СВЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦИОНИСТИЧКИТЕ ЖЕНИ (ЊИЗО – Њоман’с Интернатионал Зионист Организатион) – филијала во Скопје. Основана (1932) за да развива образовна и хуманитарна дејност. При основањето сите членки од Еврејското женско здружение преминале во Организацијата. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир… Continue reading СВЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦИОНИСТИЧКИТЕ ЖЕНИ
Tag: С
СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА ВО КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ
СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА ВО КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ – спорт-ска дисциплина. Деветтото светско првенство во спуст на реката Радика и четиринаесеттото во слалом на реката Треска биле одржани во Македонија (22.–29. Ⅵ 1975), со учество на кајакари од 22 земји. Покровител бил Киро Глигоров, претседател на Собранието на СФРЈ. Резултати во спуст – мажи: во К-1… Continue reading СВЕТСКИ ПРВЕНСТВА ВО КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ (Скопје, 1981) – спортска дисциплина. На Првенството учествувале репрезентации во борење слободен стил од 31 држава во светот со 160 борачи. Домаќин на Првенството бил Сојузот на боречките спортови на Македонија, кој се покажал како одличен организатор. Натпреварите биле одржани во халите на Скопското сајмиште. Репрезентацијата на Југославија била… Continue reading СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА–
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА– светски кошаркарски натпревар. Организатор на шестото светско првенство во кошарка била Југославија (1970). Натпреварите биле одржани по групи со по 4 репрезентации во Сараево, Сплит и Карловац (10– 13 мај). По две првопласирани екипи ја формирале „А“-групата, во која влегла и Југославија како домаќин. Тие ги продолжиле натпреварите во Љубљана, каде… Continue reading СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА–
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ (Скопје, 21–28. Ⅹ 2006) – прво поединечно Светско првенство во куглање, со учество на 47 куглари и 56 кугларки од 18 земји од светот. Македонската репрезентација настапила во состав: Борис Бенедик, Дамир Фучкар, Тодор Манев, Коста Манев, Менсур Ајдин, Данче Гиевска, Александра Николовска и Александар Анастасовски – тренер. Натпреварите се одвивале… Continue reading СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ХОКЕЈ
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ХОКЕЈ – одржано во „А“-групата во Стокхолм (шведска), „Б“групата во Љубљана и „Ц“-групата во Скопје, со по 6 репрезентации (1969). Репрезентацијата на Југославија играла во „Б“-групата и го зазела третото место, односно деветтото во конечниот пласман. На лизгалиштето во Скопје, кое во таа година било пуштено во употреба, се натпреварувале репрезентациите на… Continue reading СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ХОКЕЈ
СВЕТУЛКИ
СВЕТУЛКИ (Цантхаридае) – мали тврдокрилни инсекти. Долги се 1–2 цм. Светат во мрак, по што и го добиле името. Само мажјаците имаат тенки, нежни и меки крилја, кај некои видови женките се бескрилни. Се појавуваат, обично, во јуни и во јули. Во светот се познати околу 6.000 видови. Во Ма-Голема светулка кедонија оваа фамилија не… Continue reading СВЕТУЛКИ
СВЕШТЕНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА
СВЕШТЕНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА (Скопје, 8–10. Ⅴ 1946) – историски собир со учество на 128 свештеници од цела Македонија. Конференцијата донела Резолуција во која се барало Црквата во Македонија да има народни архијереи и свештенство и самоуправност во решавањето на сите внатрешни црковно-народни прашања, народните архијереи да ги избира народот и свештенството, да се работи на формирање… Continue reading СВЕШТЕНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА
СВЕШТЕНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА
СВЕШТЕНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА (31. ⅩⅠⅠ 1947) – основано во зградата на Митрополијата во Скопје, со учество на свештеници од цела Македонија. По основањето станало рамноправен член на Сојузот на свештеничките здруженија на православните свештеници на Југославија. Ја добило поддршката од сите свештеници и здруженија за создавање на Македонската православна црква, искажана и на Вториот… Continue reading СВЕШТЕНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА
СВИЛАРКИ
СВИЛАРКИ (Бомбѕциллидае) – мали птици од подредот на птиципејачки (Осцинес). Кај нас се среќава само еден вид: свиларка (Бомбѕцилла гаррулус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Свиларка Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн Палаеарцтиц, Гласгоњ, 1982. Св. П. – В.… Continue reading СВИЛАРКИ
СВИЊА, ДИВА
СВИЊА, ДИВА (Сус сцрофа) – крупен цица£ од редот парнокопитни (Артиодацтѕла), со цврсто градено тело, со кратки нозе и со издолжена глава која завршува со конусо-видна рилка. Во Македонија е широко распространета во ридско планинските региони. ЛИТ.: С. Петковски – Б. Крѕстуфек, Цицачина Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл–Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек,… Continue reading СВИЊА, ДИВА
СВРАЧИЊА
СВРАЧИЊА (Ланиидае) – фамилија мали грабливи птици од подредот птиципејачки (Осцинес), од која во Македонија се регистрирани 5 видови: црвеногрбо свраче (Ланиус цоллурио), црвеноглаво свраче (Ланиус сенатор), белочелно свраче Црвеногрбо свраче (Ланиус нубицус), мало сиво свраче (Ланиус минор) и големо сиво свраче (Ланиус еџцубитор). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе… Continue reading СВРАЧИЊА
СВТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ
„СВТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ“ – манастирска црква во с. Зрзе (Прилепско). Комплексот се состои од средишна еднокорабна црква со полуобличест свод, „Св. Преображение“, црквата „Св. Петар и Павле“, надворешна припрата на западната страна и градбата на црквата од јужната страна. Споменатите цркви што го сочинуваат комплексот потекнуваат од различни временски периоди. Најстарата, „Св. Преображение“, според зачуваниот натпис,… Continue reading СВТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ
СЕБУГАРСКИ СОЈУЗ ОТЕЦ ПАИСИЈ
СЕБУГАРСКИ СОЈУЗ „ОТЕЦ ПАИСИЈ“ (1941–1944) – бугарска фашистичка организација формирана во 1927 г. Во Македонија била формирана во 1941 г. Целта $ била да ја шири бугарската пропаганда во Македонија, меѓу младината во основните и во средните училишта, за „обединување на Бугарите во границите на Бугарија и надвор од неа во името на високите национални… Continue reading СЕБУГАРСКИ СОЈУЗ ОТЕЦ ПАИСИЈ
СЕВРСКИ ДОГОВОР
СЕВРСКИ ДОГОВОР (1920) – договор склучен меѓу главните сојузници и придружните сили: Велика Британија, Франција, Италија и Јапонија, од една страна, и Грција од другата страна. Со него на Бугарија $ била одземена Тракија (чл. 48 од Договорот за мир во Неј, 27. Ⅺ 1919) и $ била доделена на Грција. На Бугарија $ се… Continue reading СЕВРСКИ ДОГОВОР
СЕДИМЕНТНИ КАРПИ
СЕДИМЕНТНИ КАРПИ – уште се нарекуваат и таложни карпи. По начинот на настанувањето се издвојуваат четири групи: вулканокластични, кластични, хемиски и органогени седиментни карпи. Седиментните карпи настануваат на Земјината површина и процесот на нивното настанување опфаќа неколку стадиуми: површинско распаѓање, транспорт, седиментација и дијагенеза. Во групата на вулканокластичните седиментни карпи се вбројуваат: лавобречите, вулканските бречи,… Continue reading СЕДИМЕНТНИ КАРПИ
СЕДМА МАКЕДОНСКА
СЕДМА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Зборско на пл. Кожуф, Егејскиот дел на Макекдонија, 22. Ⅷ 1944 – мај 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од битолскиот НО баталјон „Стив Наумов“ од составот на Втората македонска НОУБ и новопристигнати борци од Битолско. По формирањето преминала во Битолско, каде што ги напаѓала… Continue reading СЕДМА МАКЕДОНСКА
СЕДУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
СЕДУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Жељувино, Кумановско, почетокот на октомври – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од Кривопаланечкиот и Кратовскиот територијален НОПО и новопристигнати борци од Кумановско, Кривопаланечко, Кратовско и Светиниколско. Таа ја штитела слободната територија во Козјачијата и ги напаѓала комуникациите Крива Паланка-Куманово и Скопје–Куманово по кои се… Continue reading СЕДУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
СЕИДИ, шабан
СЕИДИ, шабан (с. Блаце, Скопско, 16. Ⅺ 1959) – професор по физичка култура, борач. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје (1989). Бил член на Боречкиот клуб „Скопје“ во Скопје. Најдобри резултати му се: на шест младински балкански првенства слободен стил (1974–1979) – 4 златни и 1 сребрен медал; на единаесет европски првенства (1975–1987) –… Continue reading СЕИДИ, шабан
СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА
СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА – оддел на ПМФ во Скопје, создаден за систематско следење на сеизмичката активност во Македонија. Сместена е на падините на Водно, во изградба од 1957 г., кога се монтирани и првите инструменти. Денес поседува понови простории и современи аналогни и дигитални инструменти на неколку локации во Македонија што се компјутерски поврзани за брзо… Continue reading СЕИЗМОЛОШКА ОПСЕРВАТОРИЈА
СЕЈФУЛА-ОРАК, Кемал
СЕЈФУЛА-ОРАК, Кемал (Скопје, 2. Ⅱ 1921 – Скопје, 1978) – чибукчија, комунистички деец, првоборец политичар и дипломат; Турчин. Бил член на Урсовите синдикати, на Друштвото „Јард’н“, на СКОЈ (од 1939) и на КПЈ (од 1941) и организатор на турските и албанските средини од Скопје во НОБ. Бил борец на првиот Скопски НОПО (1941). Извесно време… Continue reading СЕЈФУЛА-ОРАК, Кемал
СЕЈФУЛА-ХАСАНОВА, Кевсер
СЕЈФУЛА-ХАСАНОВА, Кевсер (Скопје, 28. Ⅺ 1921) – учесник во НОБ. По фашистичката окупација на Македонија му пристапила на НОД и станала член на СКОЈ (1941). Во учебната 1941/42 г. била на студии на Земјоделскиот факултет во Софија. Била организатор на турската женска младина за учество во НОД. Подоцна се вклучила како борец на шеснаесеттата македонска… Continue reading СЕЈФУЛА-ХАСАНОВА, Кевсер
СЕЈФУЛА, Љутви Лола
СЕЈФУЛА, Љутви Лола (Лутфу Сеѕфуллах) (Скопје, 15. И 1926 – Скопје, 26. Ⅵ 2005) – актер. Во Турската драма на Театарот на народностите во Скопје е од 1950 г. до пензионирањето (1985). Учествувал и во повеќе филмски и телевизиски проекти кај нас и во Турција. Автор е на неколку пиеси играни на сцената на матичниот… Continue reading СЕЈФУЛА, Љутви Лола
СЕКВОЈА
СЕКВОЈА (Сељуоиадендрон Буцх. и Сељуоиа Ендл., фам. Таџодиацеае) – во овие два монотипски рода спаѓаат само двата вида секвои – џиновската Сељуоиадендрон гигантеум Секвоја Бусцх и крајбрежната Сељуоиа семпервиренс Ендл. Најголеми дрва на светот (над 100 м), по потекло од пацифичкиот брег на Северна Америка. Првата има куси, триаголни шиловидни иглички, прилегнати кон леторастот, и… Continue reading СЕКВОЈА