ПЕТКОВСКА, Сашка

ПЕТКОВСКА, Сашка (Битола, 7. Ⅳ 1951 – с. Градобил, Светиниколско, 30. Ⅷ 1983) – интерпретаторка на популарна музика. Почнала да пее со група во Битола и набрзо настапила во Италија на познатиот фестивал во Сан Ремо, во неговиот дел за млади пејачи Кантаџиро (Цантагиро), на кој освои трето мес-то. Настапувала со голем број познати солисти (К. Слабинац, Нови фосили, З. Чолиќ, Седуммина млади) и соработувала со познати автори на популарна музика (С. Димитров, К. Костов, Д. Масевски и др.). Учествувала на скопските фестивали. Снимила педесетина песни за продукцијата на МРТ, од кои дел беа хитови („што ли да ти кажам“; „Песно моја“; „Може ќе те сретнам“; „Најмил мој“ идр). Покрај солистичката кариера, беше член и на групата „Македонија“. М. Кол. ПЕТКОВСКИ, Благое Михаилов