ПЕТКОВСКА, Сашка (Битола, 7. Ⅳ 1951 – с. Градобил, Светиниколско, 30. Ⅷ 1983) – интерпретаторка на популарна музика. Почнала да пее со група во Битола и набрзо настапила во Италија на познатиот фестивал во Сан Ремо, во неговиот дел за млади пејачи Кантаџиро (Цантагиро), на кој освои трето мес-то. Настапувала со голем број познати солисти… Continue reading ПЕТКОВСКА, Сашка
Tag: П
ПЕТКОВСКИ, Борис
ПЕТКОВСКИ, Борис (Бајмок, 19. Ⅺ 1931 – Скопје, 30. И 2005) – историчар на уметноста, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирал историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје (1956), докторирал на Филозофскиот факултет во Белград (1975) на тема „Творештвото на Никола Мартиноски 1903–1973“. Има пресудно влијание во развојот на ликовната критика, науката и… Continue reading ПЕТКОВСКИ, Борис
ПЕТКОВСКИ, Дане
ПЕТКОВСКИ, Дане (Брусник, Битола, 25. ⅩⅠⅠ 1922 – Белград, 2005) – првоборец, генерал-полковник на ЈНА. Бил учесник во НОАВМ (1941), член на КПЈ (1943), заменик политички комесар на баталјон и на бригада и политички комесар на дивизија. По Ослободувањето бил командант на дивизија и на воено подрачје, началник на Управа во ССНО и помошник на… Continue reading ПЕТКОВСКИ, Дане
ПЕТКОВСКИ, Љубе
ПЕТКОВСКИ, Љубе (Скопје, 4. ⅩⅠⅠ 1924) – снимател – доајен на филмската камера во Македонија. По војната се запишува на Високата филмска школа во Белград, а стручно се усовршува и во „Јадран филм“ – Загреб, во Франција и во Источна Германија. Работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ (1947-1983), а потоа добива статус на слободен филмски… Continue reading ПЕТКОВСКИ, Љубе
ПЕТКОВСКИ, Тито
ПЕТКОВСКИ, Тито (с. Псача, Кривопаланечко, 23. И 1945) – правник и политичар. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, по што работел во Општинскиот суд и во Републичкиот завод за урбанизам во Скопје. Бил политички деец во Општината Карпош во Скопје (претседател на Општинската конференција на младинската организација, член на ОК на СКМ и претседател на… Continue reading ПЕТКОВСКИ, Тито
ПЕТКОВСКИ, Трајан
ПЕТКОВСКИ, Трајан – кустоссоветник во Природонаучниот музеј на Македонија – Скопје. Работниот век го поминал во Природонаучниот музеј, како истражувач и проучувач на фауната на Острацода, Цопепода и Цладоцера на Македонија и на Балканот. Опишал повеќе видови и подвидови од спомнатите раковидни организми. Објавил повеќе од 50 научни трудови од својата област, од кои се… Continue reading ПЕТКОВСКИ, Трајан
ПЕТЛЕВСКИ, Ордан
ПЕТЛЕВСКИ, Ордан (Прилеп, 24. Ⅷ 1930 – Загреб, 22. И 1997) – сликар, една од клучните фигури на современото хрватско и македонско сликарство од втората половина на ⅩⅩ в., со вредност и значење длабоко вградени и во македонската современа уметност. Дипломирал на Академијата за применета уметност (1955) во Загреб, каде што останал да живее и… Continue reading ПЕТЛЕВСКИ, Ордан
ПЕТЉАКОВА, Мара
ПЕТЉАКОВА, Мара (с. Корнишор, Ениџевардарско, Егејскиот дел на Македонија, 1912 – Дупничко, 18. Ⅱ 1944) – интернационален комунистички активист, херој на НР Бугарија. Како емигрантка во Москва (1934–1936) ја завршила Лениновата политичка школа. Се вратила во Бугарија и станала член на Окружниот комитет на БКП за Софија. Неколку пати била интернирана во логорите Свети Кирик… Continue reading ПЕТЉАКОВА, Мара
ПЕТНАЕСЕТ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ, свети
ПЕТНАЕСЕТ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ, свети (Никеја и Струмица, ? – Струмица, 11. ⅩⅠⅠ 362) – проповедници на христијанството. Христијаните од Никеја биле убивани од византискиот император Јулијан Отпадник (361–363). Од избеганите дошле во Тивериопол двајца епископи, Теодор, којшто учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја (325), и Тимотеј. Со нив биле и монасите Комасиј и Евсевиј.… Continue reading ПЕТНАЕСЕТ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ, свети
ПЕТНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА
ПЕТНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА (КРУШЕВСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (Крушево, 9. Ⅸ – втората половина на септември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Би-ла формирана од околу 400 борци на Крушевскиот НОП територијален одред и околу 300 новопристигнати борци од Крушевско. Заедно со други единици на НОВ и ПОМ и приклучените делови на бугарскиот прилепски гарнизон кон… Continue reading ПЕТНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА
ПЕТНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА
ПЕТНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА (КРУШЕВСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (Крушево, 9. Ⅸ – втората половина на септември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Би-ла формирана од околу 400 борци на Крушевскиот НОП територијален одред и околу 300 новопристигнати борци од Крушевско. Заедно со други единици на НОВ и ПОМ и приклучените делови на бугарскиот прилепски гарнизон кон… Continue reading ПЕТНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА
ПЕТНАЕСЕТТИ
ПЕТНАЕСЕТТИ (МАКЕДОНСКИ) КОРПУС (првата половина на октомври 1944 – 11. Ⅳ 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ и НОВЈ. Бил формиран како Втор корпус на НОВ и ПОМ (до 10. Ⅺ 1944). Во формацискиот состав влегле 41-та и 49-та (македонска) дивизија. Веднаш по формирањето, учествувал во борбите против единиците на ГАЕ, кои се… Continue reading ПЕТНАЕСЕТТИ
ПЕТОПРСТ НА ВЕЛЕНОВСКИ
ПЕТОПРСТ НА ВЕЛЕНОВСКИ (Потентилла Веленовскѕи Хаѕек) – локален македонски флористички ендемит од фамилијата Росацеае, познат само за околината на Прилеп (Трескавец, Плетвар), Скопје (с. Нова Брезница) и Кавадарци (с. Грбавец). Вл. М. Петнаесетта македонска народноослободителна бригада во состав на Четириесет и осмата (македонска) дивизија на НОВЈ (25. Ⅸ). Продолжила со борби кај селата Мислешево и… Continue reading ПЕТОПРСТ НА ВЕЛЕНОВСКИ
ПЕТОПРСТ, ПЛЕТВАРСКИ
ПЕТОПРСТ, ПЛЕТВАРСКИ (Потентилла плетваренсис Мицевски) – локален македонски флористички ен-демит од фамилијата Росацеае, познат само за околината на Прилеп (Плетвар), опишан од академик Кирил Мицевски. Вл. М. Горјан Петрески
ПЕТРЕВСКИ, Горјан
ПЕТРЕВСКИ, Горјан (Мренога, Демирхисарско, 14. Ⅶ 1951) – раскажувач, романсиер за деца и млади. Работел како новинар во МТВ, потоа бил уредник во Книгоиздателството „Детска радост“, а сега е уредник на весникот „Наш свет“. Еден од најпопуларните наши писатели за деца и млади. БИБ.: Гороцвет, раскази, Ск., 1973; Споменка, роман, Ск., 1982; Тажниот свирач, раскази,… Continue reading ПЕТРЕВСКИ, Горјан
ПЕТРЕСКА, Блага
ПЕТРЕСКА, Блага (Прилеп, 6. Ⅳ 1947) – интерпретаторка на македонски изворни и новокомпонирани песни. Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при Операта на Македонскиот народен театар… Continue reading ПЕТРЕСКА, Блага
ПЕТРЕСКА, Даринка
ПЕТРЕСКА, Даринка (Берово, 3. Ⅺ 1946) – редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје (на Институтот за историја). Се школувала во Берово и во Скопје. Завршила историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1970), магистрирала (1976) и докторирала (1987). За редовен професор е избрана во 1998 г. Била раководи-Даринка Петреска тел на Институтот за историја (1999–2001),… Continue reading ПЕТРЕСКА, Даринка
ПЕТРЕСКИ, Наум
ПЕТРЕСКИ, Наум (Охрид, 7. ⅩⅠⅠ 1966) – интерпретатор на народни и авторски песни. Почетоците на естрадата ги прави во 1990 г. Од тогаш настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство. Одржал концерти и во голем број земји во светот. Со неговиот карактеристичен, мек и кадифест глас испеал голем дел… Continue reading ПЕТРЕСКИ, Наум
ПЕТРИЛО
ПЕТРИЛО (Ⅺ в.) – дукљански благородник и војсководец, учесник во востанието на Ѓорѓи Војтех (1072). Го придружувал Константин Бодин до Призрен, како и при освојувањето на Скопје. Како „првиот кај Бодин“, предводел половина од 300-те војници со кои ги освоил Охрид и Девол. По поразот под Костур се вратил во Дукља. ЛИТ.: С. Лишев, КÍм… Continue reading ПЕТРИЛО
ПЕТРИЧ
ПЕТРИЧ – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија, со 29.700 ж. (2002). Се наоѓа во јужниот дел на Петричката Котлина и северното подножје на планината Беласица, на надморска висина од околу 200 м. Низ градот тече реката Луда Мара. Климата е променето средоземноморска, со средна годишна температура од 13,6°Ц. Се претпоставува дека името… Continue reading ПЕТРИЧ
ПЕТРИЧКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД АНДОН ПОПОВ
ПЕТРИЧКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „АНДОН ПОПОВ“ – оружена партизанска единица во Пиринскиот дел на Македонија (Беласица, мај 1944). Била формирана од партизани од Петрич, со командант Мирчо Разбојников, а политички комесар Никола Паскалев. Одредот изведувал заПречек на партизаните во Петрич (9. Ⅸ 1944) еднички акции со партизаните од Серската и од Демирхисарската околија. Одредот влегол во… Continue reading ПЕТРИЧКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД АНДОН ПОПОВ
ПЕТРОВ-БУФСКИ, Наум Попов
ПЕТРОВ-БУФСКИ, Наум Попов (с. Буф, Леринско, 1878 – с. Драгош, Битолско, 21. Ⅺ 1905) – учесник во Илинденското востание, битолски војвода. Се школувал во ќустендил при деда си поп Коста Буфски. Влегол во МРО, учествувал во Илинденското востание во Леринско. По востанието се борел против андартските чети во Битолско. ЛИТ.: Н. Миновски, Селото Буф –… Continue reading ПЕТРОВ-БУФСКИ, Наум Попов
ПЕТРОВ–
ПЕТРОВ–СЛАВЕЈОТ, Спиро (Прилеп, ? – врвот на месноста Куклите над. с. Пирин, Мелничко, 4. Ⅸ 1903) – мелнички војвода. Учествувал во оружената акција (1895). Бил четник во четата на војводата Јане Сандански и учествувал во запленувањето на Мис Стоун. Во Илинденското востание бил мелнички војвода и предводел чета. Загинал во борба со османлиската војска. ЛИТ.:… Continue reading ПЕТРОВ–
ПЕТРОВ, Дичо
ПЕТРОВ, Дичо (с. Проглед, Смоленско, Бугарија, 11. Ⅺ 1919 – с. Батулија, Софиско, 23. Ⅴ 1944) – антифашист, прв командант на партизанскиот баталјон „Христо Ботев“. Како потпоручник на бугарскиот пограничен гарнизон во с. Конско, Гевгелиско, заедно со своите војници преминал во редовите на Македонската народноослободителна војска (ⅩⅠⅠ 1943). Учествувал во борбите во Македонија и во… Continue reading ПЕТРОВ, Дичо