МАКЕДОНСКИ ГЛАС

МАКЕДОНСКИ ГЛАС (МАКЕДОНСКИ ГЛАС). ЛА ВОЗ МАЦЕДОНИЦА“ (Буенос Аирес, Аргентина, И, авг. 1935 –Ⅳ, јан. 1939) – периодичен орган на Македонската прогресивна група во Буенос Аирес (Аргентина). Излегува на бугарски јазик под редакција на Никола Поповски и престанува поради финансиски причини, па е обновен дури во 1947 г. Во програмската статија меѓу другото се вели… Continue reading МАКЕДОНСКИ ГЛАС

МАКЕДОНСКИ ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОЛК

МАКЕДОНСКИ ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОЛК (1915–1918) – полк на Бугарската армија во времето на првата светска војна. Бил формиран од мобилизираните Македонци постари од 40 години, со наредба на началникот на Генералштабот на Бугарската армија, генералот Климент Бојаџиев (роден во Охрид). Полкот се состоел од два баталјона, девет пешадиски и една инженериска чета. Командата се наоѓала во… Continue reading МАКЕДОНСКИ ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОЛК

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО АРГЕНТИНА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО АРГЕНТИНА (1906–1941). Македонските доселеници во Аргентина се самоорганизирале во свои организации. Потоа се активирало Македонско-одринското братство во Буенос Аирес (1907 и 1908) за организирање на иселениците за давање помош на ослободителната борба во Македонија. Постоело добротворно Македонско друштво „Гоце Делчев“ (1909). Иселеници Македонци членувале и во Бугарско-македонскиот емигрантски културнопросветен кружок. Во 20-тите… Continue reading МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО АРГЕНТИНА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА (1991– 2005) – културни друштва на Македонците и на Хрвати – пријатели на Македонија. Основани за негување на македонските национални традиции и за афирмирање на македонската култура. Биле основани 10 друштва и Заедница на Македонците во РХ: МКД „Илинден“ – Риека (1991); Друштво на Македонците и на пријателите на МакедонијаContinue reading МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО СРБИЈА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО СРБИЈА (1996–2006). Првото друштво на Македонците во Србија (Србија и Црна Гора) „Македонија“ било формирано во Браничевскиот округ со седиште во Пожаревац (1996). Во Белград (јули 1997) било формирано Југословенско-македонско друштво за пријателство „шар Планина“, кое формирало подружници во Крушевац, Крагуевац, Лесковац, Панчево и Нови Сад. Во Зрењанин (5. Ⅶ 1998) било… Continue reading МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО СРБИЈА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО шВАЈЦАРИЈА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО шВАЈЦАРИЈА (1899–1919). Во последните години на ⅩⅠⅩ в. македонските студенти во швајцарија се организирале во македонски студентски друштва. Било активно Македонско студентско друштво во Берн (1899) со цел да го сврти вниманието на Европа на состојбите во Македонија. Дејноста на Друштвото била поддржувана и помагана од странски студенти, во прв ред од… Continue reading МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО шВАЈЦАРИЈА

МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ СОЈУЗ

МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ СОЈУЗ (Софија, 1920–1934) – основан кон крајот на мај 1920 г. со задача да собира и групира во своите редови жени и девојки од редовите на македонските бегалци во Бугарија. Во почетокот е раководен од Олга Радева. Имал филијали и друштва во градовите и селата во Пиринскиот дел на Македонија. Отворал кујни за… Continue reading МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ СОЈУЗ

МАКЕДОНСКИ ЖУРНАЛ ЗА РЕПРОДУКЦИЈА

МАКЕДОНСКИ ЖУРНАЛ ЗА РЕПРОДУКЦИЈА . “ (МАЦЕДОНИАН ЈОУРНАЛ ОФ РЕПРОДУЦТИОН) – меѓународно научнални трудови, апстракти, како и ревии и биографии за морфологијата, физиологијата, биохемијата, патологијата и биохемијата на репродукцијата кај животните и кај човекот. Првиот број е објавен во април 1995 г. М. Д. – Ј. Б.

МАКЕДОНСКИ ЗБОР

МАКЕДОНСКИ ЗБОР“ (Детроит, САД, 1.Ⅷ 1977 –Ⅸ 1991) – орган на Македонскиот културен центар „Илинден“. Првиот број, објавен на 1. Ⅷ 1977 г., печатен на македонски со латиница, е посветен на 74-годишнината од Илинденското востание и 33-годишнината од конституирањето на македонската држава. Издавани се по десетина броеви годишно. Прво македонско списание на македонски јазик во… Continue reading МАКЕДОНСКИ ЗБОР

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – списание

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“ – годишно списание што од 1950 г. првин излегува како Билтен на Катедрата за јужнословенски јазици на Филозофскиот факултет, а од 1954 г. е орган на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Најновиот број е од год. ЛВИИ. Во објавените прилози од домашни и од странски автори се обработуваат теми од… Continue reading МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – списание

МАКЕДОНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКИ КЛУБ (со читалиште) во Белград – асоцијација на македонските студенти, емигранти и печалбари во Србија (1901–1902). Според основачите, Македонците „уште пред издавањето на в. ,Балкански гласник‘ се обидоа во форма на литературен клуб да основат кружок што би имал цел да ја обедини во едно цело македонската интелигенција во Србија, без разлика на убедувањата,… Continue reading МАКЕДОНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКИ КЛУБ (со читалиште) во Белград – асоцијација на македонските студенти, емигранти и печалбари во Србија (1901–1902). Според основачите, Македонците „уште пред издавањето на в. ,Балкански гласник‘ се обидоа во форма на литературен клуб да основат кружок што би имал цел да ја обедини во едно цело македонската интелигенција во Србија, без разлика на убедувањата,… Continue reading МАКЕДОНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКИ КЛУБ (Белград, 1905) – асоцијација на македонските емигранти и печалбари во Србија што претставува всушност обновување на забранетиот таков клуб од пред три години. Главни обновувачи се воденчанецот Григорие Хаџиташковиќ и гевгеличанецот Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ, предводници на „автономистичкото движење“ во Србија. Орган на Клубот е в. „Автономна Македонија“, со концепција за автономна македонска држава, под… Continue reading МАКЕДОНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКИ КЛУБ (Белград, 1905) – асоцијација на македонските емигранти и печалбари во Србија што претставува всушност обновување на забранетиот таков клуб од пред три години. Главни обновувачи се воденчанецот Григорие Хаџиташковиќ и гевгеличанецот Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ, предводници на „автономистичкото движење“ во Србија. Орган на Клубот е в. „Автономна Македонија“, со концепција за автономна македонска држава, под… Continue reading МАКЕДОНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ во Атина

МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ во Атина (1904–1908) – раководен од Димитрис Калапотакис, сопственик на в. „Емброс“. Во Комитетот влегле поранешни членови на „Етники етерија“ и претставници на грчката држава. Комитетот дејствувал по директиви од грчката Влада, преку Конзулатот во Солун. Организирал разгранета информативна мрежа и непосредно ги раководел акциите на грчките вооружени чети во југозападниот дел од… Continue reading МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ во Атина

МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА ГОЛЕМИ ЕЛЕКТРИЧНИ СИСТЕМИ

МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА ГОЛЕМИ ЕЛЕКТРИЧНИ СИСТЕМИ (МАКО СИГРЕ) – член на Меѓународната конференција за големи електрични системи (Цонференце Интернатионале дес Грандс Ресеауџ Елецтриљуес а Хауте Тенсион – ЦИГРЕ – Парис). Тој е формиран во 1994 г. Во опсегот на работата се техничките проблеми од подрачјето на производството, преносот и дистрибуцијата на електричната енергија, како и… Continue reading МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА ГОЛЕМИ ЕЛЕКТРИЧНИ СИСТЕМИ

МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (Торонто, Канада, 8. Ⅷ 1986 >) – формиран од група Македонци активисти за човекови права. Комитетот развива широка активност на меѓународен план со барања за почитување на човековите права на Македонците во Егејскиот дел на Македонија, а во прв ред за признавање на македонското национално малцинство во Грција и во… Continue reading МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС (Женева, швајцарија, почетокот на 1899 – 1900) – конгрес на кој бил формиран Централен македонски комитет, по иницијатива на Ѓорѓи Капчев (од Охрид), со цел да ги обедини Македонците во швајцарија организирани во друштва, да подготви одржување Македонски општ конгрес и како постојано претставничко тело да го актуализира македонското прашање пред европските големи… Continue reading МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС (Женева, швајцарија, почетокот на 1899 – 1900) – конгрес на кој бил формиран Централен македонски комитет, по иницијатива на Ѓорѓи Капчев (од Охрид), со цел да ги обедини Македонците во швајцарија организирани во друштва, да подготви одржување Македонски општ конгрес и како постојано претставничко тело да го актуализира македонското прашање пред европските големи… Continue reading МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК & современата јазична норма на македонскиот стандард што има континуирана милениумска историја, со две глобални етапи. Основата е поставена со кирило-методиевската писмена нор-ма врз основа на солунскиот македонски говор, настаната во половината на Ⅸ в., приложена во Македонија од светите Климент и Наум како словенски писмен норматив, која по ⅩⅠⅠ в. преминува… Continue reading МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК ВО СОФИЈА

МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК ВО СОФИЈА (МЛК) (1936–1942) – најзначајната македонска културно-литературна и национално-политичка асоцијација во периодот меѓу двете светски војни и верен следбеник и продолжувач на делото на Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург. Историски се појавува и се развива во три последователни фази и во три организациони форми. Првин, по иницијатива на Митко Зафировски, на… Continue reading МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК ВО СОФИЈА

МАКЕДОНСКИ МЕДИЦИНСКИ ПРЕГЛЕД

МАКЕДОНСКИ МЕДИЦИНСКИ ПРЕГЛЕД“ (ММП) – медицинско стручно-научно списание што го издава МЛД, како национална медицинска ревија. Првиот број е отпечатен во јули 1946 г. Прв главен и одговорен уредник бил д-р Х. Манчев. Списанието објавува стручни и научни трудови на македонските лекари. Се печати квартално, како двоброј, во 1000 примероци на македонски јазик со резимеа… Continue reading МАКЕДОНСКИ МЕДИЦИНСКИ ПРЕГЛЕД

МАКЕДОНСКИ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ во Бугарија

МАКЕДОНСКИ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ во Бугарија (1923–1934 г.) – организација на младинци-бегалци од Македонија. По иницијатива на Варненското друштво во Варна бил формиран Сојуз што обединувал 11 младински друштва. Во тоа време сојуз бил основан и во Пловдив. Во октомври 1923 г., на Конгресот во Русе, двата сојуза се обединиле во Македонски младински сојуз, во кој… Continue reading МАКЕДОНСКИ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ во Бугарија