СТАВРЕВ, Бранко (Струмица, 1. Ⅱ 1939) – режисер, сценограф, директор на Драмата на МНТ (1979–1983). Ги завршил студиите на Групата за македонски јазик со југословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Во МНТ е од 1965 г., а пред тоа работел во Струмичкиот театар како актер и режисер (1965– 1966). РЕЖИИ: „Обиди се во надеж“,… Continue reading СТАВРЕВ, Бранко
Tag: С
СТАВРЕВ, Драгољуб
СТАВРЕВ, Драгољуб (Скопје, 28. Ⅵ 1932 – Скопје, 23. ⅩⅠⅠ 2003) – политичар, општественик и државник. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1957). Бил член на СКМ (од 1950), член на Универзитетскиот одбор и член на Централниот одбор на Сојузот на студентите на Југославија, главен и одговорен уредник на в. „Студентски збор“, секретар и претседател… Continue reading СТАВРЕВ, Драгољуб
СТАВРИДИС, Александар Глигоров
СТАВРИДИС, Александар Глигоров (Скопје, 15. Ⅴ 1878 – Скопје, 17. И 1953) – офталмолог. Дипломирал медицина во Бејрут (1904). Основач и сопственик на првиот санаториум – приватна болница во Скопје (1912). Новиот санаториум (1930) е комфорна модерна зграда со приземје и три ката, со 20 постели, две операциони сали, рентген апарат, поликлиничко–приемен дел и лабораторија.… Continue reading СТАВРИДИС, Александар Глигоров
СТАВРИДИС, Александар Сотиров
СТАВРИДИС, Александар Сотиров (Књажевац, Србија 22. Ⅸ 1944) – хирург-уролог, доктор на медицинските науки (1986), редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1998). Бил директор на Клиниката за урологија (2002–2004). Вовел екстракорпорална литотрипсија (1991). Објавил две книги од областа на уролитијазата и над 80 научно-стручни труда. БИБ.: Калкулоза на бубрези и нејзиното лекување, Скопје,… Continue reading СТАВРИДИС, Александар Сотиров
СТАВРИДИС, Сотир Епаминондов
СТАВРИДИС, Сотир Епаминондов (Скопје, 10. Ⅺ 1904 – Скопје, 26. И 1961) – хирург, професор и еден од основачите на Мед. ф. во Скопје. Вовел ендоскопија во урологијата (1947). Основач на Хируршката и на Уролошката клиника и бил директор на Хируршката (1953–1954) и на Уролошката клиника (1954–1961). Направил прва тотална цистектомија со уретеросигмоидостомија кај тумор… Continue reading СТАВРИДИС, Сотир Епаминондов
СТАВРИЌ-ХРИСОХО, Радмила Крстова
СТАВРИЌ-ХРИСОХО, Радмила Крстова (Скопје, 21. Ⅳ 1930) – биохемичар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1986). Дипломирала хемија на ПМФ во Скопје (1953). Основач и шеф на Лабораторијата при Интерната клиника (1953) и стручен соработник за интерна медицина (1958). Специјалист по медицинска биохемија (1961). Докторирала за квантитативно одредување на јодните споеви во крвта… Continue reading СТАВРИЌ-ХРИСОХО, Радмила Крстова
СТАВРИЌ, Крсто Николов
СТАВРИЌ, Крсто Николов (Битола, 17. Ⅳ 1893 – Скопје, 7. Ⅷ 1960) – еден од првите универзитетски наставници по хемија во Скопје. За да може да се запише на Фармацевтскиот факултет во Истанбул, како гимназијалец работел како аптекарски помошник, а такво својство имал (1914– 1917) и во Битолската и Солунската воена болница. Во текот на… Continue reading СТАВРИЌ, Крсто Николов
СТАМАТОСКИ, Трајко
СТАМАТОСКИ, Трајко (Скопје, 6. Ⅴ 1925) – лингвист, долгогодишен директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет (прва генерација на групата Македонски јазик) во Скопје (1950), почесен доктор по филолошките науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“– Скопје. Бил лектор-уредник и началник на Програмското одделение на Радио Скопје (1946–1954),… Continue reading СТАМАТОСКИ, Трајко
СТАМБОЛИЕВ, Димитар Костов
СТАМБОЛИЕВ, Димитар Костов (Струмица 1926) – дипломирал на Машинскиот факултет во Белград (1951). Се вработил во МЗ „Тито“ во Фабриката за пумпи, а потоа во Фабриката за алатни машини. Во 1959/60 г. е избран за хонорарен асистент, во 1964 за предавач, а во 1977 г. за редовен професор. Докторирал (1978) во Скопје. Предавал и на… Continue reading СТАМБОЛИЕВ, Димитар Костов
СТАМБОЛИЕВ, Христо
СТАМБОЛИЕВ, Христо (Стру-мица, 1920 – Скопје, 1989) – редовен професор и еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Се школувал во Струмица, Штип, Велес и Лесковац. Студирал на Техничкиот факултет во Белград, а дипломирал на Физико-математичкиот факултет во Софија (1944). Работел во Институтот за геолошки истражувања, во Бирото за унапредување на производството и во… Continue reading СТАМБОЛИЕВ, Христо
СТАМБОЛИСКИ, Методи Јованов
СТАМБОЛИСКИ, Методи Јованов (с. Мачево, Беровско, 10. Ⅳ 1947) – генерал на АРМ, началник на ГШ на АРМ. Воена академија завршил во родот артилерија. Офицерската кариера ја започнал како командир на батерија, бил заменик на командант на полк и командант на полк на ЈНА. Во АРМ ги вршел должностите командант на гранична бригада и командант… Continue reading СТАМБОЛИСКИ, Методи Јованов
СТАМЕНИН-ОРЛОВ, Најдо
СТАМЕНИН-ОРЛОВ, Најдо (с. Дуброво, Неготинско, 1. И 1910 – Скопје, 1993) – ќумурџија, комунистички деец, првоборец и командант на бригада. Бил член на КПЈ (од септември 1941) и на Воениот штаб на МК на КПЈ во Неготино, а потоа пушкомитралезец на НОПО „Сава Михајлов“, командир на чета, командант на НО баталјон „Страшо Пинџур“ и командант… Continue reading СТАМЕНИН-ОРЛОВ, Најдо
СТАМЕНКОВА-ТРАЈКОВА, Верица Иванова
СТАМЕНКОВА-ТРАЈКОВА, Верица Иванова (Кочани, 4. Ⅵ 1944) – психолог, универзитетски професор. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Белград (1967), магистрирала на Факултетот за политички науки во Белград (1981), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Завршила бројни обуки од сферата на психосоцијалната заштита. На Институтот за социјална работа и социјална политика работи од 1975… Continue reading СТАМЕНКОВА-ТРАЈКОВА, Верица Иванова
СТАМЕНОВ, Јанко
СТАМЕНОВ, Јанко (с. Долна Рибница, Петричко – месност Трнката, над. с. Долна Рибница, 7. Ⅱ 1908) – петрички селски војвода. Бил војвода на чета од родното село. Загинал во судир со османлиската војска и башибозукот (заедно со војводата М. Георгиев и со 21 четник) над родното село. ИЗВ. и ЛИТ.: ЦДА, Ф. 777, оп. 1,… Continue reading СТАМЕНОВ, Јанко
СТАМЕСКА, Снежана
СТАМЕСКА, Снежана (Скопје, 1. И 1946) – театарска и филмска актерка. Театарска академија завршила во Белград (1970). Од 1971 г. е во Драмскиот театар во Скопје и една од водечките актерки. Настапувала на филмот, радиото и ТВ, како и на сцената на МНТ. УЛОГ: Злата („Свадба“), Анѓа („Хамлет од Долно Гаштани“), Арманда („Учени жени“), Цена… Continue reading СТАМЕСКА, Снежана
СТАН
СТАН – средновековен град, тема во првата пол. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., со неутврдена локација. Таму се засолнил Мануил Камица (1201), им припаднал на крстоносците (1204). Во изворите најчесто се спомнува заедно со Прилеп, Пелагонија, Соск и Молиск, па затоа се смета дека се наоѓал во близина или помеѓу овие градови. ЛИТ.: Т. Томоски, Стан не… Continue reading СТАН
СТАНБЕНАТА АРХИТЕКТУРА
СТАНБЕНАТА АРХИТЕКТУРА – објектите за домување (од различен вид), создавани во разни историски периоди, креирани за специфична намена. Во историскиот преглед на архитектонскиот развој во Македонија, со своите естетски и функционални вредности, посебно се истакнува станбената архитектура од втората половина на ⅩⅠⅩ в., која со својата содржина, функција и обликовни компоненти достигнува највисок степен на… Continue reading СТАНБЕНАТА АРХИТЕКТУРА
СТАНЕСКУ, Никита
СТАНЕСКУ, Никита (Ницхита Станесцу) (Плоешти, 7. Ⅴ 1933 – Букурешт, 17. Ⅺ 1983) – роман-ски поет, уредник на списанија. УШТЕ со својата прва збирка Смислата на љубовта (1960) станал познат. Со секоја нова поет-ска книга ги потврдувал новите стихови ослободени од товарот на минатото. Во 1982 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Една… Continue reading СТАНЕСКУ, Никита
СТАНИМИРОВИЌ, Душан
СТАНИМИРОВИЌ, Душан (Куманово, 27. Ⅷ 1934) – историчар на физичката култура, унив. професор. Завршил ВПШ (Група историја и географија) во Ниш (1955) и Филозофски факултет (Група историја) во Скопје (1962). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1978), на тема „Соколството во Вардарска Македонија од 1919 до 1929 г.“. Докторирал на Факултетот за физичка култура во… Continue reading СТАНИМИРОВИЌ, Душан
СТАНИСЛАВОВ
СТАНИСЛАВОВ (ЛЕСНОВСКИ) ПРОЛОГ – кирилички ракопис, препишан од писецот Станислав во 1330 год. во Лесновскиот манастир. Содржи И+320 л. и се чува во Архивот на САНУ, бр. 53. Ракописот е едноеров со безјусов рашки (до стр. 68в) и со јусов кратовски систем (од последните 4 реда на стр. 68в, па сè до 320 лист). Тој… Continue reading СТАНИСЛАВОВ
СТАНИШЕВ, Нако
СТАНИШЕВ, Нако (Кукуш, 1810 – Кукуш, 1876) – македонски деец, застапник за еманципацијата од Цариградската патријаршија, истакнат претставник на Кукушката унија. Долгогодишен претседател на Кукушката црковно-училишна општина. Бил во врска со Д. Миладинов и со епископот Партенија Зографски. Подоцна ја напуштил унијата. ЛИТ.: А. Трајановски, Борбата за еманципација од Цариградската патријаршија и грцизмот во Полјанската… Continue reading СТАНИШЕВ, Нако
СТАНИШЕВ, Христо
СТАНИШЕВ, Христо (Кукуш, 24. ⅩⅠⅠ 1863 – Софија, 12. ⅩⅠⅠ 1952) – деец на македонското револуционерно движење. Завршил основно училиште во Кукуш, класична гимназија во Софија и инженерство во Белгија. Бил претседател на Македонското друштво во Бургас (1895), благајник на Македонската организација во Бугарија (1896) и претседател на ВМК во Софија (1896–1899), кој по негова… Continue reading СТАНИШЕВ, Христо
СТАНКОВ
СТАНКОВСКА, Љубица (Тетово, 10. Ⅱ 1943) – филолог, научен советник во ИМЈ „Крсте Мисирков“ и потоа во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Магистрирала на темата „Застапеноста на суфиксот -ец (-овец/-евец) во македонската топонимија“ (1974), а докторирала на „Македонскиот топонимиски систем до ⅩⅤⅠ век“ (1985). Научна преокупација: македонската ономастика. Студиски престои во Чешка (1968), Русија… Continue reading СТАНКОВ
СТАНКОВ
СТАНКОВ(ИЌ), Мина Ѓ. (Мино Војводата) (с. Луково, Кратовско, 1895 – Чикаго, САД, 1988) – српски четнички војвода. Како член на Здружението против бугарските бандити, ја формирал Кратовската чета за гонење на четите на ВМРО. Бил унапреден во капетан (1935) и живеел како пензионер во Злетово. На парламентарните избори во Вардарскиот дел на Македонија (11. ⅩⅠⅠ… Continue reading СТАНКОВ