МИШКОВСКИ, Андреја Ѓорѓиев (Куманово, 17. Ⅶ 1932 – Скопје, 20. Ⅷ 1998) – хирург по пластична и реконструктивна хирургија. Мед. ф. завршил во Скопје (1958), специјализирал пластична и реконструктивна хирургија во Белград и во Солзбери, Англија (1972). Ги вовел методите на современата пластична хирургија и ја изведува првата реплантација на ампутирана подлактица (1976). Бил директор… Continue reading МИШКОВСКИ, Андреја Ѓорѓиев
Tag: М
МЈАКУ, Бајруш
МЈАКУ, Бајруш (21. И 1952) – актер. Дипломирал на отсекот за актерска игра на Високата педагошка школа во Приштина (1973). Од и.г. е член на Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје. Бил и директор на истата драма. Улоги: Бајруш Мјаку Митруш („Наследници“); Велко („Вејка на ветрот“); Баал; Крал Лир во истоимените дела; Астров… Continue reading МЈАКУ, Бајруш
МЛАД БОРЕЦ
„МЛАД БОРЕЦ“ – прв весник на македонски јазик во периодот на НОБ. Орган на НОМСМ (Народноослободителен младински сојуз на Македонија), се појавил на 22 март 1944 г. на слободната територија на Козјак, Кумановско. Решението за неговото издавање било донесено на И конгрес на НОМС на 22 декември 1943 г. во Фуштани, Егејскиот дел на Македонија.… Continue reading МЛАД БОРЕЦ
МЛАДА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА во Софија
МЛАДА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА во Софија (1891–1892) – една од најзначајните литературно-културни и национално-политички асоцијации на Македонците во ⅩⅠⅩ в.. Формирана како „Дружба“ кон крајот на 1890 г. од млади македонски интелектуалци (главно студенти), бивши бегалци од егзархиските училишта во Македонија и од српските школи во Белград (Д. Груев, П. Попарсов, Д. Мирчев, Н. Наумов,… Continue reading МЛАДА МАКЕДОНСКА КНИЖОВНА ДРУЖИНА во Софија
МЛАДЕНОВ, Михаил
МЛАДЕНОВ, Михаил (Тетово, ? – затворот Дијарбекир, Турција, 1906) – истакнат член на ТМОРО. Бил директор на тетовската прогимназија. Во времето на тетовските провали (1905), пренесувајќи бомби за една од четите, бил уапсен и осуден на 101 година затвор, каде што и починал. ЛИТ: Б. Светозаревиќ, Тетово и Тетовско во илинденскиот период 1895–1905, Скопје, 2003;… Continue reading МЛАДЕНОВ, Михаил
МЛАДЕНОВ, Никола
МЛАДЕНОВ, Никола (Скопје, 10. Ⅲ 1964) – новинар што се афирмира во периодот на распаѓањето на СФРЈ (1988–1991) како главен и одговорен уредник на „Млад борец“, орган на ССММ, кој ги отвори своите страници за теми и личности што биле на неформалната „црна листа“ во македонското новинарство. Раскрстувањето со автоцензурата во медиумите и отвореното соочување… Continue reading МЛАДЕНОВ, Никола
МЛАДЕНОВСКИ, Ѓорѓе
МЛАДЕНОВСКИ, Ѓорѓе (с. Враготурце, Кумановско, 11. Ⅺ 1947) – социолог, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје по културна антропологија и социологија. Основно образование и гимназија завршил во Куманово, а дипломирал на Филозофскиот факултет (Група за филозофија) во Скопје (1971). По вработувањето на Филозофскиот факултет (1972) бил ангажиран во наставата на Институтот за социологија од… Continue reading МЛАДЕНОВСКИ, Ѓорѓе
МЛАДЕНОВСКИ, Симо
МЛАДЕНОВСКИ, Симо (с. Враготурце, Кумановско, 28. Ⅷ 1947) – историчар, фолклорист и писател за деца; научен советник (1990) и редовен професор (1999) по помошни историски науки и методологија на научното истражување и раководител на Одделението за периодот меѓу двете светски војни во ИНИ. Завршил Учителска школа и Филозофски факултет (група Историја) во Скопје, каде што… Continue reading МЛАДЕНОВСКИ, Симо
МЛАДЕНЦИ
МЛАДЕНЦИ (СВЕТИ ЧЕТИРИЕСЕТ МАЧЕНИЦИ) – христијански православен празник на пролетта во чест на споменот на „Четириесетте маченици“, детаљ, Галерија на икони, Охрид (Ⅺ в.) четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале за христовата вера (22 /9 март). Се празнува како ден на младоста, љубовта и убавината. Во македонските обичаи и верувања често е присутен бројот… Continue reading МЛАДЕНЦИ
МЛАДИНИЌ, Иво
МЛАДИНИЌ, Иво (Брач, Хрватска, 1925 – Сплит, Хрватска 9. ⅩⅠⅠ 2003) – хирург, основоположник на современата Воена хирургија во новата ВБ во Скопје изградена по земјотресот. Бил началник на Хируршкото одделение и зам. управник на ВБ, каде што успеал да формира комплетно нов хируршки тим и да организира модерна и современа хирургија. Заминал од Скопје… Continue reading МЛАДИНИЌ, Иво
МЛАДИНСКА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА ДИМИТАР ВЛАХОВ
МЛАДО НАГОРИЧАНЕ
МЛАДО НАГОРИЧАНЕ – село североисточно од Куманово. По преданието имало 40 цркви, од кои се утврдени 12. Внимание привлекуваат: „Св. Ѓорѓи Победоносец“ од втората половина на ⅩⅤⅠ в., „Св. Петка“ од 1628 г., „Св. Никола“ (реставрирана во 1931 г., денес во урнатини) и цркви во урнатини: „Св. Спас“, „Св. Врачи“, „Св. Архангели“ и „Св. Богородица“.… Continue reading МЛАДО НАГОРИЧАНЕ
МЛАДОСТ
„МЛАДОСТ“ – лачна бетонска брана висока 27 м, лоцирана на реката Отовица, кај Велес, во круната долга 73 м, со волумен на тело3 то од 2.560 м , затвора акумулаци3 ја од 8 милиони м, што се користи за наводнување на околните земјоделски површини. Во средишниот дел е изведен слободен прелив за евакуација на големи… Continue reading МЛАДОСТ
МЛАДОСТ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
МЛАДОТУРСКА РЕВОЛУЦИЈА
МЛАДОТУРСКА РЕВОЛУЦИЈА (1908) – воен државен преврат извршен од интелектуални, воени и буржоаски сили во османлиската држава (главно во Македонија, како акција за спречување на автономијата на оваа турска про-Манифестација во Битола по повод Младотурската револуција (1908) винција по средбата на суверените на Русија и Англија) за воспоставување уставен систем во земјата. Младотурците ја формирале… Continue reading МЛАДОТУРСКА РЕВОЛУЦИЈА
МНЛД
,МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО С.-ПЕТЕРБУРГ – најзначајната македонска национална и научно-културна асоцијација во периодот до Ослободувањето, што се зема и како историска основа на МАНУ. Основано на 28. Х 1902 г. во С.-Петербург од 19 потписници од сите краишта на Македонија (К. Мисирков, Д. Чуповски, Г. Константинович, Д. Мишајков, С. Дедов, М. Стоилов и др.).… Continue reading МНЛД
МНОГУНОГИ
МНОГУНОГИ – СТОНОГАЛКИ (Мѕриапода) – членконоги организми. Телото им е поделено на глава и труп, кој е составен од голем број сегменти. Од секој сегмент излегува по еден пар нозе што даваат изглед на илјаданожни животни (мѕриа гр. = илјада). Тие се исклучиво ноќни копнени животни. Во Македонија се среќаваат 72 таксона (71 вид и… Continue reading МНОГУНОГИ
МНОЗИНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
МНОЗИНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ – облик на мнозинско одлучување. Мнозинското одлучување може да биде релативно (мнозинство гласови од предвидениот кворум), апсолутно (еден глас повеќе од половината избрани членови на органот) или квалификувано мнозинство на гласови од вкупниот број на избрани лица (на пр. 2/3, 3/5, 3/4). Владеењето на мнозинството е демократски облик на одлучување, бидејќи… Continue reading МНОЗИНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
МОБИМАК , АД
„МОБИМАК“, АД – прв и водечки телефонски мобилен оператор во Македонија, основан во октомври 1996 г. како дел од А.Д. „Македонски телекомуникации“, а како одделно правно лице опстојува од јуни 2001 г. „Мобимак“ А.Д. е една од најпрофитабилните компании во Македонија и во регионот, со покриеност на територијата од 95% и на населението со 99,9%.… Continue reading МОБИМАК , АД
МОГИЛА
МОГИЛА – село во Битолско. Се наоѓа во западниот дел на Битолско Поле, од десната страна на р. шемница, на надморска висина од околу 580 м. Преку магистралниот пат М–5 на југ е поврзано со Битола, а на север со Прилеп. Од западната страна на М. поминува железничката линија Прилеп– Битола. Тоа е населено со… Continue reading МОГИЛА
МОГИЛЧЕТО ДИМКО
МОГИЛЧЕТО ДИМКО – Сараванов-Могилчето, Димко Илиев.
МОДЕРНИЗАМ ВО АРХИТЕКТУРАТА
МОДЕРНИЗАМ ВО АРХИТЕКТУРАТА – еден од највлијателните стилски обрасци во архитектурата во Македонија во периодот меѓу двете светски војни (19191940), создаден под влијание на европскиот модернизам. Негови претставници биле од првите генерации школувани архитекти. Базиран е на определбите на функционализмот и конструктивизмот, кои вклучуваат и елементи од затворените европски стилски формации. Оваа стилска определба ќе… Continue reading МОДЕРНИЗАМ ВО АРХИТЕКТУРАТА
МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНДУСТРИЈАТА
МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНДУСТРИЈАТА – осовременување на индустријата како дејност (сектор) со клучно значење во економијата. Процесот на транзиција во РМ ја наметна потребата од нов развоен циклус, со кој ќе се заживее и ќе се реконструира индустријата. Оваа потреба се надоврза на нејзиното производно и сопственичко преструктурирање и се огледа во воведувањето нова техника и… Continue reading МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНДУСТРИЈАТА
МОДРИЧКИ МАНАСТИР
МОДРИЧКИ МАНАСТИР – в. „Св. Богородица“.