МАРКОВИ КУЛИ

МАРКОВИ КУЛИ (Варош) – некропола на градот Прилеп лоцирана на југоисточната страна на истоименото возвишение. Со систематските ископувања што во повеќе наврати ги водел Б. Ба-биќ, се ископани 218 христијански гробови. Некои од нив се слободни закопувања во земјата, а други се вдлабени во карпите и имаат трапезовидна основа или основа со алвеола кај главите на покојниците. Накитот од гробовите (прстени, наушници и белегзии, главно од бронза) се датира во средниот век и во времето на турското средновековје. Меѓутоа, тоа е и Панорама на комплексот „Маркови Кули“, Варош, кај Прилеп Белегзии најдени во локалитетот Маркови Кули во Варош, Прилепско (ⅩⅣ век) локацијата од каде што потекнува депото со скапоцени предмети од ⅩⅣ в. Тие се откупени од скопскиот антиквар Челекијан во 1936 г. и се чуваат во Народниот музеј во Белград, заведени под бр. 308318. Депото се состоело од скапоцен венец за глава, чифт зрачести наушници, лентести белегзии со 2 шарнира, масивни белегзии од лабаво плетена жица со плоснати краеви, прстен и дел од реликвијар. Изработени се од сребро, злато или позлатување, украсно камење, гранулација и филигран. Припаѓале на многу видно семејство, можеби и на Мрњавчевци. ЛИТ.: Б. Бабиќ, Материјалната култура на Македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп, 1986, 185–189, 263; М. ќоровиќ-Љубинковиќ, Налаз из Маркове Вароши код Прилепа, „Музеји“, 2, Београд, 1949, 103–113. Ел. М. Дарко Марковиќ (ДАР-МАР)