ПЕХЧЕВО

ПЕХЧЕВО – мала градска населба во источниот дел на РМ со 3.237 ж. (2002 г.). Се наоѓа во североисточниот дел на Малешево, во под-ножјето на планината Влаина, на надморска висина од околу 1.000 м. Преку П. поминува регионален пат што на север го поврзува со Делчево, а на југ со Берово. Градот зафаќа површина од 168 ха. Има умерено-континентална клима. Во времето на турското владеење било познато под името Османли. Како млада градска населба се развило во текот на ⅩⅠⅩ в. Тогаш била главен управно-територијален центар на Малешево. Во 1900 г. имало 4.070 ж. Во 1904 г. настрадало од силен земјотрес. По Балканските војни, со иселувањето на Турците, популациски значи(28. Ⅷ), го ослободила Градско Пехчево телно опаднало, така што во 1914 г. во него живееле само 694 ж. Денеска е седиште на општина што зафаќа површина од 20.820 ха, има 7 населени места со 5.517 ж. Населението го составуваат Македонци и само мал број Роми (123) и Турци (31). Покрај земјоделството, во градот е присутна керамичката и дрвната индустрија, има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст. Дефиле на Фестивалот „Пеце Атанасовски“ во с. Долнени