ПРЕСПАНСКА КОТЛИНА

ПРЕСПАНСКА КОТЛИНА – се наоѓа во крајниот југозападен дел на РМ. Наоѓајќи се во периферните погранични области, целосно Преспанската Котлина не се наоѓа на наша територија, туку помали делови припаѓаат на Егејскиот дел на Македонија, Грција, и Албанија. Котлината е формирана со спуштање по должината на два паралелни раседи со меридијански правец на протегање. Источната рамка ја чинат планините Баба и Бигла, западната планините Галичица и Исток, северната Плакенска Планина, а на југ е државната граница со Грција. Зафаќа површина од 737 км² што се наоѓа на надморска височина помеѓу 853 м и 2.601 м. Рамничарскиот дел од котлината зафаќа површина од 11.500 ха, со просечна н.в. од 880 м. Котлината во плиоценот била исполнета со вода, односно во најголем дел би-ла претворена во езеро. Рамничарскиот дел, односно дното на котлината е покриено со алувијални наноси. Ресенско Поле се протега од Жало кај с. Петрово и с. Асамати спрема север во вид на малку наклонета и благо забранувана зарамнина. Климатските услови и педолошкиот состав овозможуваат Преспанската Котлина да претставува едно од најпознатите подрачја за одгледување јаболка во РМ. Развиен е градскиот центар Ресен. ЛИТ.: А. Стојмилов, Физичка географија на Р. Македонија, Скопје, 2003. Т. Анд.