СТАМАТОСКИ, Трајко

СТАМАТОСКИ, Трајко (Скопје, 6. Ⅴ 1925) – лингвист, долгогодишен директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет (прва генерација на групата Македонски јазик) во Скопје (1950), почесен доктор по филолошките науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“– Скопје. Бил лектор-уредник и началник на Програмското одделение на Радио Скопје (1946–1954), преведувач во Танјуг (1947–1948) и соработник (1. Ⅹ 1954–1986), раководител на Одделението за ономастика (од основањето 1966), научен советник и директор (19731986) на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во Радио Скопје бил основач, уредник и соработник на емисијата „Македонскиот јазик низ историјата и практиката“ (19511962). Остварил студиски престои во Полска (1958) и Чехословачка (1961). Бил уредник на списанијата „Литературен збор“ (1961–1976), „Ономастица југославица“ (1969–1982), „Македонски јазик“ (1970–1984) и основач и одговорен уредник на сп. „Македонистика“ (1977–1985). Освен тоа, бил претседател на Друштвото на преведувачите на Македонија (1955–1956), секретар на Друштвото за македонски јазик (19561958), секретар на Македонскиот славистички комитет (од основањето 1968–1988) и претседател на Сојузот на славистичките друштва на Југославија (1979–1982). Автор е на повеќе книги и околу 400 стручни и научни прилози. БИБ.: Градскиот тетовски говор, МЈ, Скопје, 1956–1957; Речник на македонскиот јазик, том И-Ⅲ, Скопје, 1961, 1965 и 1966 (коавтор со Тодор Димитровски и Благоја Корубин, во редакција на Блаже Конески); Графискиот систем во Македонија во ⅩⅠⅩ век, хабилитациски труд, Скопје, 1970; Борба за македонски литературен јазик, Скопје, 1986; Македонска ономастика, Скопје, 1990; Речник на презимињата кај Македонците, том И (А-Љ) и Ⅱ (М-ш), Скопје, 1994 и 2001 (коавтор и редактор); Кон ликот на Блаже Конески, Скопје, 1995; шведскомакедонски речник (Свенск-Македонскт Леџкон), Статенс Сколверк, 1995; Континуитетот на македонскиот литературен јазик, Скопје, 1998; Мацедониан-Енглисх Дицтионарѕ, Лондон анд Нењ Ѕорк, 1998; Јазикот на имињата, Скопје, 2000 (коавтор со Маринко Митков); Во одбрана на македонскиот литературен јазик, Скопје, 2001; На ономастички теми, Скопје, 2002; Мислата на Блаже Конески, Скопје, 2006. ЛИТ.: 50 години Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ 1953–2003, Скопје, 2003, 84-86. С. Мл.