ПОШУМУВАЊЕТО ВО РМ. Пошумување значи подигање шумски култури на голи терени. Во Република Македонијасе смета на околу 380 000 ха голини. Најстарите шумски култури се наоѓаат во Крушино близу Кичево и се состојат од црн и бел бор на површина околу 300400 ха. Подигнати се во 1927–1930 г. Истовремено се подигнати и црноборови култури на шаторов Камен близу Прилеп. Пошумувањата биле поинтензивни по Втората светска војна заради спречување на порои и поплави, како и за оформување полезаштитни појаси. За таа цел се извршени пошумувања на Водно, на сливот на Брегалница, на подрачјата на Крива Паланка, Облаковска Коса, потоа во Светиниколско, а истовремено се подигнати и полезаштитни појаси во Овче Поле и Пелагонија. За да се облагороди просторот, покрај автопатот се подигнати шумски култури кај Криволак и близу Демир Капија (Гоцева Гора). Во 70-тите години се започнати обемни пошумувања во Свиларе, Скопско, Велешко, Битолско. Се смета дека до 2000 г. се пошумени околу 200.000 ха. Иако пошумувањата с¢ уште се актуелни, сепак приоритетни се проредите, чистењата и заштитата на културите. Р. Р.