ПРЕСПАНСКА КОТЛИНА

ПРЕСПАНСКА КОТЛИНА – се наоѓа во крајниот југозападен дел на РМ. Наоѓајќи се во периферните погранични области, целосно Преспанската Котлина не се наоѓа на наша територија, туку помали делови припаѓаат на Егејскиот дел на Македонија, Грција, и Албанија. Котлината е формирана со спуштање по должината на два паралелни раседи со меридијански правец на протегање. Источната… Continue reading ПРЕСПАНСКА КОТЛИНА

ПРЕСПАНСКИОТ СОСТАНОК НА ЦК НА КПМ

ПРЕСПАНСКИОТ СОСТАНОК НА ЦК НА КПМ (2–4 Ⅷ 1943) – втор состанок на ЦК на КПМ, одржан во Преспа, во непосредна близина на с. Отешево. Учествувале членовите на ЦК на КПМ Кузман Јосифоски-Питу, Цветко Узуновски-Абас, Страхил Гигов-Андро, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија Добривое Радосавлевиќ-Орце, подоцна се приклучил и Светозар ВукмановиќТемпо, делегатот на ЦК… Continue reading ПРЕСПАНСКИОТ СОСТАНОК НА ЦК НА КПМ

ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО

ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО – тектонско езеро во југозападниот дел на РМ. Сместено е меѓу западните ограноци на планината Баба на исток и источните ограноци на планината Галичица на запад и Сува Гора и Гладно Поле на југ и југозапад. Настанато е по тектонски пат, со спуштање на котлинското дно долж раседни структури, со правци на протегање… Continue reading ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО

ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1958) – со седиште во Битола. При формирањето на Македонската православна црква била именувана Охридскобитолска епархија. За архијереј бил избран епископот Климент, кој раководел до 1977. Во 1974 г. епархијата била преименувана во Преспанско-битолска. Од 1977 г. епархијата ја администрирале викарните епископи Методиј, Ангелариј и Горазд, а од 1979 митрополитот… Continue reading ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА – консолидирање и подобрување на економските перформанси на претпријатијата преку сопственичко, производно, финансиско и управувачко реструктурирање. Првата специјална програма за преструктурирање на 25 претпријатија, т.н. најголеми загубари, Македонија ја спроведуваше во раните транзициони години, во соработка со Светската банка, во рамките на проектот за социјални реформи и техничка помош. Преструктурирањето на 25-те… Continue reading ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ПРЕТПРИЕМНИШТВО – процес на деловно организирање и дејствување во кој претприемачот (ентерпренеур, француски збор првпат употребен од Ричард Кантијон кон средината на ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) воведува иновации, презема ризик, врши комбинација и заемна супституција на поскапите со поевтини ресурси и ги насочува ресурсите кон точките на нивната рационална употреба. Претприемништвото, во прв ред, е врзано за… Continue reading ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ПРЕТПРИЈАТИЈА

ПРЕТПРИЈАТИЈА (КЛАСИФИКАЦИЈА) СПОРЕД ГОЛЕМИНАТА. Според големината, претпријатијата најчесто се класифицираат на микро, мали, средни и големи. Во почетокот на транзицијата, Законот за сметководство разликуваше само мали и големи претпријатија. Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал разликува мали, средни и големи претпријатија. Во текот на 2004 г., со измените во Законот за трговски друштва,… Continue reading ПРЕТПРИЈАТИЈА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РМ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА Република Македонија– инокосен шеф на државата и врховен командант на вооружените сили на РМ. Функцијата е воведена првпат со уставните амандмани од 1990 г., со надлежност на Собранието на Република Македонијада го избира со двотретинско мнозинство гласови, на мандатен период од четири години. Уставот на Република Македонијаод 1991 г. предвидува избор на претседателот… Continue reading ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РМ

ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ ВО РМ

ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ ВО Република Македонија– претворање на општествената во приватна сопственост. Приватизацијата на општествениот капитал започна 1990–1991 г., со трансформацијата на 240 претпријатија со општествен во приватен капитал (акционерски капитал). Оваа трансформација е изведена врз основа на Законот за општествениот капитал од 1989 г. донесен од Собранието на СФРЈ. Наведените претпријатија беа трансформирани… Continue reading ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ ВО РМ

ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ

ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМправо на секој граѓанин слободно да располага со имотот или да има полна власт врз стварите (плена ин ре потестас). Ова право се гарантира во Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија од 1944 г., заедно со правото на приватна иницијатива во стопанскиот живот. Ист однос… Continue reading ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА – прва влада на ослободена Југославија, формирана на 7. Ⅲ 1945 г. од мандатарот Јосип Броз Тито. Во нејзиниот состав не влегле претставници од ДФ Македонија, туку само членови на распуштениот НКОЈ и претставници на Владата на Кралството Југославија, членови на граѓански политички партии што во војната не соработувале со… Continue reading ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА ЕЛИМИЈА

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА ЕЛИМИЈА (Ⅱ 1878) – формирана од Јоанис Говедарос и од Анастасиос Пихеон во с. Вурино, Кожанско. Владата упатила проглас со кој ја повикувала Владата во Атина да дејствува за присоединување кон Грција на Кожанско-костурскиот реон во кој немала никакво влијание. ЛИТ.: Κωνσταντινος Βακαλοπουλος, Νεο− ελληνικη ιστορια 1204−1940, Θεσσαλονικη, 1991. Д. Јов.

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА (Литохоро, Ⅱ 1878) – формирана само од Грци на чело со Евангелос Коровангос, веднаш по објавувањето на рускотурското примирје во Одрин (на 19. И), непосредно пред потпишувањето на Прелиминарниот санстефански мировен договор (3. Ⅲ). Владата прогласила обединување на Македонија (претставена како грчка област) со Грција и за тоа ги известила конзулите… Continue reading ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА

ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА

ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА (23. ⅩⅠⅠ 1947 – 15. Ⅹ 1949) – формирана од КПГ во текот на Граѓанската војна во Грција со цел да воспостави народно-демократска власт. Владата презела и законодавна функција со донесување закони: Закон за народните одбори, Закон за аграрната реформа, прописи за школството и други акти што го посведочувале проектираното… Continue reading ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА

ПРИВРЕМЕНА СОГЛАСНОСТ ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ Република МакедонијаИ РГ

ПРИВРЕМЕНА СОГЛАСНОСТ ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ Република МакедонијаИ РГ – билатерален договор склучен на 13. Ⅸ 1995 г. меѓу РГ и Република Македонијаод министрите за надворешни работи – Каролос Папуљас и Стево Црвенковски, како претставници на Првата и Втората страна – формулации употребени наместо официјалните имиња на двете држави, со цел да се избегне… Continue reading ПРИВРЕМЕНА СОГЛАСНОСТ ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ Република МакедонијаИ РГ

ПРИВРЕМЕНО НАРОДНО СОБРАНИЕ НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА

ПРИВРЕМЕНО НАРОДНО СОБРАНИЕ НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА – на 10. Ⅷ 1945 г. АВНОЈ се трансформира во Привремено народно собрание. ПНС станува највисок привремен законодавен орган на власта конституиран со задача да ги донесе законодавните акти за избори за Уставотворно собрание на Југославија. Негови членови од Македонија се 40 членови на АВНОЈ и 7 членови на… Continue reading ПРИВРЕМЕНО НАРОДНО СОБРАНИЕ НА ДФ ЈУГОСЛАВИЈА

ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА

ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (Софија, почетокот на октомври 1944 – 1945). Било конституирано кога Бугарската влада на Отечествениот фронт дала согласност да продолжи работата на делегатот на Главниот штаб на НОВ и на ПО Кирил Миљовски, да се отвори Привремено претставништво на Демократска Македонија во Софија. Президиумот одржувал редовни непосредни односи со државното и… Continue reading ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА

ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ПОРАНЕШНАТА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА

ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА „ПОРАНЕШНАТА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА“ (почетокот на 1919) – претставништво формирано по обединувањето на серчаните и револуционерите од Западна Македонија на поранешната обединета Македонска револуционерна организација. Бил објавен Апел до македонскиот народ и до емиграцијата во Бугарија (9. Ⅳ) за единство за постигнување самостојност на Македонија. Ополномоштен делегат бил испратен во Париз да ги… Continue reading ПРИВРЕМЕНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ПОРАНЕШНАТА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА

ПРИЗРЕНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

ПРИЗРЕНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА (Призрен, Косово, 22.Ⅴ 2001)– документ составен од страна на специјалниот претставник на ОБСЕ Роберт Фровик за војната во Република Македонијаод 2001 г., потпишан во седиштето на ОНА, надвор од РМ, од страна на врховниот командант на ОНА Али Ахмети и претседателите на ПДП Имер Имери и на ДПА Арбен Џафери. Документот е фундиран… Continue reading ПРИЗРЕНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

ПРИЗРЕНСКА ЛИГА

ПРИЗРЕНСКА ЛИГА (И. 1878 – 1881; Ⅱ. 1943 – 1944) – албанска национална политичка организација. Првата призренска лига била формирана на собрание во Призрен на 10. Ⅵ 1878 г., на кое била усвоена политичка програма за создавање „Голема Албанија“. Во проектираната држава требало да влезат: Албанија, Епир, делови од Македонија (со Дебар, Гостивар, Тетово, Скопје,… Continue reading ПРИЗРЕНСКА ЛИГА

ПРИЛЕП

ПРИЛЕП – град во западниот дел на Република Македонијасо 69.704 ж. (2002 г.). Се наоѓа во североисточниот дел на Пелагониската Котлина, на Прилепска Река, во подножјата на Мукос и Дрен Планина, на надморска висина помеѓу 620 и 680 м. Зафаќа површина од 1.540 ха. Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 11,2°Ц,… Continue reading ПРИЛЕП

ПРИЛЕПЕЦ

ПРИЛЕПЕЦ – археолошко наоѓалиште во атарот на с. Прилепец, каде што има повеќе локалитети на кои се следи континуиран живот на населби од бронзениот, хеленистичко-римскиот до доцноантичкиот период. На локалитетот Безистен се најдени бронзе-Панорама на градот Прилеп (поглед од Марковите Кули) Сребрени тетрадрахми од македонски и пајонски владетели ни фибули од малоазиски тип, надгробни стели,… Continue reading ПРИЛЕПЕЦ