НА РАБОТА

„НА РАБОТА“ (Положај, 19. И 1945) – весник на македонски јазик, орган на Десеттата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Умножен е хектографски, на 32 страници. Обработува политички теми, дава информации за фронтот, за животот во бригадата и за културни прашања. Меѓу другото, објавена е и едночинката за времето на Илинденското востание, потпишана со… Continue reading НА РАБОТА

на територијата на Вардарскиот корпус

на територијата на Вардарскиот корпус. Во ноември 1944 г. шта-тот на ГШ на НОВ и ПОМ Михадел на Македонија на пет опера-бовите на оперативните зони биило Апостолски. Најзначајните тивни зони, со одделни штабови ле укинати. воени операции штабот ги ракоза раководење на борбата и ЛИТ.: Зборник НОР-а, Ⅶ, к.4. В. Ст. водел во времето на… Continue reading на територијата на Вардарскиот корпус

НАВАРА, Андре

НАВАРА, Андре (Андре Наварра) (Бијариц, 13. Ⅹ 1911 – 1988) – француски виолончелист. Професор на Конзерваториумот во Париз. Еден од најзначајните светски виолончелисти на ⅩⅩ век. Бил професор и на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1971 –1975), како и на семинарите што се одржуваа во рамките на фестивалот Охридско лето. Б. Орт.

НАДВОРЕШНА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РМ

НАДВОРЕШНА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РМ – обврските на централната власт, фондовите, јавните претпријатија, централната банка и приватниот сектор спрема странските кредитори. Долгот го сочинуваат: обврските кон мултилатералните кредитори (ИБРД, ИДА, ЕИБ, ИФАД, ЕБРД итн.), билатералниот долг (претежно обврски кон Парискиот клуб) и долгот кон приватните кредитори. По осамостојувањето РМ наследи дел од надворешниот долг на СФРЈ.… Continue reading НАДВОРЕШНА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РМ

НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА

НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА – размена на добра и услуги меѓу Увоз 1.530851 1.718.904 2.093.872 3.097.000 различните национални еконо- Салдо -418.065 -514.856 -771.255 -1. 056.000 мии. Трговијата во Македонија Покриеност на увозот со извоз – во % 72,7 70,0 63,2 65,9 отсекогаш имала интернационален карактер, благодарение на нејзината централна позиција на Балканскиот Полуостов и на поволната природна… Continue reading НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА

НАДРЕАЛИЗАМ

НАДРЕАЛИЗАМ (фр. сурреалисме) – правец во книжевноста и во ликовната уметност што настанал во Париз околу 1920 г. и го претставува ирационалното и несвесното. Во Македонија се јавува кон крајот на педесеттите години во делата на С. Куновски. Значајна улога за неговото ширење има групата „Мугри“ (И. Велков, П. Мазев, Т. шијак). Во делата на… Continue reading НАДРЕАЛИЗАМ

НАЃ, Ласло

НАЃ, Ласло (Ласзло Нагѕ) (Исказ, Унгарија, 17. Ⅶ 1925 – Будим, 30. И 1978) – носител на новиот творечки израз во современата унгарска поезија. Добитник е на највисоките унгарски награди. Во 1969 г. врз основа на буквални преводи препеал и стихови од неколку македонски автори за Антологијата на македонската поезија, објавена во Будимпешта. Во 1968… Continue reading НАЃ, Ласло

НАЗИМ, Сајбе

НАЗИМ, Сајбе (Сахиба) Хусеин (Штип, 1895 – Скопје, 7. ⅩⅠⅠ 1971) – заднински активист на НОАВМ. Во својот дом во Штип прибирала илегалци и го отстапувала за партиски состаноци. Кај неа илегално живееле народните херои Ванчо Прке и Боро Петрушевски и првоборците Ружа Бак и Благој Давков (1941), како и народните херои Љупчо Арсов, Благој… Continue reading НАЗИМ, Сајбе

НАИР, Јашар Наби

НАИР, Јашар Наби (Ѕаþар Наби Наѕýр) (Скопје, 1908 – Истанбул, 1981) – раскажувач, романсиер, поет. Бил службеник на „Зираат“ и „Меркез“ банка, а работел и во Институтот за турски јазик. Во 1933 г. почнува да го издава сп. „Варлик“, а во 1946 г. ја основа својата истоимена издавачка куќа и им го посветува вниманието на… Continue reading НАИР, Јашар Наби

НАЈДЕНИ, Ислам Саид

НАЈДЕНИ, Ислам Саид (Ислам Саид Најдени) (Дебар, 1864 – 1903) – основоположник на првото албанско училиште во Дебар. Висока школа завршил во Истанбул, каде што првпат контактирал со познатите интелектуалци Н. и С. Фрашери и со И. ќемали. Објавил еден буквар на албански јазик на гегиски дијалект. ЛИТ.: Авзи Мустафа, Фигура мшсуесисх схљиптарш, Тетовш, 1995.… Continue reading НАЈДЕНИ, Ислам Саид

НАЈДЕНОВ, Љубен

НАЈДЕНОВ, Љубен (Горна Џумаја, 2. Ⅷ 1930 – Скопје, 10. Ⅶ 1979) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1954). Магистрирал на Универзитетот во Беркли, САД (1965). Бил редовен професор на Архитектонскиот отсек. Освен со педагошка и публицистичка дејност се занимавал и со архитектонско проектирање. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси.… Continue reading НАЈДЕНОВ, Љубен

НАЈДОВСКИ, Ицо Василев

НАЈДОВСКИ, Ицо Василев (с. Оптичари Битолско, 12. Ⅶ 1959) – македонски публицист. По доселувањето во Австралија (1985) ги завршува студиите по историја и мултикултура на Викторија универзитетот во Мелбурн, каде што и магистрира (1997) на темата „Оспорен идентитет: Македонците во современа Австралија“. По неколкугодишни истражувања на Универзитетот, ги подготвува трудовите: „Одржување на македонскиот јазик и… Continue reading НАЈДОВСКИ, Ицо Василев

НАЈДОВСКИ, Тихо

НАЈДОВСКИ, Тихо (Велес, 9. Ⅳ 1933 – Велес, 25. Ⅳ 2007) – поет, раскажувач и романсиер за деца и млади, поет, општественик. Воената и социјалната тематика, фантастичното и бајковидното, животот на детето во урбаната средина се теми во литературата за деца. ДЕЛ: стихозбирки: Цибрина, Ск., 1996; Увил, Ск., 1997; Здравица, Ск., 1998; Потпора збор, Ск.,… Continue reading НАЈДОВСКИ, Тихо

НАЈЧЕСКА, Мирјана

НАЈЧЕСКА, Мирјана (Скопје, 24. Ⅺ 1956) – правник, унив. професор. Била претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, а потоа директор на Центарот за човекови права и разрешување конфликти. Р. Димче Најчески НАЈЧЕСКИ, Димче Методиев

НАКА, Никола

НАКА, Никола (Скопје, 17. Ⅲ 1936) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1989) по групата предмети Организација, технологија и економика на изградбата. Пред да дојде на Факултетот (1975) работел во Франција на проектирање индустриски објекти (1963–66), потоа во скопските фирми „Бетон“ и „Маврово“. Докторирал на тема од организацијата на изградбата… Continue reading НАКА, Никола

НАКАЏИМА, Јуми

НАКАЏИМА, Јуми (Ѕуми Накадјима), (Токио, Јапонија, 1951) – јапонски лингвист-славист, русист, македонист, автор на два мали македонско-јапонски речника (и на македонско-јапонски разговорник), автор на статии за македонскиот јазик во јапонски енциклопедиски изданија и на статии посветени на семантиката и синтаксата на македонските заменки. З. Т.

НАКОВ-СКУБЕ, Перо

НАКОВ-СКУБЕ, Перо (Куманово, 1919 – Скопје, 13. Ⅺ 1942) – комунистички деец и организатор на НОАВМ. Бил шивач во Куманово (до 1935), а потоа во Бел-град, каде што се вклучил во синдикалното движење и станал член на СКОЈ (1935), подоцна и на КПЈ. По враќањето во Куманово (1939) бил секретар на МК на СКОЈ и… Continue reading НАКОВ-СКУБЕ, Перо

НАКОВ, штерјо Митев

НАКОВ, штерјо Митев (1948, Штип, Р. Македонија) & економист, познат македонски стопанственик. Работи во Македонски железници (1973&1983), најпрвин како раководител на Одделот за комерцијални работи и подоцна како директор на интерната банка во рамките на Македонските железници. Од 1983 г. е генерален директор и претседател на Управниот одбор на шпедитерската фирма Фершпед АД – Скопје,… Continue reading НАКОВ, штерјо Митев

НАКОВА, Марија Благоева

НАКОВА, Марија Благоева (Радовиш, 30. Ⅸ 1946) – спец. по болести на устата и забите (1975), редовен проф. на Ст. ф. Магистрирала во 1976, а докторирала во 1980 г. Во повеќе мандати е продекан и декан на Ст. ф. Нејзиниот научен интерес е во унапредувањето на лекувањето на прогресивната пародонтопатија. Публикувала 180 статии. Коавтор и… Continue reading НАКОВА, Марија Благоева

НАКОВСКИ, Петре

НАКОВСКИ, Петре (с. Крчишта, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 17. Ⅶ 1937) – романсиер и преведувач од полски јазик, публицист и дипломат. Прв македонски амбасадор во Полска. Бил новинар во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“. Докторирал на Институтот за политички науки на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Автор е на бројни прилози од прозната белетристика и… Continue reading НАКОВСКИ, Петре

НАКШБЕНДИ

НАКШБЕНДИ (ⅩⅠⅠ в.) – дервишки ред. Основан од Јусуф Хамадани (умрел во 1140 г.). Името го добил по Бахаудин Накшбенд (1389), кој одредил 11 правила. Ре-дот е близок до ортодоксниот ис-лам и сунетизмот, раширен е и во Македонија, а познат е и под името бекирија (тарикат-и бекирие). Најмногу приврзаници имал во Ениџе Вардар и во… Continue reading НАКШБЕНДИ

НАЛЕ, Маргарит Атанасов

НАЛЕ, Маргарит Атанасов (Битола, 15. Ⅺ 1895 – Битола, 1970) – лекар. Дипломирал на Мед. ф. во Атина (1919). Работел како приватен и околиски лекар во Битола до пензионирањето (1961). Во октомври 1944 г. бил избран за прочелник на Одделението за здравство на Околискиот НОО за Битолско. Бил пратеник на Првото заседание на АСНОМ. П.… Continue reading НАЛЕ, Маргарит Атанасов

НАЛЕТОСКИ, Александар Вангелов

НАЛЕТОСКИ, Александар Вангелов (Прилеп, 22. ⅩⅠⅠ 1939 – Скопје, 6. Ⅲ 1996) – ветеринар, вонреден професор на В. ф. во Скопје. Докторирал на В. ф. во Белград (1981). Бил научен советник во Ветеринарниот институт во Скопје и директор на Републичката управа за ветеринарство на РМ (1989–1993). Автор е на книга од областа на кинологијата. М.… Continue reading НАЛЕТОСКИ, Александар Вангелов