ПОРЕЧКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА –в. Петнаесетта македонска (поречка) народноослободителна бригада.
Tag: П
ПОРЕЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
ПОРЕЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (кај Македонски Брод, јули 1944 – с. Челопеци, Кичевско, 12. Ⅸ 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Веднаш по формирањето дејствувал во Порече, главно во воспоставувањето на народната власт, формирањето на НОО, агитацијата и афирмацијата на целите на НОАВМ меѓу месното население, разобличувањето на четничкото движење (под раководство на… Continue reading ПОРЕЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
ПОРОДИН
ПОРОДИН – ТУМБА (с. Породин) – неолитска населба од раниот, средниот и од доцниот неолит. Епонимен локалитет на Велушко – породинската културна група. Откриена е трапезоидна куќа со огниште од средниот неолит, керамички садови и култна пластика. Од керамичките наоди значајни се претставите на макета на Антропоморфен цилиндер од жртвеник од средниот неолит од наоѓалиштето… Continue reading ПОРОДИН
ПОРОЈ
ПОРОЈ – двофазен тек (течна и тврда фаза), со ненадејна појава и краткотрајно дејство, во отворени корита и со голема содржина на тврд материјал (до 60%). Настанува како последица на интензивни врнежи, нагли топења на снег, а во услови на лесно подривни маси на падините и наклон доволен за течење на поројната маса. Предизвикуваат разни… Continue reading ПОРОЈ
ПОРОЈ-ПРОЕКТ
„ПОРОЈ-ПРОЕКТ“ – специјализирана организација, формирана во 1952 г. со задача да врши проектирања од областа ерозијата и уредувањето на пороите. „Поројпроект“ постоеше до 1980 г., потоа неговата дејност околу проектирањето комплетно ја презеде Заводот за водостопанство на РМ. И. Б. „ПОРТА 3“ – специјализирано двонеделно списание за градежништво, архитектура и екологија. Првиот број излегол во… Continue reading ПОРОЈ-ПРОЕКТ
ПОРФИРИЈ ПАЛЕОЛОГ
ПОРФИРИЈ ПАЛЕОЛОГ – охридски архиепископ (22. И 1623 – 28. Ⅸ 1628). За неговото архиепископување сигурен податок е писмото до него од папата Урбан Ⅷ (28. Ⅸ 1624). Се претпоставува дека со претходно писмо ја признал папската власт. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под Турците до нејното униќожение… Continue reading ПОРФИРИЈ ПАЛЕОЛОГ
ПОСЕН И ЦВЕТЕН ТРИОД
ПОСЕН И ЦВЕТЕН ТРИОД – македонски ракопис од крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ – поч. на ⅩⅣ в. Кодексот има вкупно 33 пергаментни листа, а негови фрагменти се чуваат во три различни библиотеки: Народна библ. „Св. Кирил и Методиј“, Софија, бр. 50 (21 л.); Ракописен оддел на Библиотеката на РАН во Санкт- Петербург, сигн. 4. 5. 16… Continue reading ПОСЕН И ЦВЕТЕН ТРИОД
ПОСЕН ТРИОД
ПОСЕН ТРИОД – црковнословенски книжевен споменик од ⅩⅤⅠⅠⅠ в., македонска редакција, злетовска школа. Пишуван е на пергамент, веројатно составен од три различни ракописи, особено листот 8 се разликува со некои палеографски и јазични особености. Споменикот има формат 25 џ 18 цм, содржи 36 листа со по 21 ред на страницата. Писмото е уставно, тешко читливо.… Continue reading ПОСЕН ТРИОД
ПОСЛАНИЕ ДО ФИЛИПЈАНИТЕ
ПОСЛАНИЕ ДО ФИЛИПЈАНИТЕ – дел од Библијата, напишано од апостолот Павле од затворот во Рим (63 г.) и испратено до христијанската општина во Филипи. Се состои од 4 глави во кои се изразува христијанска љубов, нагласувајќи го нивното човекољубие, добродушност и приврзаност кон христијанството. Тој Реката Луда Мара, Кавадарци Останки од античкиот град Филипи им… Continue reading ПОСЛАНИЕ ДО ФИЛИПЈАНИТЕ
ПОСЛАНИЈА ДО СОЛУНЈАНИТЕ
ПОСЛАНИЈА ДО СОЛУНЈАНИТЕ – делови од Светото пис-мо, двете први посланија на апостолот Павле, напишани во 52 и 53 г., во времето на неговиот престој во Коринт, до христијаните во градот Солун. Првото послание се состои од 5, а второто од 3 глави. Во нив им се изразува благодарност за приемот при неговиот тамошен престој,… Continue reading ПОСЛАНИЈА ДО СОЛУНЈАНИТЕ
ПОТА, Љубе
ПОТА, Љубе (Крушево, 3. ⅩⅠⅠ 1918) – урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград (1948). Работел во повеќе проектантски организации и бил прв директор на Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје. Како експерт на ООН работел во земјите на Јужна и Централна Америка. Претежно се занимава со урбанистичко планирање. Изработил урбанистички… Continue reading ПОТА, Љубе
ПОТКОРНИК, СМРЕКОВ
ПОТКОРНИК, СМРЕКОВ (Ипс тѕпограпхус Л.) – тврдокрилен инсект. Живее во четинарски шуми. Активен е во приквечерина. Телото му е покриено со кафеави цврсти покрилци – елитри. Достигнува должина од 4,2–5,5 мм. Кај нас се среќава во смрекови шуми. Нанесува големи штети, дупејќи длабоки ходници во смрековите стебла. Ја населува Европа, Се-Смреков поткорник верна Азија, с¢… Continue reading ПОТКОРНИК, СМРЕКОВ
ПОТКОРНИЦИ
ПОТКОРНИЦИ (Сцолѕтидае) – штетни тврдокрилни инсекти. Живеат под кората на разни дрвја домаќини, по што го добиле името. Женките прават комора од која, лево и десно полагаат по едно јајце; изведените ларви дупчат напречни карактеристични ходници, оштетувајќи го дрвото. Во Македонија се регистрирани 65 видови, од кои попознати се: смреков поткорник (Ипс тѕпограпхус Л.), штетник… Continue reading ПОТКОРНИЦИ
ПОТКОШУЛАЈКА
ПОТКОШУЛАЈКА – долна облека што се носела непосредно на телото. Се изработувала од конопно или памучно платно или пак била мелеска, со основа од памук, а јаток од коноп. Тоа е всушност покуса и потенка кошула од горната кошула. Составена е од еден предник, задник и од два ребрењака од секоја страна и е со… Continue reading ПОТКОШУЛАЈКА
ПОТКУЛИ, ВАРОШ
ПОТКУЛИ, ВАРОШ – една од некрополите на Прилеп, лоцира-Некрополата Поткули во Варош (ⅩⅠⅠ-ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) на североисточно од денешната населба Варош и средновековното подградие. Тоа е висока тераса на јужната падина на ридот Маркови Кули, на која се простирал средновековниот град Прилеп. Накитот што доминира во гробовите и надвор од нив се состои од наушници и… Continue reading ПОТКУЛИ, ВАРОШ
ПОТПОЛОШКИ
ПОТПОЛОШКИ (Цотурниџ) – род птици од фамилијата вистински кокошки (Пхасианидае), од кои во Македонија е регистриран еден вид потполошка (Цотурниџ цотурниџ). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн Палаеарцтиц, Гласгоњ, 1982. Св. П. – В.… Continue reading ПОТПОЛОШКИ
ПОТРОШУВАЧКА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ
ПОТРОШУВАЧКА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ. Според податоците од Државниот завод за статистика, потрошувачката на земјоделските производи по жи-тел во 2004 г. била следна: ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 135. Ѓ. М. Ѓ.
ПОТТРЧАНО
„ПОТТРЧАНО“ – македонско народно оро за мешан состав во 7/16 (3,2,2) ритам. Најчесто се игра во Скопско. Држењето за рацете е за китките, слободно спуштени надолу. Се игра во полукруг, полетно, со впечаток на поттрчување на десно, со брзи чекори на полустапалата. Обилува со потскоци и доскоци. Др. Ѓош.
ПОХВАЛА КИРИЛУ И МЕТОДИЈУ
„ПОХВАЛА КИРИЛУ И МЕТОДИЈУ“ – ораториум за бас, рецитатор, хор и оркестар. М: Т. Зографски, Т: Св. Климент Охридски. Прво изведување: Скопје, 1969. Др. О.
ПОЦЕСКИ, Апостол
ПОЦЕСКИ, Апостол (Неготино, 5. Ⅱ 1935) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1979 до пензионирањето во 2000) по предмети од областа на теоријата на конструкциите. Магистрирал во Беркли (Калифорнија) 1965 г., докторирал во Белград (1968), специјалист за методот на конечни елементи, со меѓународни дострели. Научните постигнувања ги изложил во голем… Continue reading ПОЦЕСКИ, Апостол
ПОЦКОВ, Боро
ПОЦКОВ, Боро (Боривој) (Мирко шпанецот) (Струмица, 18. Ⅳ 1916 – Белград, 19. Ⅵ 1981) – графички работник, воен командант на НОАВМ и генерал-мајор на ЈНА. Како припадник на комунистичкото движење (од 1936) и член на КПЈ (од 1938), бил борец на интернационалните бригади – во Баталјонот „Дивиформи. Големите групи почви и нивните типови (во заграда)… Continue reading ПОЦКОВ, Боро
ПОЧВИ
ПОШУМУВАЊЕТО ВО РМ
ПОШУМУВАЊЕТО ВО РМ. Пошумување значи подигање шумски култури на голи терени. Во Република Македонијасе смета на околу 380 000 ха голини. Најстарите шумски култури се наоѓаат во Крушино близу Кичево и се состојат од црн и бел бор на површина околу 300400 ха. Подигнати се во 1927–1930 г. Истовремено се подигнати и црноборови култури на… Continue reading ПОШУМУВАЊЕТО ВО РМ
ПРАВИЛА
ПРАВИЛА – УСТАВ НА МАКЕДОНСКИОТ ВОСТАНИЧКИ КОМИТЕТ (1878) – устав за раководење на Востанието до ослободувањето на земјата и до создавањето самостојна македонска држава. Со Уставот било определено Востанието од локално да се прошири на целата територија на Македонија. Во Востанието учествувале и можеле да учествуваат луѓето од Македонија што се чувствувале Македонци и кои… Continue reading ПРАВИЛА