ПАНГОВСКИ, Иван Илиев

ПАНГОВСКИ, Иван Илиев (Галичник, 26. Ⅱ 1926 – Скопје, 14. И 1992) – дерматовенеролог, проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Скопје (1954), а специјализирал (1962) и хабилитирал (1972) од областа на професионалните алергиски болести. Основоположник е на алерголошката амбуланта. Бил шеф на оддел и шеф на Катедрата за дерматовенерологија. Автор е… Continue reading ПАНГОВСКИ, Иван Илиев

ПАНГОВСКИ, Ивко

ПАНГОВСКИ, Ивко (Галичник, 20. Ⅵ 1931) – спортски новинар, радиорепортер и стенограф. Од в. „Единство“ поминува (1948) во Радио Скопје, каде што остана до пензионирањето (1989). Спортски репортер со препознатлив глас и стил во преносите, особено на фудбалските натпревари. Објавил повеќе трудови од историјата на македонскиот спорт. Ј. Ф. Манол Пандевски

ПАНДЕВСКИ, Манол

ПАНДЕВСКИ, Манол (с. Габрово, Струмичко, 3. Ⅸ 1925 – Скопје, 21. Ⅴ 1998) – историчар, член на МАНУ. Основно и средно образование завршил во Струмица и Петрич, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, група историја (1954) и докторирал со темата „Политичките партии и организации во Македонија 19091912“ (1965). По вработувањето во

ПАНДУРСКИ-КОЧО, Арсо

ПАНДУРСКИ-КОЧО, Арсо (Бучино, Горноџумајско, 11. Ⅶ 1912 – Лисија, Горноџумајско, 29. И 1944) – припадник на националноослободителното и комунистичкото движење во Пиринскиот дел на Македонија. Гимназија завршил во Горна Џумаја, студирал во Свиштов и во Софија. Во Софија (1938–1942) соработувал со Никола Вапцаров и со членовите на Македонскиот литературен кружок. Бил член на Окружниот комитет,… Continue reading ПАНДУРСКИ-КОЧО, Арсо

ПАНДУРСКИ, Илија

ПАНДУРСКИ, Илија (с. Сухострел, Горноџумајско, Малешевско, 28. Ⅵ 1925) – член на ВМРО, војвода. Во 1922 г. преминал во федералистичката струја и дејствувал во Горноџумајско против четите и милицијата на ВМРО. Во 1923 г. преминал во Малешевијата, се ставил во услуга на властите на Кралството на СХС, формирал контрачета за борба против четите на ВМРО.… Continue reading ПАНДУРСКИ, Илија

ПАНЗОВА, Виолета Ванчова

ПАНЗОВА, Виолета Ванчова (Свети Николе, 2. Ⅶ 1948) – доктор по филозофија, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1970), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1981), каде што и докторирала (1989). Како студент била ангажирана за демонстратор по Логика на Групата за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во редовен работен однос на… Continue reading ПАНЗОВА, Виолета Ванчова

ПАНИЦА, Тодор

ПАНИЦА, Тодор (Орјахово, Бугарија, 2.Ⅶ 1879 – Виена, 8. Ⅴ 1925) – Бугарин, учесник во македонското револуционерно движење. Во 1902 г. бил во четата на војводата Н. Пушкаров и дејствувал во Скопско, Кумановско и Кратовско. Од 1907. бил драмски околиски војвода и член на Серскиот револуционерен комитет. Во 1907 ги извршил смртните пресуди над Б.… Continue reading ПАНИЦА, Тодор

ПАНОВ, Антон

ПАНОВ, Антон (Стар Дојран, 13. Ⅳ 1906 – Струмица, 28. Ⅷ 1968) – драмски писател, поет, раскажувач. Еден од најзначајните македонски драмски писатели меѓу двете светски војни. Највисок дострел доживеал со изведбата на драмата Печалбари (1936), која, покрај во Скопското народно позориште, била изведена и во Белград, Ниш и во други градови. Плакат за претставата… Continue reading ПАНОВ, Антон

ПАНОВ, Бранко

ПАНОВ, Бранко (Струмица, 22. Ⅲ 1932 – Скопје, 10. И 2002) – втемелувач на современата македонска медиевалистика и основоположник на македонската византологија. Со основно и средно образование се здобил во родниот град, а Драгомир Панков Бранко Панов потоа дипломирал (1955) и докторирал на Филозофскиот факултет – група Историја во Скопје (1955). Бил долгогодишен професор по… Continue reading ПАНОВ, Бранко

ПАНОВ, Митко

ПАНОВ, Митко (Скопје, 16. ⅩⅠⅠ 1927 – Скопје, 16. Ⅵ 2000) – географ. Основно и средно образование завршил во Скопје. Во 1948 г. се запишал на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет и дипломирал во 1952 г. Две години бил професор во гимназијата во Прилеп, а во 1954 г. бил избран за асистент на Институтот… Continue reading ПАНОВ, Митко

ПАНОВ, Митко

ПАНОВ, Митко (Скопје, 16. ⅩⅠⅠ 1927 – Скопје, 16. Ⅵ 2000) – географ. Основно и средно образование завршил во Скопје. Во 1948 г. се запишал на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет и дипломирал во 1952 г. Две години бил професор во гимназијата во Прилеп, а во 1954 г. бил избран за асистент на Институтот… Continue reading ПАНОВ, Митко

ПАНОВ, Митко

ПАНОВ, Митко (Скопје, 1963) – студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Филмска режија студира (1983-1988) на Високата државна школа за филм, телевизија и теа-тар во Лоѓ, Полска. Неговиот краткометражен филм „Со кренати раце“ освои повеќе меѓународни награди, вклучувајќи ја и Златната палма за најдобар краткометражен филм во Кан (1991). Автор е на… Continue reading ПАНОВ, Митко

ПАНОВ, Митко

ПАНОВ, Митко (Скопје, 1963) – студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Филмска режија студира (1983-1988) на Високата државна школа за филм, телевизија и теа-тар во Лоѓ, Полска. Неговиот краткометражен филм „Со кренати раце“ освои повеќе меѓународни награди, вклучувајќи ја и Златната палма за најдобар краткометражен филм во Кан (1991). Автор е на… Continue reading ПАНОВ, Митко

ПАНОВ, Сашо

ПАНОВ, Сашо (Скопје, 20. Ⅳ 1944) – професор, сестран спортист. Завршил Ликовна академија во Белград (1964) и Академија за сценографија со режија во Софија (1969). Сестран спортист – тенисер, пингпонгар, планинар, скијач. Член на Репрезентацијата на Југославија во тенис. На Европското првенство за пионери во Суботица (1957) освоил второ место. Тој е сениорски првак на… Continue reading ПАНОВ, Сашо

ПАНОВСКИ, Јован Ѓошев

ПАНОВСКИ, Јован Ѓошев (Скопје, 6. Ⅹ 1920 – Скопје, 22. Ⅲ 1994) – хирург, редовен професор на Мед. ф. во Скопје. Бил основач и прв директор на Градската болница во Скопје (1962–1970) и претседател на Зружението на хирурзите на СФРЈ (1967–1971). Како врвен хирург на Хируршката клиника основал Одделение за пластична и реконструктивна хирургија и… Continue reading ПАНОВСКИ, Јован Ѓошев

ПАНОВСКИ, Наум

ПАНОВСКИ, Наум (Скопје, 3. Ⅵ 1950) – режисер. Дипломирал на Отсекот за режија на Театарската академија во Белград. Завршил постдипломски студии на Универзитетот во Њујорк, во класата на професор Карл Вебер. Работи како режисер во Македонската ТВ (1973-1991). Од 1991 г. е професор на неколку универзитети во САД. Во неговиот режисерски опус рамноправно учествуваат домашните… Continue reading ПАНОВСКИ, Наум

ПАНОВСКИ, Сократ

ПАНОВСКИ, Сократ (с. В’мбел, Костурско, 1936) – просветен деец, општественик, етнограф и публицист. На дванаесетгодишна возраст, како дете-бегалец од Граѓанската војна во Грција (1948), бил згрижен во детските домови Ваца де Жос, Арад и Тулгеш (Романија). Подоцна образованието го продолжил во училиштето за ученици во стопанството во П’лтиниш, во Гривица Рошие во Букурешт, а по… Continue reading ПАНОВСКИ, Сократ

ПАНОСКА, Ружа

ПАНОСКА, Ружа (Дебар, 10. Ⅲ 1927) – лингвист, методичар, професор (во пензија) на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1954), а докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје (1970) на тема „Јазикот на Владо Малески“. Била професор на Филозофскиот (Филолошкиот) факултет во… Continue reading ПАНОСКА, Ружа

ПАНЧЕВ, Дарко

ПАНЧЕВ, Дарко (Скопје, 07. Ⅸ 1965) – фудбалер. Член на Фудбалскиот клуб „Вардар“ во Скоп-Дарко Панчев (со „Златната копачка“) је (1975–1988), за кој одиграл 207 натпревари и постигнал 132 гола. Бил четирипати најдобар стрелец во Југославија. Во сезоната 1983/84 постигнал 19 гола со што станал воопшто најдобар млад стрелец во Европа. Тој е добитник на… Continue reading ПАНЧЕВ, Дарко

ПАО

ПАО (СЕГРЧКА ОСЛОБОДИТЕЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА)(1942) – грчка антимакедонска организација создадена од група грчки офицери со одобрение од германските окупаторски власти. Организацијата била поддржана од грчкото колонизирано население во Егејскиот дел на Македонија и имала пунктови во Воден, Негуш, Бер, Кожани, Костур, Лерин, Кукуш и во други места. ПАО имала и свои оружени сили – Национална армија… Continue reading ПАО

ПАПРАТИ ВО РМ

ПАПРАТИ ВО РМ – автотрофни бессемни виши растенија, во флората на РМ, застапени со 42 вида опфатени во 15 фамилии. Најполиморфни родови се Асплениум (со 11 вида) и Дрѕоптерис (6). Папрат во РМ (Асплениум) Папрат во РМ (Дрѕоптерис) Со ограничено распространување се карактеризираат видовите: Осмунда регалис, Тхелиптерис палустрис, Пхѕллитис сцолопендриум, Опхиоглоссум вулгатум, Адиантум цапиллусвенерис, Блецхнум… Continue reading ПАПРАТИ ВО РМ