СИМИТЧИЕВА, Грозда Петрова (Велес, 17. Ⅹ 1910 – Скопје, 27. Ⅴ 1994) – гинеколог-акушер. Мед. ф. завршила во Белград (1936). Во 1945 г. била иницијатор за формирање на првата школа за акушерки во ФНРЈ во Скопје и била нејзин прв директор. Специјализирала во Белград (1946). Би-ла стручен раководител на Градскиот родилен дом во Скопје. Еден… Continue reading СИМИТЧИЕВА, Грозда Петрова
Tag: С
СИМИЌ, Чедомир
СИМИЌ, Чедомир (с. Чумиќ, Србија, 28. Ⅵ 1896 – Белград, 6. И 1969) – борец против маларијата во Македонија, редовен проф. на Вет. ф. во Белград, академик (на САНУ). Докторирал на Мед. ф. во Стразбур во 1924 г. Се вработува во Заводот за тропски болести во Скопје, каде што бил и директор (1934–1937). Под негово… Continue reading СИМИЌ, Чедомир
СИМИЏИОСКИ, Круме
СИМИЏИОСКИ, Круме (Прилеп, 1913 – Скопје, 1990) – фармацевт. Фармација завршил во Загреб (1936). Краток период работел во Прилеп, а потоа во Бел-град (1938) и повторно во Прилеп, како управник на Градската аптека (1946). Неколку години бил одговорен фармацевт во Министерството за здравство во Скопје, а потоа директор на „Реплек“, каде што останал до пензионирањето… Continue reading СИМИЏИОСКИ, Круме
СИМЈАНОВСКИ, Аљоша
СИМЈАНОВСКИ, Аљоша (Скопје, 25. Ⅷ 1951) – режисер и публицист. По дипломирањето на Универзитетот во Скопје (1978) се вработува во Македонската радио-телевизија. Уредник на Забавната, Документарната и Контактно-рекреативната програма. Режирал над 1.500 емисии, од кои позначајни се: ТВ играниот филм „Пикасо“ идокументарните филмови: „Сестри“, „Мојата љубов Чарли Паркер“, „Било некогаш на ридестиот Балкан“, „Отспротива на… Continue reading СИМЈАНОВСКИ, Аљоша
СИМЈАНОВСКИ, Стојмир
СИМЈАНОВСКИ, Стојмир (Иванчишта, Кичевско, 13. Ⅷ 1937) – раскажувач, романсиер, драмски писател, фељтонист. Завршил Филолошки факултет во Скопје. БИБ.: Чесно дрво, раскази, 1973; Црвени утра, роман, 1975; Синови на горите, роман, 1976; Белата голгота, роман, 1981; Весниното писмо, роман, 1983; Фаќачи на вампири, раскази, 1985; Двојната Ева, роман, 1990; Лицето на самовилата, роман, 1991; Вратата… Continue reading СИМЈАНОВСКИ, Стојмир
СИМОВ, Ангел Ахилов
СИМОВ, Ангел Ахилов (Гевгелија, 4. Ⅸ 1935 – Скопје, 25. Ⅸ 1998) – фармацевт, редовен проф. Еден од основоположниците на Фарм. ф. во Скопје и на Катедрата по фармацевтска технологија. Автор на учебникот „Фармацевтска технологија“ и на одделни научни и стручни трудови. Бил долгогодишен директор на Фармацевтската куќа „Алкалоид“ во Скопје и одговорен за осовременување… Continue reading СИМОВ, Ангел Ахилов
СИМОВ, Ѓорѓи Ахилов
СИМОВ, Ѓорѓи Ахилов (Гевгелија, 16. И 1930 – Скопје, 9. Ⅹ 2002) – Ѓорѓи Симов спец. по стоматолошка протетика, проф. на Ст. ф. во Скопје. Хабилитирал во 1977 г. Бил раководител на Клиниката за фиксна стоматолошка протетика. Публикувал 64 статии. Автор е на скриптата „Стоматолошка протетика – морфологија и коронки“. Е. М.
СИМОВ, Лазар
СИМОВ, Лазар (Тетово, 1907 – Скопје, 1998) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1961 до пензионирањето во 1977 г.) по предмети од областа на дрвените и масивните конструкции. Дипломирал во Белград (1932), од 1933 г. е на служба во разни делови на Македонија. На Техничкиот факултет бил од основањето во… Continue reading СИМОВ, Лазар
СИМОВСКИ, Андон
СИМОВСКИ, Андон (Крушево, 8. Ⅵ 1926) – унив. професор. Завршил Државен институт за физичка култура во Белград (1954). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1976) со темата „Физичкото воспитание во средните училишта во Вардарска Македонија помеѓу двете светски војни (1918–1941)“, а хабилитирал на Факултетот за физичка култура во Скопје (1980) со темата „Методика и биомеханичка… Continue reading СИМОВСКИ, Андон
СИМОВСКИ, Тодор Христов
СИМОВСКИ, Тодор Христов (с. Извор, Гуменџиско, Егејскиот дел на Македонија, 14. Ⅱ 1924 – Скопје, 4. И 1998) – историчар, стручен советник во ИНИ, картограф, публицист, борец и национално-политички деец. Завршил Филозофски факултет (Група историја) во Скопје и од 1952 г. до пензионирањето работел во ИНИ како истражувач на новата историја на Егејскиот дел на… Continue reading СИМОВСКИ, Тодор Христов
СИМОВСКИ, Томислав
СИМОВСКИ, Томислав (Битола, 18. Ⅳ 1929 – Скопје, 23. И 1987) – новинар, дипломат, општественик. По завршувањето на Високата политичка школа во Белград, извршувал повеќе должности во Управата на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи (1952–1964). Бил директор на Радио Скопје (1964–1972). Следните три години ги минал како генерален конзул на СФРЈ во Торонто (Канада), а… Continue reading СИМОВСКИ, Томислав
СИМОН
СИМОНОВСКИ, Методија Мирков
СИМОНОВСКИ, Методија Мирков (Прилеп, 14. Ⅲ 1927) – етномузиколог и поет за деца. Како виш стручен соработник на Институтот за фолклор во Скопје (1. ⅩⅠⅠ 1950 – 31. ⅩⅠⅠ 1965), мелографирал голем број македонски народни песни и објавил неколку статии за македонскиот музички фолклор – за ориентализмите во тоналната градба (1959), за рефрените (1960), за… Continue reading СИМОНОВСКИ, Методија Мирков
СИМОНОВСКИ, Методија Николов
СИМОНОВСКИ, Методија Николов (Ѓавато, Битола, 18. Ⅹ 1941) – редовен професор на Ст. ф. во Скопје, спец. по болести на устата и забите. Докторирал во 1982 г. и негова преокупација е хируршкиот третман на пародоналните дефекти. Престојувал во Москва (Русија), Бостон и Колумбус (САД). Публикувал 110 статии. Учествувал во изработката на научни проекти. Во два… Continue reading СИМОНОВСКИ, Методија Николов
СИМОНЧЕ, Владимир
СИМОНЧЕ, Владимир (Охрид, 8. Ⅴ 1934) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1979 до пензионирањето во 1999 г.) по предмети од областа на теоријата на конструкциите. Го завршил Градежниот факултет во Скопје, каде што ја одбранил и докторската дисертација (1977). Се усовршувал во САД (1968–1969) и во Велика Британија (1974–75).… Continue reading СИМОНЧЕ, Владимир
СИНАГОГА АРАГОН
СИНАГОГА АРАГОН (ⅩⅤⅠ в.) – централен храм на арагонските (шпански) Евреи во Битола. Во Тора арката постоел Тора свиток донесен од Арагон (ⅩⅤ в.). Во храмот служеле многу познати рабини, како: Адижес Давид (1575), Аврахам Фалкон (1643), шмуел Чадок (крајот на ⅩⅤⅠⅠ в.), Бенјамин Медина (1730), Аврахам бен Јехуда де Бу-тон (1760), Давид де Бутон… Continue reading СИНАГОГА АРАГОН
СИНАГОГА БЕТ АРОН
СИНАГОГА „БЕТ АРОН“ (Скопје, 1366) – еврејски храм. Се наоѓала во Еврејското маало во Скопје. Ја изградило романиотското еврејско население во Скопје, пред доаѓањето на Сефардите прогонети од Иберија. По опожарувањата (1628 и 1637) била обновувана, за што сведочел и натписот на плочата над главниот влез во храмот. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из… Continue reading СИНАГОГА БЕТ АРОН
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ АРИБА
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ АРИБА (Скопје – ?) – еврејска мала синагога во Еврејското маало. Била активна само на големите празници кога големата синагога не можела да ги прими сите верници. Во објектот биле сместени канцелариите на Општината, како и верското училиште. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац,… Continue reading СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ АРИБА
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ ЛОС МОНАСТИРЛИС
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ ЛОС МОНАСТИРЛИС (Солун, 1928) – еврејски храм. Била една од најубавите синагоги во Солун, изградена од Евреите од Битола доселени по Првата светска војна (околу 150 семејства). За изградбата на храмот главен донатор било семејството Ароести. Таа е единствената синагога во Солун што во Втората светска војна останала неоштетена, но ограбена.… Continue reading СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ ЛОС МОНАСТИРЛИС
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ МУЕВО ДЕ АБАШО
СИНАГОГА ЕЛ КАЛ МУЕВО ДЕ АБАШО (Скопје, крајот на ⅩⅠⅩ в.) – еврејски храм. Се наоѓала на местото на синагогата „Бет Јаков“ во средината на Еврејското маало. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.
СИНАГОГА ПОРТУГЕЗЕ
СИНАГОГА ПОРТУГЕЗЕ (Битола, ⅩⅤⅠ в.) – централен храм на португалските Евреи во Битола. Во Првата светска војна при бомбардирањето на Битола (1917) синагогата била погодена и изгорела до темел. Не била обновена. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839-1943, Нењ Ѕорк,… Continue reading СИНАГОГА ПОРТУГЕЗЕ
СИНАДИН, Теодор
СИНАДИН, Теодор (ок. 1280 – ок. 1346) – византиски благородник и војсководец, протостратор, намесник на Прилеп и на околните гратчиња и предели на Македонија (до 1320) и на Солун (1340/41–1342). Во граѓанската војна во Византија (1321–1328) го поддржувал Андроник Ⅲ Палеолог. Како негов близок соработник, дваесет години (1321–1342) заземал високи должности во Византија. ЛИТ.: Љ.… Continue reading СИНАДИН, Теодор
СИНАДИНОВСКИ, Ѓорѓи
СИНАДИНОВСКИ, Ѓорѓи (Гостивар, 26. Ⅹ 1930) – физичар, ред. проф. (1979) на ПМФ. Дипломирал (1955) на Филозофскиот факултет на групата за физика. Докторирал (1974) на ПМФ со истражување на фазната дијаграма на легури од кадмиум и калај врз база на нивните електрични својства. Специјализирал во Загреб и шефилд. Автор е на неколку средношколски учебници и… Continue reading СИНАДИНОВСКИ, Ѓорѓи
СИНАИТСКИ, Теодосија
СИНАИТСКИ, Теодосија – (Дојран, ок. 1780 – Солун, ок. 1844) – книгоиздавач, печатар, преведувач и публицист. Учел во Цариград, престојувал како монах во Синајскиот манастир (денешен Египет), живеел и работел како свештеник во Солун и бил и таксидиот на Синајскиот манастир. Го вбројуваат меѓу првите печатари во Македонија, бидејќи со припомош на тиквешанецот Даскал Камче,… Continue reading СИНАИТСКИ, Теодосија