НЕСТОР, Валентина (с. Пустец, Мала Преспа, Р. Албанија, 16. Ⅸ 1971) & лекторка по македонски јазик во Тирана. По завршувањето на основното и средното образование во родното место, дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1995) иеизбрана за лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во… Continue reading НЕСТОР, Валентина
Tag: Н
НЕСТОР, Нико
НЕСТОР, Нико (Струга, 19. Ⅵ 1934) – пливачки маратонец. Завршил Виша школа за надворешна трговија во Белград (1962). Бил член на ПВК „Охридски бранови“ во Охрид. На републичките првенства во пливање освоил 14 први места и поставил неколку републички рекорди (1948–1967). Се истакнал во пливање на долги патеки на Охридското Езеро (1954–1959) и го препливал… Continue reading НЕСТОР, Нико
НЕСТОРИЦА
НЕСТОРИЦА (Џ–Ⅺ век) – македонски благородник и војсководец од времето на Самуиловото Царство. Пред Битката кај Беласица (1014) царот Самуил го испратил да го нападне Солун, но бил поразен од Византијците. По смртта на Јован Владислав со другите македонски благородници му се предал на византискиот император Василиј Ⅱ. ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И.… Continue reading НЕСТОРИЦА
НЕСТОРОВСКИ, Иван
НЕСТОРОВСКИ, Иван (с. Тресонче, Дебарско, 17. Ⅲ 1921 – Скопје, 17. Ⅱ 1976) – редовен професор на Географскиот факултет – Скопје. Дипломирал и докторирал по геологија на Рударско-геолошкиот факултет во Белград. Покрај педагошката активност на факултетот, каде што држел настава по општа геологија и петрографија, бил еден од пионерите на македонската геологија и многу активен… Continue reading НЕСТОРОВСКИ, Иван
НЕТКОВ, Кочо
НЕТКОВ, Кочо (Скопје, 19. Ⅳ 1924 – Скопје, 18. Ⅹ 2004) – режисер, сценарист и снимател. По периодот кога му беа поблиски жанровските форми на хрониката или журналот, уследи фазата на полна творечка зрелост, забележана по драматичните документарни сведоштва во филмовите „По трагите на катастрофата во Маврово“ или „Скопје, 26. Ⅶ 1963“. Во богатиот опус… Continue reading НЕТКОВ, Кочо
НЕУСПЕХ НА ДРЖАВАТА
НЕУСПЕХ НА ДРЖАВАТА – теорија што тврди дека државата (владата) не е ефикасна замена за пазарните несовршености, односно дека постојаното посочување на т.н. домени на пазарниот неуспех се претвора во алиби за државното инволвирање во економскиот живот, односно во алокацијата на ресурсите. Во современата економска литература се наведуваат бројни домени на неуспехот на државата, кои… Continue reading НЕУСПЕХ НА ДРЖАВАТА
НЕЧЕВ, Трајко Димитров
НЕЧЕВ, Трајко Димитров (Велес, 10. ⅩⅠⅠ 1926) – ветеринар. Докторирал на В. ф. во Загреб (1965). Научен советник и директор на Ветеринарниот институт. Има објавено 98 научни и стручни трудови. Бил иницијатор за издавање и прв главен и одговорен уредник на првото ветеринарно македонско стручно списание „Македонски ветеринарен преглед“. М. Д. – Ј. Б. Љубинка… Continue reading НЕЧЕВ, Трајко Димитров
НЕЧЕВА, Љубинка Иванова
НЕЧЕВА, Љубинка Иванова (Охрид, 25. Ⅳ 1930) – спец. по детска и превентивна стоматологија, редовен проф. на Ст. ф. Хабилитирала во 1972 г. Публикувала 135 статии. Била раководител на научни истражувачки проекти и раководител на Клиниката за детска и превентивна стоматологија. Е. М. Голупка Нечевска-Цветановска
НЕЧЕВСКА-ЦВЕТАНОВСКА, Голупка
НЕЧЕВСКА-ЦВЕТАНОВСКА, Голупка (Кавадарци, 8. Ⅸ 1954) – редовен професор, истражувач во областа на земјотресното инженерство. Основно образование и гимназија завршила во Битола. Дипломирала на Градежниот факултет во Скопје (1978), како најдобар студент. Магистрирала (1983) и докторирала (1991) во ИЗИИС во Скопје. Престојувала на повеќе универзитети во светот. Автор и коавтор е на преку 320 научни… Continue reading НЕЧЕВСКА-ЦВЕТАНОВСКА, Голупка
НЕЧОВСКИ, Петар
НЕЧОВСКИ, Петар (Ресен, 10. Ⅶ 1957) – интерпретатор на македонски изворни и новосоздадени песни. Основно и средно образование и музичко училиште завршил во Охрид, прв степен на Правниот факултет во Скопје и Угостителско-туристички факултет (Група гастрономија) во Охрид. Десетина години работел како организатор во угостителскотуристичките организации во Охрид, а потоа е професионален естраден уметник. Реализирал… Continue reading НЕЧОВСКИ, Петар
НИЗАМОВА
НИЗАМОВА (МУХИЌ), Анастасија (Скопје, 17. Ⅵ 1948) – певица, мецосопран, првенка на Операта на МНТ. Дипломирала солопеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. К. Трпков), а специјализирала во Италија. Дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Ненси во операта Алберт Хе-ринг. Во МНТ е од 1972 г. Таа е носителка на… Continue reading НИЗАМОВА
НИКАНОР
НИКАНОР (Стагира, 360–317 пр.н.е.) – војсководец на Александар Ⅲ Македонски, внук на Аристотел. Бил испратен кај Хелените (324 пр.н.е.) да го пренесе кралскиот проглас со кој се заповедало да им се дозволи враќање на политичките бегалци. Го командувал гарнизонот на Касандар во Минухиј (319 пр.н.е.) и неговата флота на Босфор, каде што бил поразен Клејтос… Continue reading НИКАНОР
НИКЕЈА, ДОЛЕНЦИ, БИТОЛСКО
НИКЕЈА, ДОЛЕНЦИ, БИТОЛСКО – доцноантички кастрон, јужно од Доленци, на егнатискиот пат, 18 км западно од Хераклеја Линкестидска (Таб. Пеут. Ⅳ, 1: Нициа). Фортификациската рамка на тврдината (Цастра, Паремболе), со димензии 125 х 122 м, со 10 потковичести и 4 кружни кули, била оформена во раниот Ⅳ в.н.е. Во периметарот е откопан дел од голема… Continue reading НИКЕЈА, ДОЛЕНЦИ, БИТОЛСКО
НИКЕЈСКО ЦАРСТВО
НИКЕЈСКО ЦАРСТВО (1204– 1261) – создадено во Мала Азија по паѓањето на Цариград под власта на крстоносците (1204). Го основал Теодор И Ласкарис (1204– 1222). Седиштето на Цариградската патријаршија било пренесено во Никеја. Новата држава ги задржала византиските институции и станала легитимен наследник на Византиското Царство. Најголем подем бил постигнат во времето на владеењето на… Continue reading НИКЕЈСКО ЦАРСТВО
НИКЕТИЌ, Божидар
НИКЕТИЌ, Божидар (Сремска Каменица, Србија 18. Ⅱ 1899 – Скопје, 18. Ⅲ 1963) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф., еден од првите 19 наставници на новоформираниот Мед. ф. во Скопје, шеф на Катедрата и прв директор на Невропсихијатриската клиника. Успеал од скромното Психијатриско одделение да формира современа Клиника за невропсихијатрија, воведувајќи современи методи на… Continue reading НИКЕТИЌ, Божидар
НИКИФОРОС, Грегорас
НИКИФОРОС, Грегорас (ⅩⅣ век) – византиски дипломат и историчар. Патувајќи во дипломат-ска мисија на дворот на Стефан Дечански и поминувајќи низ тешкопроодни краишта околу реката Струма, слушал како неговите сопатници Словени пеат некакви тажни песни (трагика мели) за херојските подвизи на своите народни јунаци, што е сведоштво за народната епска традиција пред познатите циклуси, создадени… Continue reading НИКИФОРОС, Грегорас
НИКО НЕСТОР , Средно општинско училиште, Струга
„НИКО НЕСТОР“, Средно општинско училиште, Струга – основано во 1950 г. како средно стручно занаетчиско училиште. Во учебната 1965/1966 г. се трансформира во средно градежно, а од 1979 г. се соединува со Гимназијата во ЦСО „Нико Нестор“ што подоцна се преименува во ДСУ. Учениците се оспособуваат за профилите: градежни техничари за нискоградба, за високоградба и… Continue reading НИКО НЕСТОР , Средно општинско училиште, Струга
НИКОВ, Бошко
НИКОВ, Бошко (Кратово, 1946) – инженер металург и стручњак за заштита на животната средина. Се школувал во Скопје, каде што и дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Магистрирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1980), а докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1995). Кратко работел на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, а потоа во МХК „Злетово“ во… Continue reading НИКОВ, Бошко
НИКОВСКИ, Ристо
НИКОВСКИ, Ристо (Ресен, 13. Ⅴ 1942) – дипломат од кариера. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1971). Работел како трет секретар на амбасадата на СФРЈ во Пекинг (1972–1976); прв секретар на амбасадата на СФРЈ во Хавана (1977– 1981); советник на амбасадите на СФРЈ во Куала Лумпур (1986–1988) и во Џакарта (1986–1988); вонреден и ополномоштен амбасадор… Continue reading НИКОВСКИ, Ристо
НИКОДИЕВИЌ, Бранислав Воиславов
НИКОДИЕВИЌ, Бранислав Воиславов (Скопје, 12. Ⅱ 1929) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, долгогодишен Бранислав Никодиевиќ директор на Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, продекан и декан (во два мандата) на Мед. ф., директор на УЦМН, претседател на Фармаколошкото друштво на Македонија и претседател на Сојузот на фармаколошките друштва на… Continue reading НИКОДИЕВИЌ, Бранислав Воиславов
НИКОДИЕВИЌ, Олга Александрова
НИКОДИЕВИЌ, Олга Александрова (Скопје, 29. Ⅲ 1933) – физиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, шеф на катедра. Формирала радиоимунолошка лабораторија за одредување на циклични нуклеотиди и сензитивност на рецепторите во РМ. Била гостин научник во националните институти за здравство во Бетезда (САД) околу 10 години (со прекини). Покрај бројните научни трудови, била автор… Continue reading НИКОДИЕВИЌ, Олга Александрова
НИКОДИМ
НИКОДИМ – охридски архиепископ (1452–1453). Спомнат е во еден натпис на црквата „Вси Свети“ во с. Лешани, Охридско (1452). По барање на молдавскиот војвода Александер, го ракоположил Теоксил за молдавски митрополит (1451 или 1453). ЛИТ.: В. Григорови=, О=ерк путешестви® по Европејској Турции, Ⅱ изд., Москва, 1877, 107; Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2.… Continue reading НИКОДИМ
НИКОДИМ ПРИЛЕПСКИ-ТИСМАНСКИ
НИКОДИМ ПРИЛЕПСКИ-ТИСМАНСКИ (Прилепско, ⅩⅣ – Тисмански манастир, Романија, 1406) – црковен и книжевен деец. Духовното и книжевното искуство го добил на Света Гора. Во втората половина на ⅩⅣ в. заминал во Влашко (Романија), каде што ги основал првите манастири „Водица“ и „Тисмана“. Од богатата книжевна активност му е зачувано само едно мошне раскошно илуминирано Евангелие… Continue reading НИКОДИМ ПРИЛЕПСКИ-ТИСМАНСКИ
НИКОЛА
НИКОЛА (Х в.) – македонски благородник, комес, управник на Преспанско-охридската област во времето на цар Петар (927–969), татко на комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил. За неговото управување нема податоци. Починал во Преспа, најверојатно во с. Герман или во неговата близина. Надгробната плоча со неговото име и со имињата на неговата жена Рипсимија и синот… Continue reading НИКОЛА