ХЕМИСКИ ФАКУЛТЕТ

ХЕМИСКИ ФАКУЛТЕТ – в. Институт за хемија при Природноматематичкиот факултет.

ХЕНРИХ И Фландриски

ХЕНРИХ И Фландриски (1177–1216) – латински император (1206– 1216), син на Балдуин Ⅴ и Маргарита, втор и најуспешен владетел на Латинското Царство, помал брат на императорот Балдуин Фландриски. По заробувањето на Балдуин од Бугарите, во битката Хенри И Фландриски кај Адријанопол (1205), владеел како регент, а по смртта на Балдуин бил крунисан за император. Водел… Continue reading ХЕНРИХ И Фландриски

ХЕРАКЛЕ

ХЕРАКЛЕ – божество што кај Македонците се вика Аротос / Аретос (името се поврзува со македонска глоса со нејасна етимологија), митски родоначелник на Македонците и на македонската кралска куќа. Македонските кралеви (Александар Ⅲ Македонски, Антигон Гонат, Персеј) му принесуваат жртви. Во времето на Александар Македонски го носи епитетот „Пропатор“. Во Ајга е пронајден натпис посветен… Continue reading ХЕРАКЛЕ

ХЕРАКЛЕЈА

ХЕРАКЛЕЈА ЛИНКЕСТИС (Херацлеа Лѕнцестис) – античка градска населба лоцирана на јужната периферија на денешниот град Битола. Основан од Филип Ⅱ (според Ф. Папазоглу) во средината на Ⅳ в. пр. н.е., како важен стратешки пункт за заштита на севе-Дел од археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис ените покраини или, според други научници, од Филип В– како дел од… Continue reading ХЕРАКЛЕЈА

ХЕРЖМАН, Сава

ХЕРЖМАН, Сава (Сава Хеøман) (Рихвалд, Чешка Република, 21. Ⅴ 1926) – славист и балканолог-лингвист и македонист. По завршувањето на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, докторирал по филозофија и се вработил на својот факултет ис-тражувајќи го развитокот и стабилизацијата на стандардните јазици. Учествувал на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во ОхридContinue reading ХЕРЖМАН, Сава

ХЕРКУЛЕ

ХЕРКУЛЕ – патна станица од римско време, забележана на Табула Појтингеријана (Ⅲ–Ⅳ в.), на делницата од патот помеѓу Скупи и Стоби. Се наоѓала помеѓу станиците Финес и Пресидио. Се лоцира на локалитетот Бела Вода (Велешко), каде што се среќаваат остатоци од керамика, мермер, траги од стар водовод и монети.

ХЕРОДОТ

ХЕРОДОТ (Херодотос) (Халикарнас, Мала Азија, ок. 484 – веројатно Турии, Јужна Италија, ок. 425 пр. н.е.) – хеленски историограф, познат како „татко на историјата“, извор за најстарата историја на Македонија. Поради политичките противречности со халикарнашкиот тиранин Лигдамид, бил принуден да се пресели и привремено да живее на островот Самос. Многу патувал (Вавилон, Египет, Скитија, Тракија,… Continue reading ХЕРОДОТ

ХЕРОМЕН

ХЕРОМЕН (? – 336 г. пр. н.е.) – соработник на Павсаниј, убиецот на кралот Филип Ⅱ. Потекнувал од аристократскиот род на Линкестидите. Заедно со Арабеј и Александар, бил вклучен во заговорот против кралот во Ајга. По убиството, Херомен и Арабеј се сокриле, но биле фатени и погубени. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004.… Continue reading ХЕРОМЕН

ХЕРООН

ХЕРООН – монументален вид надгробни објекти од римско време во Македонија, регистрирани на повеќе локалитети. Објектите биле оформувани во вид на рим-ски храм на висок подиум, со приодни скалила, вестибил и цела и со подземен хипогеум. На Грамаѓе, кај Барово, е откриена типолошки разновидна камена архитектонска пластика. Ист е и случајот со хероонот кај селската… Continue reading ХЕРООН

ХЕСИОД

ХЕСИОД (Хесиодос) (Ⅶ в. пр. н.е.) – хеленски поет, прв го спомнува името Македонија. Неговиот татко, којшто се занимавал со поморска трговија, се преселил од Кима во Ајолија, во Аскра, село на падините на планината Хеликон, близу до градот Теспиј во Бојотија. Тука Х. се занимавал со земјоделство. По смртта на татко му спорел со… Continue reading ХЕСИОД

ХЕТАЈРИ

ХЕТАЈРИ (хетаирои) – стара македонска институција, најблиски соработници на кралот, негови придружници во мир, војна и лов. Полагале заклетва дека ќе имаат исти пријатели и непријатели како кралот. Од времето на Филип Ⅱ Македонски, меѓу нив биле вклучувани и туѓинци, а припадноста можела да биде и почесна (пр.: трагедиографот Еврипид). Во време на походот на… Continue reading ХЕТАЈРИ

ХИБИСКУС

ХИБИСКУС .(Хибисцус сѕриацус Л., фам. Малвацеае) – листопадна грмушка од Азија, со триделни листови, грубо назабени. Цветовите се крупни, ѕвонести, со обоени венчеливчиња (виолетови, црвени, бели). Плодот е чушка. Многу декоративен вид, покрај другото, се користи и за живи Расцветан хибискус огради. Ал. Анд.

ХИДРА, СЛАТКОВОДНА

ХИДРА, СЛАТКОВОДНА . (Хѕдра аттенуата Палл.) – полип со седентарен начин на живеење. Се среќава прицврстен за некое растение или цврст предмет во бари, рибници и во езера. Достигнува големина од 10 до 20 мм. Се исхранува со ситни животни, ракчиња и други водни организми кои пливаат во водата што ги ло-ви со помош на… Continue reading ХИДРА, СЛАТКОВОДНА

ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД

ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОДОХРИД. Проучувањето на лимнолошката проблематика на Охридското Езеро се бележи во трудот на Стеиндацхнер Ф.,1892: Убер еиниге неуе унд селтене Фисцхартен усњ. Денксцх. Акад. Њисс., Њиен., матх. натурњисс. КЛ, 59, 357–384. Првото доаѓање на С. Станковиќ (1892– 1974), во 1922 г. во Охрид, во суштина претставува почеток на организирано истражување на Охридското… Continue reading ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД

ХИДРОЕЛЕКТРОПРОЕКТ

ХИДРОЕЛЕКТРОПРОЕКТ“ – претпријатие за проектирање на ЕЕ и хидротехнички објекти. Тоа е основано е во 1947 г. како дел на сојузната организација. Самостојно работело од 1950 г. Во 1989 г. се интегрирало со претпријатието ЕМО – Охрид. Изготвувало студии, основни, идејни, главни и изведбени проекти за голем број значајни објекти: ТЕ, ХЕ, ТС, ВН водови… Continue reading ХИДРОЕЛЕКТРОПРОЕКТ

ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКА СЛУЖБА

ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКА СЛУЖБА. Хидрометеоролошката служба на Македонија е формирана во 1947 г., а во 1993 г. таа станува членка на Светската метеоролошка организација (СМО), која е специјализирана агенција на Обединетите Нации (ОН). Хидрометеоролошката служба на Македонија ја спроведува за-Лабораторијата на Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје цртаната програма, во рамките на средствата со кои располага и… Continue reading ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКА СЛУЖБА

ХИДРОЦЕНТРАЛИ во Македонија

ХИДРОЦЕНТРАЛИ во Македонија. Вкупниот хидроенергетски потенцијал во Република Македонијае проценет на 5.200 ГЊх, во моментов се искористени 27% или 1.500 ГЊх, со инсталирана сила 431 кЊ. Годишно производство на хидроцентралите (ХЦ): 1.170 ГЊх во 2000 г., 621,5 (2001), 755,4 (2002), 1.370 (2003) ГЊх. Меѓу 10-те ХЦ на големите брани најважни се: „Вруток“ (27% од вкупното… Continue reading ХИДРОЦЕНТРАЛИ во Македонија

ХИЛ, Петер

ХИЛ, Петер (Петер Хилл) (Перт, Австралија, 1945) – австралиски славист и македонист. По завршените студии по русистика и германистика на Универзитетот во Мел-бурн, студиите ги продолжил во Берлин и Хамбург, каде што и докторирал. Бил професор на Универзитетот во Хамбург (1979), а потоа на Маквори универзитетот во Сиднеј ги вовел предавањата по јужнословенските јазици, па… Continue reading ХИЛ, Петер

ХИЛИЈАРХ

ХИЛИЈАРХ – командант на хилијархија (одред од 1.000 коњаници), на првата хипархија од хетајрите од македонската војска, но и дворска титула на вршител на многу важни политички функции во државата. Тој ги подготвувал сите државни работи за кралот. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К.… Continue reading ХИЛИЈАРХ

ХИЛМИ-ПАША, Хусеин

ХИЛМИ-ПАША, Хусеин (с. Сарлиџа, о-в Митилин, Турција, 1859 – 1921) – висок турски воено-административен деец, дипломат и државник. Бил главен секретар на Измирскиот вилает (1882), окружен управник (мутесариф) во Мерсин, валија на Адана (1887) и на Јемен (1898). По Илинденското востание за спроведување на Мирцштегските реформи е поставен за главен инспектор на вилаетите во МакедонијаContinue reading ХИЛМИ-ПАША, Хусеин