ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ

ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ – фестивал на народни инструменти и песни. Оформен е во 1974 г., по иницијатива на П. Атанасовски и Ж. Фирфов, со целдасезачуваат и негуваат древните вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворни народни песни. Се одржува во с. Долнени, Прилепско, местото на прочуените народни изработувачи и свирачи на гајда. По смртта на П. Атанасовски (1996) го носи неговото име. Фестивалот има меѓународен карактер и на него учествувале околу 9.000 народни свирачи и пејачи од целиот свет. М. Кол. Душан Пецовски