СИМИТЧИЕВА, Грозда Петрова

СИМИТЧИЕВА, Грозда Петрова (Велес, 17. Ⅹ 1910 – Скопје, 27. Ⅴ 1994) – гинеколог-акушер. Мед. ф. завршила во Белград (1936). Во 1945 г. била иницијатор за формирање на првата школа за акушерки во ФНРЈ во Скопје и била нејзин прв директор. Специјализирала во Белград (1946). Би-ла стручен раководител на Градскиот родилен дом во Скопје. Еден е од основачите и прв директор на Гинеколошко-акушерската клиника (1947–1951). Грозда Симитчиева ИЗВ.: Гинеколошко-акушерска клиника при Мед. ф., Скопје, 1947, 92. Сл. М. П.