ПАНИЦА, Тодор

ПАНИЦА, Тодор (Орјахово, Бугарија, 2.Ⅶ 1879 – Виена, 8. Ⅴ 1925) – Бугарин, учесник во македонското револуционерно движење. Во 1902 г. бил во четата на војводата Н. Пушкаров и дејствувал во Скопско, Кумановско и Кратовско. Од 1907. бил драмски околиски војвода и член на Серскиот револуционерен комитет. Во 1907 ги извршил смртните пресуди над Б. Сарафов и И. Гарванов. Во времето на Младотурската револуција (1908) бил еден од основачите и член на НФП. Учесник во Балканските војни. По Првата светска војна бил истакнат претставник на МЕФО и во судир со ВМРО. Во 1924 емигрирал во Виена, каде што учествувал во преговорите при донесувањето на Мајскиот манифест. Убиен во виенскиот Бургтеатар од страна на Мелпомени Крничиу од ВМРО. ЛИТ.: Трит‹ д‹ла Прага–ТаборÍ–Виена–Милано. Страници отÍ борбата на Македони®, Софи®, 1927; Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970. З. Тод.