИЦЕВА-САЛЏИЕВА, Нада
ИЧКО, Петар
ИЧКО, Петар (с. Катраница, Кајларско, кон средината на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Белград, 15. Ⅴ 1808) – трговец, турски и српски дипломат од македонско потекло, брат на Наум Ичко. Бил турски трговски конзул (базриѓанбаша) во Белград (1792-1796 и 1800-1801), преведувач во турското дипломатско претставништво во Берлин (1797-1799) и преведувач на тамошниот везир Хаџи Мустафа-паша. Во времето… Continue reading ИЧКО, Петар
ИШИРКОВ, Анастас
ИШИРКОВ, Анастас (Ловеч, 5. Ⅳ 1868 – Софија, 6. Ⅳ 1937) – бугарски географ. Основно образование завршил во Ловеч, а гимназија во Габрово и во Трново. Студии по историја завршил на Високото училиште во Софија (1891), а географија во Лајпциг (Германија), каде што одбранил и докторат од областа на географијата (1895). Една година е професор… Continue reading ИШИРКОВ, Анастас
ЈАБЛАНИЦА
ЈАБЛАНИЦА – висока планина во југозападниот дел на РМ. Се наоѓа помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од долината на Црни Дрим и брегот на Охридското Езеро. На Република Македонија£ припаѓаат источните планински страни, а западните на Република Албанија. Се протега во меридијански правец во должина од 35 км, а најголемата широчина во нашата држава… Continue reading ЈАБЛАНИЦА
ЈАБОЛКО
ЈАБОЛКО . (Малус доместива Л.) – водечка овошна култура во РМ, со над 55–60% од вкупното производство на овошје. Пред Втората светска војна производството на јаболка во Македонија изнесувало околу 4.000 т годишно. Со подигањето на интензивните овошни насади по 1960–1970 г., производството на јаболка во 1980–1985 се зголеми над 100.000 т (1982 г., 130.000… Continue reading ЈАБОЛКО
ЈАВНО ЗЕЛЕНИЛО ВО РМ
ЈАВНО ЗЕЛЕНИЛО ВО Република Македонија– значајна урбана категорија што обезбедува еколошка разновидност, функционална подобност и социјална добробит во градовите. Во градовите во Република Македонијасе планира обезбедување земјиште за јав2 но зеленило од 15 до 25 м по жи-тел. Јавните зелени урбани површини се категоризирани во две групи: зелени површини во градот (паркови, станбено зеленило, линеарно… Continue reading ЈАВНО ЗЕЛЕНИЛО ВО РМ
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ -. државен орган што ги гони сторителите на кривичните дела. Првпат оваа функција се утврдува со Уредбата за воените судови од 24. Ⅴ 1944 г., според која при секој судски совет се назначува воен истражител, а при одделни бригади и командни места се поставуваат иследници. Како посебен орган, Јавното обвинителство се… Continue reading ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СТАНБЕН И СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА РМ, Скопје
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СТАНБЕН И СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА РМ, Скопје – формирано е како Завод за проектирање, студии и надзор (1954), кој со натамошната трансформација го менувал името. Има најголемо учество во изградбата на градот Скопје по земјотресот (1963). Изградени се бројни деловни и станбено-деловни објекти: ГТЦ, станбен комплекс Градски ѕид, театри, кина, библиотеки, Универзална… Continue reading ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СТАНБЕН И СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА РМ, Скопје
ЈАВОР
ЈАВОР . (Ацер Л., фам. Ацерацеае) – род застапен со 150 вида во Северната хемисфера. Листопадни дрвја или грмушки чии листови се прости, лаповити или непарно перести, спротивно поставени. Плодот е двојно крилесто оревче. Во Република Македонијаприродно се застапени следниве видови: а) горски јавор (А. псеудоплатанус Л.) – високо дрво (до 40 м) со ареал… Continue reading ЈАВОР
ЈАГИЌ, Ватрослав
ЈАГИЌ, Ватрослав (Ватрослав Јагиќ) (Вараждин, 6. Ⅶ 1838 – Виена, 5. Ⅷ 1923) – класичен филолог, славист. Класично образован од детска возраст (до Ⅲ клас Фрањев. гимн. сите предмети на лат.) во родното место, продолжил класична гимн. во Загреб (1847– Ватрослав Јагиќ 1851), каде што му се развил интерес и за сеслов. единство; студирал класична… Continue reading ЈАГИЌ, Ватрослав
ЈАГЛИЦА
ЈАГЛИЦА -. памучна ткаенина, шамија на краиштата декорирана со вез, составен дел на невестинската носија од кумановскиот регион. Се носела прикачена за невестинската скутина, на колковите. Почнувајќи од денот на венча-Кленика (маклен) вањето и една недела по венчавањето младата невеста ја носела постојано, како обележје на нејзиниот статус, а една година по свадбата ја носела… Continue reading ЈАГЛИЦА
ЈАГОДА
ЈАГОДА (Фрагариа ананаса, Дуцх, Гуидес) – сортно овошје за домашно и плантажно производство. Во Република Македонијапочна да се одгледува од 1934 г. во Скопско. Во седумдесеттите и осумдесеттите години на ⅩⅩ в., се подигнати поголеми плантажи од јагоди во комбинатите во Велес, во Кавадарци, во Прилеп, во Битола. Насадите се подигнати со висококвалитетни вирус фри… Continue reading ЈАГОДА
ЈАГУЛИ
ЈАГУЛИ (Ангуиллидае) – фамилија риби од редот на јагуловидните риби (Ангуиллиформес), кои населуваат солени и слатки води. Кај нас е присутен само еден вид од оваа фамилија, јагула (Ангуилла ангуилла). ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то тхе Нортхерн Медитерранеан Регион, Тоур ду… Continue reading ЈАГУЛИ
ЈАДРАНСКА ПОВЕЛБА
ЈАДРАНСКА ПОВЕЛБА (Тирана, 2. Ⅴ 2003) – стратешки документ склучен меѓу САД, Р Албанија, Р Хрватска и Р Македонија, по иницијатива на претседателот на Република МакедонијаБорис Трајковски, покрената на Самитот на НАТО/ ЕАСП во Прага (23. XI 2002), неНачалниците на генералштабовите на Македонија, на Хрватска и на Албанија формално наречена Охридскојадранска, заради заеднички и координирани… Continue reading ЈАДРАНСКА ПОВЕЛБА
ЈАЈЧАРКА
ЈАЈЧАРКА (Аманита цаесареа /Сцоп./ Перс.) – габа што старите Римјани ја користеле за исхрана. Во некои региони во Македонија се користи во исхраната кај месното население. Честа е во дабовите шуми. М. К.
ЈАКА ЧЕшМА, ТРЕМНИК
ЈАКА ЧЕшМА, ТРЕМНИК (Неготино) – некропола сместена во југоисточната периферија на селото Тремник на 7,5 км југоисточно од Неготино. Тука се наоѓале римски гробови со конструкција на две води од тегули и имбрицеси – откриени на длабочина од 1,5 м, при градење на новата селска црква посветена на Св. Дух и ограда (1950). При копање… Continue reading ЈАКА ЧЕшМА, ТРЕМНИК
ЈАКИ, Роберт С
ЈАКИ, Роберт С. (Скопје, 13. Ⅲ 1950) – фоторепортер, уметнички фотограф. Основач е и главен уредник на првото македонско специјализирано списание „Фотон Арт”. Од 1972 г. работел во редакциите на „Нова Македонија”, „Починка”, „Екран” и во Танјуг (1980/89). Основач е и прв претседател на Асоцијацијата на македонските фоторепортери (2002). Добитник е на наградата на ОН… Continue reading ЈАКИ, Роберт С
ЈАКИМОВ, Тодор Д
ЈАКИМОВ, Тодор Д. (Велес, 1926) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот отсек при Техничкиот Факултет во Загреб (1952) и се вработил во фабриката за електрични производи „Југ” во Скопје. Во 1953 г. преминал на работа во составот на новоформираната група за изградба на Рудници и железарница „Скопје”, каде што останал… Continue reading ЈАКИМОВ, Тодор Д
ЈАКИМОВСКА, Цветанка
ЈАКИМОВСКА, Цветанка (Перник, Бугарија, 10. IX 1927 – Скопје, 14. Ⅳ 1990) – актерка во Драмата на МНТ (1945–1983), каде што и се пензионирала. Играла во пиеси на Младинско-детскиот театар во Скопје, на радиото, ТВ и во филм. Значаен дел од својата кариера му посветила на говорењето поезија („Блажена гора зелена”), гостувајќи во САД, Канада,… Continue reading ЈАКИМОВСКА, Цветанка
ЈАКИМОВСКИ, Љубомир
ЈАКИМОВСКИ, Љубомир (Добрево, ПробиШтип, 22. Ⅵ 1946) – новинар и публицист, доктор по политички науки. Од 1979 г. бил главен и одговорен уредник на Третата програма на Радио Скопје, од 1982 г. директор на Телевизија Скопје, а потоа генерален директор на Македонската радио-телевизија (1985 –1989). Станува претседател на Советот за радиодифузија на Република Македонија(1997–2003). Професор… Continue reading ЈАКИМОВСКИ, Љубомир
ЈАКИМОВСКИ, Чедо
ЈАКИМОВСКИ, Чедо (Кратово, 22. Ⅱ 1940 – Скопје, 15. Ⅻ 1993) – Чедо Јакимовски поет, новинар. Бил главен уредник на весникот „Млад борец”. Работел во Републичкиот секретаријат за информации. Член е на ДПМ (од 1966). Високо вреднуван поет од македонската литературна критика и застапуван во повеќе репрезентативни антологии на македонската лирика во земјата и во… Continue reading ЈАКИМОВСКИ, Чедо