ИЦЕВА-САЛЏИЕВА, Нада

ИЦЕВА-САЛЏИЕВА, Нада (село Павлешинце, Светиниколско, 18. Ⅻ 1934 – Скопје, 15. IX 2005) – падобранец и падобрански инструктор. Била член на Аероклубот во Скопје (од 1954). Скокала со падобран 1150 пати во разни дисциплини. Го освојувала првенството на Југославија во Вршац (1956), Белград (1958), Тиват (1959), Битола (1960 и 1964). Поставила неколку апсолутни републички и државни рекорди. Како репрезентативка на Југославија учествувала на Светскиот јадрански куп Тиват (1957 и 1959) и Порторож (1963), како и на државниот тримеч во Софија (1957) и Бу-курешт (1958). Била падобрански инструктор и судија, едриличар и моторен пилот. Таа е избрана за најдобар спортист на Македонија (1956). Д. С.