СТОЈЧЕВИЌ, Ѓорѓе (Кратово, 1859 – Скопје, 26. И 1926) – композитор, хорски диригент и наставник. Се школувал во родниот град, во Алексинац и во Белград, каде што го завршил Богословското училиште. Учел музика во Москва и во Петроград (1895). Бил учител, службеник и хорски диригент во повеќе градови во Србија и во Македонија. Неговите лични… Continue reading СТОЈЧЕВИЌ, Ѓорѓе
Tag: С
СТОЈЧЕВСКИ-АМБАРЧЕ, Гоце
СТОЈЧЕВСКИ-АМБАРЧЕ, Гоце (Тетово, 1919 – с. Беличица, Гостиварско, 19. Ⅸ 1944) – народен херој. Бил библиотекар во локалната библиотека, секретар на МК на КПЈ и учесник во НОД (1941). Во НОАВМ бил политички комесар на партизански одред на шар Планина (1943). Во борбата со балистички сили кај с. шипковица (1943) бил ранет, заробен и спроведен… Continue reading СТОЈЧЕВСКИ-АМБАРЧЕ, Гоце
СТОЈЧЕВСКИ, Методија
СТОЈЧЕВСКИ, Методија (с. Герман, Леринско, 1905 – с. Бистрица, Битолско, 17. Ⅸ 1995) – припадник на работничкото и комунистичкото движење, член на КПЈ од 1940. Живеел и работел во селото Бистрица, Битолско. Во летото на 1942 г. активно го помагал Движењето. Во септември 1942 преминал во илегалство. По провалата во с. Бистрица бил откриен и… Continue reading СТОЈЧЕВСКИ, Методија
СТОЈЧЕВСКИ, Санде
СТОЈЧЕВСКИ, Санде (с. Студена Бара, Куманово, 16. Ⅸ 1948) – поет, есеист, литературен критичар, преведувач. Бил новинар, а потоа уредник на Образовната редакција на Радио Скопје, главен уредник и директор на Книгоиздателството „Македонска книга“, главен уредник на прилепското списание „Стремеж“ и на поновото скопско гласило „АКТ“. Коавтор е на петтомната едиција „Македонската книжевност во книжевната… Continue reading СТОЈЧЕВСКИ, Санде
СТОЈЧЕВСКИ, Тодор Костадинов
СТОЈЧЕВСКИ, Тодор Костадинов (Прилеп, 29. Ⅴ 1929) – спец. интернист-хематолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1987). Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје. Постдипломски студии по хематологија во Оксфорд (Англија) (1963/64), а докторирал (1970) во Скопје. Директор на РЗТ (1966–1968). Бил продекан на Мед. ф. (1978–1980), а потоа директор на Клиниката за… Continue reading СТОЈЧЕВСКИ, Тодор Костадинов
СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР – со седум специјализирани клиники: Клиника за болести на устата и забите, Клиника за дентална патологија и терапија, Клиника за детска и превентивна стоматологија, Клиника за мобилна стоматолошка протетика, Клиника за фиксна стоматолошка протетика, Клиника за орална хирургија, Клиника за ортодонција. Сите клиники се со претклиники. Тоа се здравствени, наставни и научни… Continue reading СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ. Од Клиниката за усни, забни и вилични болести на Мед. ф., формирана во 1949 г., за давање стоматолошки услуги на населението од Скопје и од Македонија и за едукација на студентите по медицина од предметот стоматологија, се увидело дека има потреба за отворање посебни стоматолошки студии. Ма-Зградата на Стоматолошкиот факултет тична… Continue reading СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
СТОН, Елеонора
СТОН, Елеонора (Мисс Стоне) – американска протестантска мисионерка во Македонија. Била грабната од четата на Јане Сандански (21. Ⅷ 1901) на патот меѓу Банско и Горна Џумаја. За нејзиниот откуп ТМОРО добила од османлиската влада 14.500 златни лири, кои биле употребени главно за купување оружје. По враќањето во САД таа ја популаризирала ТМОРО и нејзините… Continue reading СТОН, Елеонора
СТОНОГАЛКИ
СТОНОГАЛКИ (Мѕриапода) – класа од поттипот трахеати (Трацхеата), во која се вклучени вистинските стоногалки (Диплопода) и шкраплите (Цхилопода). Во Македонија се регистрирани 72 видови, од кои 22 Вистинска стоногалка ендемити. ЛИТ.: С. Петковски, Фаунал диверситѕ, во: Цоунтрѕ Студѕ фор Биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (Фирст Натионал Репорт). Министрѕ оф Енвиронмент анд Пхисицал Планнинг, Скопје,… Continue reading СТОНОГАЛКИ
СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИТЕ
СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИТЕ – шумите како национално богатство на РМ, покрај општокорисните функции, имаат и функција да ја обезбедат потребната дрвна маса како енергенс, суровина или за друга намена што произлегува од потребите на населението и на дрвната индустрија. Стопанисувањето со државните шуми за стопанска намена се остварува преку ЈП „Македонски шуми“. Економиката во шумарството… Continue reading СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИТЕ
СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА ВО ⅩⅠⅩ ВЕК
СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА ВО ⅩⅠⅩ ВЕК. Преминот од ⅩⅤⅠⅠⅠ во ⅩⅠⅩ в. во Македонија, која тогаш во своите природно-историски и етнички граници се наоѓаше во составот на Османско-турската Империја, се карактеризираше со позабележително разјадување на патријархално-натуралните облици на стопанисување и со навлегување на стоковно-паричните облици на општественото производство. Во земјоделството, на местото на тимарско-спахискиот… Continue reading СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА ВО ⅩⅠⅩ ВЕК
СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ
СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ (1918–1941). Во периодот меѓу двете светски војни Вардарскиот дел од Македонија, којшто по распарчувањето на Македонија во текот на Балканските и на Првата светска војна влезе во составот на новоформираната државна заедница Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (Кралството на СХС), кое по шестојануарската диктатура од 1929… Continue reading СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ
СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ВО РМ
СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ВО РМ. Според позитивните законски прописи, економските субјекти во Република Македонијаосноваат стопански комори врз основа на дејноста што ја вршат. Во Република Македонијапостојат: Стопанската комора на Македонија; Сојузот на стопански комори; стопански комори на Македонија со други држави и сл. Стопанската комора на Македонија е основана 1932 г. По неколку трансформации во текот… Continue reading СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ВО РМ
СТОПАНСКИТЕ УСЛОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА
СТОПАНСКИТЕ УСЛОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА (1912–1918). Во текот на Балканските војни (1912–1913) и во Првата светска војна (1914–1918), кога Македонија непрекинато претставуваше полигон за воените дејства на завојуваните страни, настапи речиси целосно растројство во нејзиниот стопански живот и развој. Неповолните движења во бројната состојба на населението, започнати уште… Continue reading СТОПАНСКИТЕ УСЛОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА
СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ (СДИ). Основни носители на СДИ се транснационалните корпорации. Тие реализираат странско директно инвестирање со воспоставување сопствени, во прв ред, производствени претпријатија (афилијации) во странство, по пат на откупување на контролниот пакет-акции на одделно претпријатие или пак со формирање комплетно ново претпријатие. Експертите на УНЦТАД проценуваат дека во светот дејствуваат околу 60.000 транснационални… Continue reading СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
СТРАНСКИ ЕКОНОМИСТИ ЗА РМ
СТРАНСКИ ЕКОНОМИСТИ ЗА РМ. Меѓу странските економисти што дадоа значаен придонес во соработката со Република Македонијаи за проучување на македонската економија, посебно треба да се спомнат: Исак Адижес, Џозеф Бреда и Романо Проди. Исак Адижес Исак Адижес (Ицхак Адизес)спаѓа меѓу водечките светски експерти во областа на менаџментот, т.е. во сферата фокусирана врз подобрувањето на перформансите… Continue reading СТРАНСКИ ЕКОНОМИСТИ ЗА РМ
СТРАСНА
СТРАСНА (ВЕЛИКА) НЕДЕЛ (ВЕЉА НЕДЕЛ) – календарски обичај, неделата пред Велигден (од Цветници до Велигден). Во текот на овие денови се изведуваат многу обичаи, особено на Велики четврток кога се вапцуваат црвените јајца. Во те-Вапцани и украсени велигденски јајца кот на таа недела во минатото на христијанството се случиле големи настани: тајната вечера, предавството, фаќањето,… Continue reading СТРАСНА
СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ
СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ – проактивен процес на остварување долгорочна компатибилност на претпријатието во предвиденото окружување. Од формален аспект, стратегискиот менаџмент е процес на идентификација, избирање и извршување на најпрофитабилниот начин за обезбедување долгорочна компатибилност меѓу интерните предности и слабости на претпријатието и екстерното окружување во кое тоа дејствува. Аналитичкиот приод овозможува да се изведат следниве активности,… Continue reading СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ
СТРАТОНИКА
СТРАТОНИКА – сопруга на Антигон И Едноокиот (382-301 пр.н.е.), мајка на македонскиот крал Деметриј И Полиоркет (336283 пр.н.е.). К. М.-Р.
СТРАЧКОВ, Благој Миланов
СТРАЧКОВ, Благој Миланов (Велес, 29. Ⅱ 1920 – Велес, 14. И 1943) – револуционер, организатор на работничкото, синдикалното и младинското движење во Велес меѓу двете светски војни, првоборец, народен херој. Член на СКОЈ и на КПЈ (од 1940), организатор на оруженото востание во Велес и Велешко. Во декември 1941 г. бил избран за секретар на… Continue reading СТРАЧКОВ, Благој Миланов
СТРЕЖЕВО
СТРЕЖЕВО – вештачка акумулација во средниот тек на р. шемница, десна притока на Црна Река. Браната е изградена од насипан чакал и од камен, со глинено јадро. Висока е 72 м, со должина на круната од 632 м, и широчина од 10 м. Езерото е долго 6,5 км, а средната широчина при максимално ниво на… Continue reading СТРЕЖЕВО
СТРЕЖЕВО
„СТРЕЖЕВО“ – најсовремен хидросистем во РМ, изграден во 1982 г. за наводнување на 20.200 ха од Пелагонија, за водоснабдување на Битола и околината, како и дел од индустријата, за искористување на хидропотенцијалот на водите и за заштита од поплави на дел од Пелагонија. Основни објекти на хидросистемот се: насипната брана „Стрежево“; акумула3 ција од 109… Continue reading СТРЕЖЕВО
СТРЕЗ
СТРЕЗ (? – 1214) – македонски благородник, господар на Просек (1207–1214), севастократор, роднина на бугарската владетелска фамилија. Ја загубил борбата за испразнетиот бугарски престол, по смртта на Калојан, и се засолнил во Србија. Со српска помош завладеал со добар дел од Македонија со центар во Просек (1207) и формирал независно владение. Неговата власт се протегала… Continue reading СТРЕЗ
СТРЕЗОВА, Сирма Крстева
СТРЕЗОВА, Сирма Крстева –в. Сирма војвода. Јован Стрезовски